Фељтон

Македонија „живиот мит“ на Балканот (50)

makedonija-e-se

makedonija-e-se

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Илијада е создадена пред „архајскиот“ период кој почнува во околу 751 година п.н.е. со големата елинска колонизација на соседните брегови. Ако во Илијада нешто е историско, тогаш тоа би можеле да бидат борбите на тесалските иселеници, пред сè Минијците, Лапитите, Тироите и Ахеите, т.е. Еолците, со старото население во Анадолското Приморје. Водачот на таа борба го претставува Ахил, а бидејќи неговиот народ се вика Мирмидони или Ахеи истотака се викаат и Елините под Троја.

Како пофален еп, Илијада е претставена во подоцнешните етапи, во дворовите и градовите на Јонија, каде кралеви биле Кодриди. Таа е прилагодена пред сè на идеалите на аристократијата, со содржини како што се витештво, борбен дух, херојски ликови, освојувачки тежнеења, митови итн. Речиси сите итражувачи на „хомеровото прашање“ велат дека постои мешавина на разни епохи, каде борците користат камени, бронзени, па дури и железни оружја, мешавина од митови, историја и фолклор, богови и херои и слично.

Меѓутоа, едно е мислењето за двата епа на Хомер дека јазикот им е ист и дека нивните богови се исти. Према Kretschmer (1924) и Mpampiniotis (1986), творбите на Хомер се создавани на еолско-јонски јазик со атички (лапитски) неотеризми (Škokljev & Škokljev, 1998). Тие се создадени во областите Смирна и Хија, од поети кои дошле од Тесалија, Беотија и Пелопонез (Tomson, 1954, 390). Во еволуцијата на развојот на митот за Троја, се разликуваат три периоди: тесалски, носители се иселеницете од Панонија, пелопонезиски, творци се Нелеидите и Тироите и најнакрај, анадолско-јонски, каде се сретнуваат Еолци од Тесалија, иселеници од Пелопонез и Јонци. Давајќи им дефинитивен облик на своите дела, Хомер станал, како што вели Платон, не само воспитувач на Елините, туку и нивен идеален обединувач.

Што се однесува до стихот на Хомер, најстариот стих на античката поезија, како пронаоѓачи се сметале Панонците, т.е. Хиперборејците (Македонци). Према Pausaniјa (X, 5 и 7) тоа се Олен, Орфеј и Феменоја, „…Олен прв почнал да ја претскажува и опејува во хексиметар…“ (во пророштвото на Аполон во Делфи).

makedonija-e-se-2

Во понатамошниот текст на Pausanijа, цитирајќи стихови на Беј вели: „Овде пророштвото, што добро се сеќава на сè, го основале Хиперборејците Пагаз и восхитувач-киот Агијеј“. Набројувајќи и други Хиперборејци, на крајот на химната на Беј го споменува Олен

„И Олен, кој прв во Феба станал пророк

Па од стиховите стари состави песнички први“.

Орфеј син на Еагар, бил најпознат митски пејач, свирач и поет, крал на Македонија и Тракија и според Diodor Sic (I,69 и понатаму), го сметале за прона-оѓач на азбуката.

Феменоја била ќерка на Аполон, прва пророчица (Питија) во светилиштето на Аполон во делги. Таа прорекувала во хексиметар. Нејзе ѝ се припишува изреката „запознај се самиот себе“.

Додека во Мала Азија се создавани Хомеровите епови, Хесиодовите епови имаат беотски облик и содржина, со хорска поезија од Орхомен (Thomson, 1954, 425), што значи дека тие се од минијско потекло. Од досегашните истражувања, произлегува дека приказните за боговите и хероите ги создале Бореите, хиперборејски народи или Дануните, создавачи на културата на Лепенски Вир, Македонија, Старчево и Винча, односно „Стара Европа“. Тоа биле Минијците (Миничево), Лапитите (Лапово), Тироите (Сираково), Флегијците (Пожаревчани), Мосиниките (Мосна), Мизи или Мионците (Мионица), Македонците и други.

При својата миграција, во праисторискиот период, од панонското Подунавје на југ, исток и запад, тие покрај архетипските облици со богата археолошка материјална култура (керамика, „мегарони“, трезори), ги оставиле и своите етноними, кои и денес се присутни во топонимите на Централниот Балкан. Покрај тоа, како резултат на интеракцијата на нивниот дух со природното опкружување (Панонско Море-Карати, Дунав-Ѓердап), создадена е мисловна слика за раѓањето на вселената и свеста, која со набљудувања тежнееле да ги објасни на свој начин тајните на природата, животот и смртта. Од овој феномен на духовната манифестација на човечкиот ум, создадени се современата космогонија и теогонија. Создадена е оригинална, автотехна и единствена митологија, религија и култови кои претставуваат археотипска европска филозофија, праисторија и лингвистика.

Филозофските манифестации биле во облик на приказни. Тие се пренесувани од генерација на генерација низ милениумите и вековите, исклучиво со усно предавање и слободно кажување. Кога приказните биле дополнувани према нивниот амбиент и во нови општествено-историски услови, покрај традиционалните приказни од митолошката космогонија и теогонија, се јавуваат приказни и легенди за хероите.

Према тоа, Хомер и Хесоид не им ги создале на Грците боговите и пантеистичката религија, како што тврди Херодот (II, 53), туку сите овие оригинални и традиционални приказни им ги подариле централно-балканските доселеници, а не музите, убавите ќерки на реката на сеќавањето. Значи, Хомер и Хесоид не се автори на митот, туку регистратори, забележувачи и собирачи на митолошкиот матерјал, во што вложиле голем труд.

makedonija-vo-anticko-vreme

Ако се спореди архетипичноста на панонската „лепенска“ митологија, наречена елинска, со другите стари митологии во светот, и тоа пред сè со вавилонската и египетската, кои се независни од неа, потоа со еврејската, која се развивала под влијание на балканско-лепенската и своето влијание го пренела на сите помлади европски митологии, може да се утврди дека оваа митоло-гија е пооригинална и постара, односно архетипска.

Покрај тоа, таа истовремено била усмена, т.е. народна литература, која генијално ја синтетизирале Хомер, Хесоид, Еврипид во Македонија и многу други. Тие пред себе немале модел, слични дела од Азија и Египет, кога ги создавале своите дела, иако во нив не се крие само мит туку и некои историски вистини, кои се покриени со густ превез на поетската фантазија. Потребни се понатамошни истражувања и информации во овој правец, за да се потполнат нашите сознанија и свест (постои колективна несвесност) за долгот кон нивните создавачи или кон наследството и заветот кои ни го оставиле нам, а тоа е дека раѓањето на европската цивилизација било на овие простори. Со ова се отстранува пореметената слика за хиерархијата на изворната европска духовна вредност, а народите на Балканот повеќе ги поврзува и приближува. Ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав во Панонија е најдобар изворен матерјал за изучување на Македонија како „жив мит“ на Балканот.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top