Фељтон

Пренесување на живата традиција на светите Кирил и Методиј

kim6-1

kim6-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – 7

Од книжевните извори што се однесуваат на животот и делото на свети Клнмент Охридски добиваме најконкретни показатели за продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Анонимен автор ги составил опширните словенски житија за Климент и Наум Охридски. Било пронајдено краткото словенско житие за Наума, а подоцна и второто кратко словенско Наумово житие. За нивната слава, што се пренесувала низ вековите, зборуваат дејностите на охридските архиепископи, по потекло Грци (Елини), кои секогаш имале неадекватен однос кон словенските културни придобивки. Во XI век архиепископот Теофилакт го составил опширното грчко (елинско) житие за Климент Охридскн, кое и денес претставува основен извор за проучување на животниот Климентов пат. Дека во XIII век Климент бил присутен и актуелен се гледа од Краткото грчко житие, што го составил охридскиот архиепископ Хоматијан.

Живата традиција на св. Кирил и Методиј, што ја пренеле св. Климент и Наум Охридски се протегнува и во XVIII век, кога во Москополската печатница се печателе грчките служби и житија посветени на св. Климент и Наум Охридски, составени од грчките архиепископи: Хоматијан, Кавасила Григориј и од охриѓанецот Козма – драчки митрополит. Овие грчки автори оставиле убави канони и тропари во нивна чест. Оваа традиција е засведочена и преку Стематогафијата на Христифор Жефаровиќ. И во XIX век не била заборавена оваа традиција, и покрај засиленото влијание на грцизмот, особено во јужните делови од Македонија. Првиот македонски превод на опширното Климентово житие го направил македонскиот преродбеник Партениј Зографски, употребувајќи го притоа галичкиот дијалект. Браќата Миладиновци биле живо заинтересирани за оваа традиција, особено по контактите на Димитар Миладинов со рускиот славист Виктор Григорович. Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски се присутни во творештвото на Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Григор Прличев и др. Почит кон кирилометодиевското дело изразиле: Гоце Делчев, Горче Петров, Крсте Мисирков и Димитар Чуповски. Посебни творби им посветиле Григор Прличев и подоцна Никола Јонков Вапцаров, како и други. Денес современите македонски поети честопати се задржуваат врз нивното трајно и значајно дело. Тие се присутни и во богатото македонско народно творештво.

kim7-2

Интересно е да се констатира дека македонските современи писатели, особено поетите, им посветиле посебни творби на творците на словенската (македонската) писменост – браќата св. Кирил и св. Методиј и на нивните ученици св. Климент и св. Наум Охридски. Секако, во овој случај предничат творбите што му се посветени на св. Климент Охридски, чија традиција во Македонија живеела низ вековите, а денес како да воскреснува со нови сили и со нов крвоток кој тече.

Од прозните автори посебно треба да ги потенцираме имињата на Лазо Каровски, Видое Подгорец и Томе Арсовски. Лазо Каровски ги состави првите романизирани биографии за светите Климент и Наум Охридски. Подгорец со делото„Ас буки, веди…” го сврте вниманието кон словенските (македонските) просветители на поширокиот читателски круг. Во најново време кон оваа дејност беше насочено вниманието на Томе Арсовски, кој покрај дводелниот телевизиски драмски текст за св. Климент Охридски, го состави романот „Св Климент Охридски”, оживувајќи ја повторно словенската епопеја од времето на IX и X век.

Повеќе македонски поети им посветија песни на светите Кирил и Методиј. Меѓу нив да ги споменеме: Славко Јаневски (Браќата Солунски), Петре Бакевски (Ѕвездата на Константин Филозоф), Јован Павловски (поема „Строгоста наживеењето” – посветена на св. Методиј), Тодор Чаловски (Вруток на утока), Веле Смилевски (Вратени од Ѕап Klemente), Кирил Бујуклиев (На Солунските браќа) итн.

kim7-3
Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски

На св. Климент му се посветени и бројни и одбрани стихови. Посебен поетски однос кон него реализира поетот Матеја Матевски, симболизирајќи ја неговата непроодност и неуништливост преку насловот на песната „Сенката што пее”.

Поетот Радован Павловски му посвети на св. Климент посебна песна, изнаоѓајќи го Климентовото дело низ вокалите распрснати во ѕвездите на еден народ. За Климент испеале стихови; Бошко Смаќоски, Јован Котески, Славко Јаневски, Георги Сталев, Душко Наневски, Цане Андреевски, Трајан Петровски, Љупчо Стојменски, Ристо Јачев, РадмилаТрифуновска и многудруги. Него го опеале и поетите од македонското иселеништво: Невена Аџиевска, Рада Видиновска, Цим Томев, Гоче Малинов идруги.

Активниот однос на современите македонски уметници кон словенските просветители е видлив и присутен во Македонија. Сликарските и скулпторските дела во Македонија ја збогатуваат нивната претстава и визија. Ваквиот однос само ја потврдува живата традиција на словенските (македонските) просветители денес во Македонија.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top