Фељтон

Кирилометодиевската традиција во Македонија

kim6-1

kim6-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – 6

Најраната дејност на светите Кирил и Методиј во Македонија би требало да се бара во времето пред изведувањето на Моравската мисија. Во славистиката е познато дека Методиј управувал во една словенска област. Меѓу убедливите докажувања каде се наоѓала таа област, мошне показателни се и укажувањата за неговото дејствување во Македонија, лри што посебно се подвлекува Струмичката област, како и Брегалничкиот регион. Во врска со оваа дејност на младиот и снажен Методиј се споменува посебно неговиот труп„3акон суднци модем”составен насловенски (старомакедонски) јазик. Во славистиката мошне убедливи документи во прилог на ваквото тврдење изнесе С. Троицки, истакнувајќи ја македонската теорија како место каде што настанало ова дело, составено со грчки алфавит, наспроти панонската и бугарската теорија.

Во развојннот период на славистичката наука, особено во периодот на активноста на Копитар и Миклошич, била афирмирана панонската теорија, којашто главно се базирала врз основа на бројните моравизми и панонизми што се среќавале во најстарите словенски ракописм. Со истражувањата на В. Јагиќ, и потоа на В. Облак убедливо предимство и’ било дадено на македонската теорија, според која во основата на старословенскиот јазик, издигнат од браќата св. Кирил и Методиј на ниво на литературен јазик, влегол говорот на македонските Словени од околината на Солун. Во селата Сухо, Зарова и Висока биле пронајдени остатоци од назалниот изговор на носовките, како и многу други старм црти, карактеристични за споменатиот старомакедонски  јазик. Со ваква македонска основа, старословенскиот јазик ја одиграл она спонтана обединувачка улога меѓу Словените, кои во тој стадиум од развитокот, речиси подеднакво го разбирале тој јазик.

На овој јазик биле преведени од грчки јазик најнужните црковни дела неопходни за изведување на Моравската мисија. Од 863 година отпочнало активното одвивање на Моравската мисија, кога преведувачката работа на браќата Солунчани продолжила, исто така интензивно. Со проширувањето на првите словенски преводи и со афирмацијата на писмениот словенски јазик доаѓало и до интензивирање на македонските дијалекти, вткаени во општата основа на литературниот јазик.

Во 885 година, со смртта на Методиј, беше означен крајот на Моравската мисија. Непријателите на словенската култура и самостојност мошне сурово и нечовечки започнале да се однесуваат кон учениците на Кирил и Методиј, грижливо и систематски подучувани со години, првин од двајцата браќа, а потоа само од Методиј, кој по смртта на Кирил во 869 година самиот го понел тешкиот  товар на мисијата. Својот наследник, учениот Моравец Горазд Методиј го избрал за време на животот. Тој, како исите кирилометодиеви ученици бил измачуван и протеран од Моравија и Панонија. Едни од нив, можеби највредните, Климент и Наум Охридски со група други учениии преку Белград стигнале во Бугарија, каде што кнезот Борис пријатно ги дочекал, бидејќи бил заинтересиран за словенски просветители и афирматори на словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

kim6-2
Свети Јован Канео во Охрид

Меѓутоа, многу бргу, речиси се’ уште неодморен од страдањата и патот, Климент заминал да учитествува во Кутмичевица, со средиштата: Девол, Главеница и Охрид. Во последниов центар Климент ќе ја формира познатата средновековна школа, т.н. Охридска книжевна школа или прв Словенски уни-верзитет. Во овој важен центар ќе се пренесе целата кирилометодиевска традиција, зашто Климент и Наум Охридски, целата наука што им ја пренеле браќата, ќе ја втемелат во овој центар, од каде шго се издигнале нови 3. 500 ученици, кои во разни делови од Македонија ја продолжиле кириломе-тодиевската традиција, којашто се огледувала низ повеќе развојни тенденции.

Во Охридската книжевна школа долго време продолжила глаголската традиција. Низ целиот X и XI век преовладувале глаголски словенски ракописи, а се јавувало и паралелно присуство на кирилските текстови. Јазикот на најстарите текстови е доста близок од кирилометодиевскиот и во однос на лексиката, како и според одредени граматички својства, глаголските ракописи покажуваат поголема старина, во однос на кирилските. Покрај тоа, тие откриваат одредени фази од развитокот на народниот јазик во Хвек: губење на еровите, нивна замена во силна позиција со О и Е, итн.

Зачуваните глаголски споменици од оваа школа влегде во старословенскиот канон. Меѓу нив посебно место зазема Асемановото евангелие, изборно евангелие пишувано со обла глаголица. Денес се чува во Ватиканската библиотека. Интересно е прашањето во врска со неговото датирање, кое се движи во распон од X до крајот на XI век.

kim6-3
Добромирово евангелие, Асеманово евангелие

Постарата славистичка школа беше склона да го датира во XI век, додека најновите истражувања го поместуваат датирањето во X век. ова евангелие го содржи најстариот словенски глаголски синаксар. Во него се наоѓаат словенските (македонските) светители: Кирил и Методиј и Климент Охридски. Блнску до овој словенски споменик стои и Зографското глаголско евангелие.

Од кирилските споменици од овој центар кои стојат блиску до кирилометодиевската традицмја, спаѓаат: Охридскиот апостол, апракос од неполн текст на апостолски читања; Добромировото евангелие. мошне значајно македонско четвороевангелие препишувано во јужномакедонски центар каде што се чувствувало и влнјанието на грчкиот говор; Македонското кирилско ливче, класичен пример на старословенскиот канон и претставува дел од Методиевиот апилог (поговор) кон словенскиот превод на полниот Нов завет (или на целата Библија); Евангелието на поп Јован, македонско мзборно евангелне, кое по-кажува доста сличности со Остромировото евангелие, Савината книга, Асемановото евангелие. Листовите на Ундолски, Добромировото евангелие; Болонскиот псалтир, всушност претставува толковен псалтир, пишуван во охридското село Рамне и се јавува како типичен претставник на ракописната традиција во Охрид од XIII век.

Во Охридската книжевна школа е вткаено целокупното дело на Климент Охридски, кој ја пренел и негувал глаголицата и успеал најдолго да ја одржи, за разлика од Преславската школат во која уште во почетокот на X век преовладува кирилицата. Климент Охридски е автор на многубројни книжевни состави, кои, главно, се поделени на поучителни и пофални слова, а се однесуваат на претставници и настани од христијанската религија, која Климент сакал да ја доближи до народот, по еден јасен и трасиран начин.

kim6-4
„Света Богородица-Перивлепта“ во Охрид

Откако во 893 годдина бил избран за велички епископ, неговата работа во Кутмичевица, особено во Охрид, ја продолжил Наум Охридски, за кого веќе се знае дека се јавува и како учител и како автор на химнографски творби. И двајцата ја негувале и употребувале глаголицата. Нивните творби биле проширувани преку бројните словенски преписи низ наредните векови кај сите Словени.

Постојат уверливи доказн дека кон Охридската школа припаѓа и делото на Црноризец Храбар, трактатот „О писменах”’ кој ги изнесува мошне битните етапи од развитокот на словенската писменост, како и продолжителните полемики со тријазичниците, кои го оспорувале словенскиот напредок воопшто. Во науката преовладува мислењето дека Храбровата полемика првобитно била напишана со глаголска азбука. Се почести се искажувањата од современите слависти дека и Азбучната молитва од епископ Константин била напишана со глаголски букви.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top