Фељтон

Хронологија на важни настани од историјата на Македонија (1)

hronologija1

hronologija1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Околу  250 000 п.н.е фосилот homo erectus кој е откриен во Патралони во Халкидика крај   Солун.

Околу  10 000 п. н.е. завршува последниот леден период на Балканот.

Околу  7 000 п.н.е. први населби од типот tell, од земјени тули, крај Солун. Првото земјоделие од Егеј преку Вардар и долж Дунав се шири низ Европа.

Култот на Лепенски Вир. Палеографизми.

Околу  6 000 п.н.е. траги на човечката култура од теракоти по течението на реките Вардар, Бистрица, Црна, Брегалница…

Околу  5 500-3 500 п.н.е. неолитска населба во с. Дупјак, на бреговите на Костурското Езеро, во Западна Македонија. Првите палеографизми.

Македонците се населуваат на бреговите на Бистрица.

Околу 3 500 п.н.е. преселба на Пелазгите преку М. Азија на балканските простори во Пелазгија.

3 500- 2 500 п.н.е. културата на Димините во Магнезија (македонско племе) и минијската керамика.

Подунавци (Минијци, Лапити, Тирои, Флегејци во Еолија) (Тесалија).

2 300 п.н.е. Македонската митска династија Македон, на Озирис и македонската митска династија на синот на Зевс Македон.

2 100-1 900 п.н.е. Културата на Арменохори (Рупиште), Peлагонија и средна Тесалија.

Околу 1 600 п.н.е. Преселбата на Ахејците (подоцна Елини) во тесалска Фтиотида, подоцна и во Ахаја на Пелопонез под водство на Пелоп и во Мала Азија.

1 700 п.н.е. Линеарното писмо А во „егејската“ култура.

1 500-1 200 п.н.е. Линеарното писмо Б на Крит, во Микена и Пил.

Околу 1 450 п.н.е Основање на Микена.

Околу 1 350 п.н.е. Македонската митска династија на

Македон по Хесиод.

1 313 п.н.е.Оснивање на Теба од Кадма од Феникија.

Пренос на феникиското писмо.

1 294 п.н.е. Кралевите на Македонија: Пиер, А(Е)матија и Пинд.

1 248 п.н.е. Орфеј-крал на Македонија, пронаоѓач на азбуката.

1 225 п.н.е. Мид, крал на Македонија.

1225 п.н.е  Походот на Аргонаутите, Минијците и другите Еолци.

1 213 п.н.е. „Војната на Седуммината против Теба“.

1 200 п.н.е. Големата преселба на народите на Балканот (Илирите, Дорците, Епирите). „Народи од морето“.

Преселбата на Бригите, Стримоните и Битините од Балканот во Мала Азија. Македонија слободна Преселба на Беотите од Пинд во Беотија и Теспрочаните во Тесалија. Крунисувањето на Агамемнон.

1 200 (1193)  Тројанската војна.

1 190 (1183)  Пропаста на Троја.

XI век п.н.е.  Аиг(е)аи-Вергина најстара македонска   

кралса некропола со гробници.

1 124 п.н.е.  Егзодусот на Ахејците (Елините) од Тесалија во Малоазиска Еолија.

1 120 п.н.е.  Дорците го населуваат поголемиот дел од Тесалија. Егзодусот на Еолците.

1104 п.н.е.  Дорците со помош на Македонците го Освојуваат Пелопонез.

Егзодусот на Ахејците од Пелопонез во  Малоазиска Еолија.

1068 или 1050 п.н.е Дорците ја напаѓаат Атина.

1044 п.н.е.  Егзодусот на Јонците од Елада во Malоазиска Јонија.

XI-VII век п.н.е.  Мрачен историски период.

776 п.н.е.  Првите Олимписки игри-обновување.

750 п.н.е.  Хомер.

700 п.н.е.  Хесиод.

700 п.н.е.  Пердика I од Орестида (Argos Orestikon-Рупиште, Костурско) во Западна Македонија, основач на историската македонска династија Аргеада. Еге (Aigi) прва престолнина на Македонија.

500 п.н.е.  Кралот Алкета I ги проширува границите на Македонија.

540-495 п.н.е.  Кралот Аминта I вазал на Персија.

495-452 п.н.е.  Кралот Александар I прв организатор на пешадија и коњаница во Македонија и учесник на Олимписките игри.

480 п.н.е.  Македонците учесници во борбите кај Саламина на страна на Елините.

479 п.н.е.  Македонците им помагаат на Елините во борбите кај Платеја.

429 п.н.е. Кралот Пердика II го победува кралот на Тракија Салтика.Хипокрит, татко на медицината го лечи македонскиот крал.

413-399 п.н.е.  Кралот Архелај ја основа Пела, како нова престолниа на Македонија. Гради патишта и ги обликува внатрешната и меѓународната политика на Македонија. „Златниот период“ на македонската култура и уметност. Обликување на македонскиот јазик.

384 п.н.е.  Раѓањето на Аристотел, Македонец, великан на светските мисла и ум, воспитувач на Александар Македонски и неговата генерација идни државници и војсководци на светот.

359-336 п.н.е. Филип II крал на кралевите и почеток на „македонистичкиот“ период во светот.

358 п.н.е  Филиповата победа над Илирите.

356 п.н.е.  Раѓањето на Александар III Македонски во Пела.

350 п.н.е.  Реката Нест источна граница на Македонија.

349-348 п.н.е. Халкидика во границите на Македонија.

342-340 п.н.е.  Македонија ги шири своите граници кон Тракија.

338 (2 август) п.н.е.  Македонците ги победуваат Атињаните кај Хајронија и ја освојуваат континентална Елада.

337 п.н.е  Мултилатерална конференција на Македонците и Грците и создавање на Македонско-грчката конфедерација. Коринтска лига.

336 п.н.е.  Убиството на Филип II.

336 п.н.е.  Александар III Македонски, крал на Македонија.

336 п.н.е.  Македонците господари на Балканот (борби со Трибалите, Гетите, Илирите и Тебанците).

335 п.н.е.  Македонскиот јазик во светската дипломатија.

335 п.н.е. Походот на Александар III Македонски на Исток.

334 п.н.е.  Победа на македонската војска над Пerсијците кај р.Граник.

334 п.н.е  Победа на Македонците кај р.Ис најголема војничка победа во тогашниот свет.

332 п.н.е.  Македонците го освојуваат Египет.

331 п.н.е.  во Оаза Силва Александар III Македонски промовиран за фараон. Основање на Александрија на Нил.

331 п.н.е.  Големата победа на македонската армија во Гавгамел и освојување на Вавилон.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top