Фељтон

Кирилометодиевската библиографија во Македонија

kim8

kim8

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – 8

Состојбата на македонската средновековна книжевност генерално беше проследена дури по завршувањето на НОБ, кога дефинитивно беше призната и конституирана македонската држава и нација. Со оглед на веќе познатите историсѕси состојби до 1945 година, оваа литература беше разгледувана во составот на бугарската, српската или грчката средновековна литература. Кирилометодиевскиот период, кој зазема клучно место во рамките на македонската средновековна книжевност, особено ео IX, X и XI век, станал предмет на посебни истражувања. Ракописното наследство, колку богато и доминантно во Македонија, многу бргу го привлекло вниманието на славистите, уште во екот од почетниат стадиум од развитокот на славистиката. Грижливо обработуваните ракописи на нашиот терен бргу исчезнувале и го наоѓале своето место во туѓи книгохранилишта. Покрај нивното исчезнување, тие најчесто биле приклучувани кон другите соседни книжевности. Мораме да истакнеме дека и покрај очевидното премолчување или присвојување на македонската редакција, се јавувале пера кои не можеле да ги предвидат и да не ги споменат и нагласат македонските карактеристики.

Во секој случај, книжевноисториската повоена дејност му припаѓа на Харалампие Поленаковиќ.  Во 1949 година проф. Поленаковиќ пишува „Вистината за делото на Кирил и Методиј” (Нова Македонија, 9 јуни). Во 1954 година го пишува предговорот кон делото на Ватрослав Јагиќ „Кирил и Методи и нивиите ученици”. Посебно значаен труд претставуваше „Белешки за кириломе-тодиевското прашање кај Македонците во XIX век (Гласник на ИНИ, Скопје бр. 1, 157-180). Кон овој библиографски преглед може да се приклучи „Прилогкон кирилометодиевската библиографија”, Литературен збор, Скопје

бр. 5). Во 1969 година се појави библиографијата на Вера Стојчевска-Антиќ: „Прилог кон кирилометодиевската библиографија,,, Историја, Скопје, бр. 2, 231-236.

manu-skopje
МАНУ во Скопје

По 1100-годишниот јубилеј на св. Климент Охридски, по повод неговото доаѓање во Охрид, Вера Стојчевска-Антиќ и Илија Велев подготвија: „Кон кирило-методиевската библиографија во Македонија” (1945-1985), Годишен зборник на Филолошкиот факултет во Скопје, кн. 11-12, Скопје 1987,1-71. Истата година се појави заедннчкиот труд на истите автори: „Литературата за кирило-методиевскиот период во Македонија, XIII научна дискусија, Охрид, 25-28, VIII, 1986, Скопје 1987, 117-129. Прилог кон оваа библиографија претставувaат објавените библиографии: „Харалампие Поленаковиќ” (1909-1984), МАНУ, Скопје 1985, 31-49; „Прилог кон библиографијата иа трудовите на академик Блаже Конескн (Зборник  во чест на Блаже Конески, Универзитет „Кирил и Методиј”, Филолошки факултет Скопје, 1984, 3-28), и двете изработени од м-р Милева Милев и Лилјана Ристевска.

Во „Зборник Владимира Мошина” (Београд 1977) се појави неговата „Библиографија радова Владимира Мошина”, 7-17. Во Јубилејниот Годишен зборнмк на Филозофскиот факултет во Скопје (кн. 24-25), Скопје 1972/73, 489-549) се појавија библиографиите на: Димче Коцо, Томо Томоски, Бранко Панов (од Катедрата за историја), Блаже Конески, Радмила Угринова-Скаловска (одКатедрата за македонски јазик), Вера Стојчевска-Антлќ (од Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ). Во Годишннот зборник на Филозофскиот факултет (кн. 2 (28), Скопје 1976), се објавени библиографиите на: Димче Коцо, Константин Петров и Петар Миљковиќ-Пепек (331-344). Во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје (кн. 13, Скопје 1986), излезе библиографија на Цветан Грозданов (444-445). Комплетина библиографија на Ц. Грозданов, до 1991 година по повод изборот за дописен член на МАНУ, објавена е во: „Пристапни предавања, прилози и библиографија на новите членови на МАНУ”, XI, Скопје 1993,21-28. Библиографијата на Димче Коцо во: „Споменица на академик Димче Коцо”, МАНУ; Скопје 1993. Библиографиите на академиците: Блаже Конески, Петар Илиевски и Цветан Грозданов, од 1967 година до 1993 година, може да се проследат во Летописот на МАНУ, којшто се печати секоја година.

kim8-2

Библиографија за средновековната книжевност објавила Добрила Миловска: „Библиографија на објавени трудови во врска со средновековната книжевност 1946-1986”, Македонска средновековна книжевност, Македонска книга, Скопје 1991,259-277. Маја Јакимовска ја подготви „Библиографијата на објавени трудови од областа на средновековната киижевност во Македонија за годините1988, 1989, 1990” (необјавена).

Со кирилометодиевска библиографија од книжевно-историски аспект континуирано се занимава и асистентката Маја Јакимовска. Во 1989 година таа ја заврши приправничката работа, а дел од неа беше насловен како „Прилог кон кирилометодиевската библиографија во македонската периодика за годините 1985-1986” (трудот е завршен, но не е објавен). Во 1991 година се појави нејзината библиографи: „Прилог кон кирилометодиевската библиографија за годините 1986-1987”, во книгата „Македонска средновековна кnижевност”, Македонска книга, Сколје 1991,277-293. Маја Јакимовска заедно со Добрила Миловска во 1992 година ја објавија библиографијата на В. Стојчевска – Антиќ, Спектар, Скопје 1992, бр. 17,205-225.

В. Стојчевска-Антиќ ги објавила фељтоните за св. Кирил и Методиј, за св. Климент и св. Наум Охридски, и тоа: „Светлиnа на вселената”. Кон 1100-годишнината од смртта на Методиј Солунски (Нова Македонија, 15-26 март 1985); „По повод 1100-goдишнината од доаѓањето на Климент Охридски во Македонија и осnовањето на Охридската книжевна школа.” (Нова Македонија, 17 мај-14 јуни 1986); „Делото на св. Климент Охридски” (Нова Македонија, 25-28 јуни 1993).

Од 29 јуни до 5 јули 1993 година во весникот „Нова Македонија” излегуваше фељтонот „Делото иа свети Наум Охрилски” од протоѓакон Ратомир Гроздановски

Во оваа книга, покрај книжевно-историските осврти и трудови на посебни книги, претставени се и изданија од други научни дисциплини, насочени кон кирилометодиевските истражувања. Во 1994 година, по истекот на значајните јубилеи за св. Климент и св. Наум Охридски, ќе може да се пристапи уште еднаш кон заокружувањето на кирилометодиевската библиографија во Македонија.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top