Фељтон

Цркви, манастири и училишта посветени на светите Кирил и Методиј, Климент и Наум во Република Македонија и во дијаспората

kim9-1

kim9-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – 9

За големиот интерес и покажана чест кон светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски во Македонија укажуваат и црквите и манастите што го носат нивното име. Уште со развојот на нивниот сеопшт и светителски култ во средниот век, во Македонија се изградувале цркви и манастири во нивна чест.

Седумнаесет верски објекти регистриравме со името на светите Кирил и Методиј, од кои 11 во Републиката и тоа во: Скопје (во населбата „Методи Андонсв-Ченто), Скопје (во населбата Ново Лисиче) во формирање, Прилеп (параклис), Тетово, Струмица, Гевгелија, Ресен, с. Стење (Ресенско), с. Лознани (Битолско), с. Мојанци (Кочанско) и с. Ѓуриште (Свети Николско), манастир, а во дијаспората во Сиднеј во (населбата Розбери) – Австралија, Бафало (во државата Њујорк), САД, Пасаик (во државата Њу Џерси), САД, Чикаго, САД, Штутгард и Дортмунд, Германија.

Со името на Свети Климент Охридски се јавуваат 19 верски христијански објекти, од кои 8 во Републиката и тоа: во Охрид (катедралната црква), Скопје (Соборниот храм), Битола, параклис, Кавадарци, Велес (црквичката што е во состав на Повардарската митрополија), во населбата Чашка (Велешко), с. Климештани (Охридско) и во Охрид (старата црква сега позната како Имарет), а во дијаспората во Торонто, (во провинцијата Онтарио) Канада, Лорејн (во државата Охајо), САД, Њујорк (во државата Њујорк), САД, Мелбурн (манастирот во Кинг Леик), Австралија, Канбера, Австралија, Порт Кембла (во државата Нов Јужен Велс), Австралија, Гетеборг, Шведска, Копенхаген, Данска, Берлин, Германија и Париз, Франција.

ukim
Универзитетот Свети Кирил и Методиј

Со името на Свети Наум Охридски регистриравме верски објекти, во Републиката: с. Љубаништа (месноста Св. Наум на брегот на Охридското Езеро), с. Орман (Охридско), Битола, манастир, Скопје (во населбата Радишани, Попова Шапка (Тетовско), с. Болно (Ресенско) манастир, а во дијаспората; во Аделајд (јужна Австралија), Хамилтон (во провинцијата Онтарио), Канада и во Малме, Шведска.

Меѓу најстарите манастири и цркви што го носат името на светите Климент и Наум Охридски, се нивните истоимени градби подигнати на спротивните страни од Охридското Езеро уште во почетокот на X век, а во 1993 година е подигнат и најновиот манастир „Свети Наум Охридски” на падините на Попова Шапка (Тетовско) и црквата „Свети Наум Охридски” во населбата Радишани, Скопско.

Исто тка во Македонија има и училишта што го носат името на светите Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум Охридски. Така, прво училиште на македонски јазик започнало да работи во селото Подвис, Кичевско, на 23 септември 1943 година уште во виорот на војната. Иако наставата траела  само 12 дена, отворањето на училиштето јасно зборува за големата верба во победата и македонската самобитност. Училиштето го посетувале дваесетина ученици, а прв учител бил воденичарот Василко Лазаровски-Ристевски.

jhkdz
Најстарото училиштс по Скопје изградсно 1848 годииа, по кое учителствувал
Јордан Хаџи Копстандинов-Џинот (18-18-1854)

Од 1944 до денес во РепубЈжка Македонија се регистрирани повеќе основни училишта што го носат името на словенските првоучители и просветители. Тоа се 19 училишта од кои најстарото училиште е во Скопје, потоа во: Битола, Стојаково (Гевгелиско), Кочани, Бучин (Крушевско), Романовце и Орашоец (Кумановско), Канатларци (Прилепско), Злетово, Св. Николе, Кучевиште и Стајковци (Скопско), Луково (Струшко), Дабиња и Иловица (Струмичко), Тетово, Велес, Извор и населбата „Македонка” (Велешко).

Името на свети Климент Охридски го носат десет основни училишта, и тоа во: Битола, Миравци (Гевгелиско), Облешево (Кочанско), Пчиња (Кумановско), и Глоѓи (Тетовско). Името на свети Наум Охридски, пак, го носат две македонски училишта, во Пештани (Охридско) и Булачани (Скопско). Очевидно е дека бројката од 31 училиште, распростанети низ цела Македонија, не е мала.

Сето тоа  говори за чувството и љубовта на македонскиот човек, учениците и просветните работници кон словенските првоучители и просветители, светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум Охридски.

kim9-2

Во овие училишта секоја година се одржуваат програми и чествувања по повод патрониот празник. Во нив земаат учество учениците, наставниците, родителите и претставниците на просветниот и образовниот систем во Македонија. Училиштата во Македонија соработуваат меѓусебно, ги следат сопствените и туѓите резултати, а често училишните управи покануваат и еминентни универзитетски професори, кои ги збогатуваат нивните прослави и програми.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top