Фељтон

Балканот, потекло и значење во раѓањето на европската цивилизација (49)

macedonian-empire

macedonian-empire

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Истражувањата на праисториските архетипски и културно-историски манифестации на човечкиот дух, на просторите на Средно Подунавје, Панонија и Србија, востановиле дека покрај арехеолошките наоди на умет-носта во Лепенски Вир, од VIII милениум, постојат и други многубројни оригинални содржини. Тие се со лингвистички, митолошки, религиски и етнолошки ка-рактер.

Пред сè, во ономастиката на овие простори, утврдени се имињата на реките, речните острови, ридовите, пределите и градовите кои можат да се преведат со старогрчки јазик, кој припаѓа на палеобалканската глосологија од семејството на индоевропските јазици. Од содржината на имињата и структурата на ономастиката, може да са востанови дека тие претставуваат алегорија на сиот митолошки систем од Хесиодовата козмогонија и теогонијата на Олимпискиот Пантеон и Хомеровиот еп Илијада.

Научниците досега се обидувале да ја проучат и реконструираат грчката митологија само посредно, и тоа на основа на три различни извори: митолошко-историски, литературни и археолошки. Автентичноста и изворниот матерјал, како „жив мит“ за олимписките богови и божици не се утврдени, па така дошло да се прифатат приказните во „редакција“ на најстарите сведоци на грчката митологија, Хомер, Хесиод и подоц-нежните поети, ликовни уметници и митографи.

Према Херодот (II, 53), „поетите Хомер и Хесиод, на Елините први ја создале приказната за настанокот на боговите, им дале имиња, ги објасниле божествените почести и вештини и ги опишале нивните ликови“. Во понатамошниот текст пишува дека поетите велат дека сите тие приказни им ги подариле музите, убавите ќерки на реката на сеќавањето, кои ги инспирирале поетите да кажуваат за минатото, сегашноста и иднината. Во понатамошната расправа, Херодот го истакнува своето мислење дека поетите Хомер и Хесиод, за кои се раскажува дека живееле пред овие овие приказни, всушност живееле по нив. Тоа значи дека приказните за боговите на Олимп постоеле пред нив.

planinata-olimp
Планината Олимп

Према многу истражувања, поетот Хомер живеел меѓу IX-VIII век п.н.е. во Мала Азија, во близина на Смирна, додека Хесоид во VIII век п.н.е. Додека за животот на Хомер податоците се оскудни, главните и најсигурни податоци за животот на Хесоид се наоѓаат претежно во неговите сочувани песни Теогонија и Работите и деновите. Од овие творби се дознава дека таткото на Хесиод се викал Дијо, живеел во малоазиската Киме, каде што живееле еолските доселеници. Се занимавал со поморска трговија. Бегајќи од сиромаштијата се населил во континенталниот дел на Грција, во Беотија, во бедното село Аскра, меѓу Орхомена и Теспија, каде се родил Хесиод.

Во беотскиот и тесалскиот Орхомен живееле носители на „димина културата“, Минијци од Подунавје, чија култура под името „минијска“, го достигнала својот зенит во 1400 година п.н.е. Нешто посеверно од еолската (тесалиска) рамница, покрај Минијците живееле нивни сродни племиња од Подунавје, Лапити, Тирои, Флегеи и други, под заеднички етноним Еолци. Према Томсон (1954, 124/5, 133/4, 183/4, 285, 387), сите овие подунавски племиња мигрирале од север, од Панонија долж реката Вардар, до македонските Пиерија и Олимп. Тие на просторите на Елада, и тоа во Тесалија, Беотија, Атика, на Пелопонез и Крит, ги внеле меѓу староседелците Пелазги, Лелеги, Криќани и Јони, својот јазик, верата, митовите, боговите, легендите, обичаите и начинот на живот.

Освен тоа, тие од својот роден крај, ги внеле епските песни во вид на рапсодии (од распо, да сошие, да сложи, да сонува, смислува и ода, песна, пеење). Ова го потврдува и Papastavrou (1972, 62), кој истакнува дека рапсодиите пред Хомер, живееле во Тесалија и во соседните области во Беотија. Заради тоа и нивните бо-гови потекнуваат од Тесалија , а нивното седиште е Олимп. При миграцијата на Дорците, како нов народ од северозападен Балкан во Епир и Тесалија и бегството на Еолците од Тесалија, во 1124 години п.н.е., и нивната преселба на северозападните брегови на Мала Азија, каде е формирана малоазиска Еолија, се преселиле и рапсодиите со своите песни и традицијата. Тоа го потврдуваат и историските факти дека некои населби во Анадолија добиваат имиња на старите племиња и места во Тесалија, на пример Олимп, Лариса, Магнезија и други, па и сета нивна татковина е наречена Еолија.

aleksandar-makedonski-knigi

Главни доживувања на тие жители, во почетокот биле борбите со анадолските господари, Фрижани, Мишани и Ликијци. Спомените за тие борби сè повеќе добивале митско обележје и дале централен мотив по кои ги при-фатиле и митовите донесени од првобитната татковина Панонија, преку Тесалија. Значи. во новите услови на борба за опстанок на доселениците, во поетска сила придодадени се и херојски содржини од Тројанската војна 1193 години п.н.е., во која учествувале и Минијците, Лапитите, Тироите од Тесалија, Беотија, Месенија и други потомци на Подунавјето од цела Елада. Сепак, најголем поетски квалитет од сите создавачи на рапсодиите се смета дека дал Хомер кој ја испеал Илијада и кој на целиот поетски опус му обезбедил завршен облик.

Рапсодиите продолжиле со ширењето, сега преку Хомеровите епопеи, натпреварувајќи се во рецитирање, при свечени собири, кои во почетокот биле приредувани на приватна иницијатива, а подоцна државата ги зема во свои раце.

Околу „Хомеровиот проблем“ постојат многубројни прашања и тоа пред сè околу староста, односно епохата на претставување на авторите на делата и местото на раѓање. Према исторографијата, Хомер е роден во Смирна, во Колофон или на островот Хији. Меѓутоа, постојат индиции дека тој е роден во Бабилон под името Тигран и дека е предаден како заложник (хомер, основа, ap,  залог). По друго предание, Хомер значи слеп.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top