Фељтон

Прво поклонение на гробот на свети Климент во Рим (14)

kim14-1

kim14-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во 1969 година Македонската православна црква, македонската држава и македонскиот народ достојно го одбележаа 1100-годишниот јубнлеј од смртта на сесловенскиот и рамноапостол свети Кирил Солунски, авторот и творецот на словенската азбука и темелоположителот на нашата писменост. Во таа година одлучено е Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква да испраќа своја поклоничка група во Рим заедно со државна делегација во базиликата посветена на свети Климент Римски каде што мирува телото на свети Кирил Солунски, Константин Фнлозоф, како што веќе го викаа во Магнаур, заради бистрината на умот и заради логичноста на мислењето.

Кај нашиот народ отсекогаш било длабоко и искрено почитувањето на свети Кирил Солунски и неговиот брат св. Методиј. Нашите прадедовци и дедовци на нив им се обраќале молитвено за закрила и духовно раководство речиси секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги споменувале за да се потсетат какви светители стојат во нивното црковно и национално битие. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните непријатели биле жестоки и кога сопствените сили им биле при крајот, тогаш кога темнината била ужасна, а надежта на умирање. И тогаш  кога ропството и гневот биле неподносливи светите браќа и нивните ученици им боскотеле во мракот и ја поткрепувале нивната вера во посветла и поубава иднина.

Денес кога ги обновуваме древните црковно-народни трздиции, кога е обновена Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога на најсвечен начин ги прославуваме јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички патувања, во период од четириесетина години, пред гробот на сесловенскиот апостол, е одлука на чувството на благодарност и пиетет кон свети Кирил. Тој ги посејал првите семиња на словенската писменост, која станала движечка и животворна сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и створиле дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и културната ризница, не само за македонскиот и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

На 14 февруари 1969 година се навршија 1.100 години од блажената смрт на свети Кирнл Солунски. На тој ден во базиликата „Свети Петар” се отслужи концелебрација (сослужение) во слава на просветителското дело на свети Кирил Солунски. Во таа имлозантна катедрала посветена на првиот Христов апостол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, дошол од Исток во илјадалетниот град, или градот на вечноста – Рим, за да го проповеда христијанското учење. Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда и на јазикот на Словените, а не само на елински (грчки), латннски и еврејски, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш христијанската вера се проповеда и на словенски јазик.

На концелебрацијата што ја одржаа словенските бискупи, присуствуваше и делегација од Република Македонија и тоа: делегацијата на Македонската православна црква којашто ја сочинуваа митрополитите преспанско-битолски г. Климент, американско-канадско-австралиски г. Кирил и протоереј ставрофор г. Климе Малевски, во делегацијата на Извршниот совет на СР Македонија беа: д-р Иван Катарџиев и Владо Малески, а делегацијата на Македонската академија на науките и уметностите и на Универзитетот во Скопје, кој од 24 април 1969 година го носи името „Кирил и Методиј” а денес – „Свети Кирил и Методиј” ја сочинуваа академикот проф. д-р Харалампие Поленаковиќ и проф. Фрањо Бачиќ. Светата литургија во црквата „Свети Петар” ја служеше светиот отец папата Павле ВИ, со учество на четириесетина кардинали, кои служеа на словачки јазик, а присуствуваа околу Ѕ(К) поклоници од Чехословачка. По литургијата папата Павле VI одржа слово за животот и делото на свети Кирил Солунски на италијански јазик. По таа боженствена богослужба, на којашто покрај поклониците присуствуваа и бројни туристи, папата Павле VI ја поздрави македонската делегацијаи во разговотот со претставниците од Македонија изрази благодарност за присуството на концелебрацијата.

Истиот ден попладне на гробот на свети Кирил Солунски, во базиликата „Свети Климент Римски”, македонската делегација му оддаде почит на личноста и делото на свети Кирил, изразувајќи благодарност што јазикот на македонските Словени го издигнал на степен на книжевен јазик, прифатен од сето словенство. Во таа пригода, делегацијата на Македонската православна црква отслужи молебен, а делегацијата на тогашниот Извршен совет на СР Македонија положи венец од името на благодарниот македонскм народ со натпис: „На Кирил Солунски, сесловенски просветител, со израз на благодарност од македонскиот народ”. Исто така, делегацијата на МАНУ и Скопскиот универзитет положија венец во името на Советот на академиите на тогашна Југославија и на заедниците на тогашните југословенски универзитети. Потоа повелбата беше прочитана на македонски и на латински јазик.

kim14-2

kim14-3

Треба да се одбележи дека папата Павле VI ги дочека делегациите на словенските народи со иста срдечност, со каква што беа пречекани словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, од папата Адријан II. Делегацијата на Македонија, пак, беше дочекана од претставникот на тогашна СФРЈ при Светата столица г. Вјекослав Цврље, кој организира прием во чест на македонската делегација. На приемот присуствуваа високи личности од црковниот, политичкиот и културниот живот на италијанската престолнина, меѓу кои кардинали и бискупи при Ватикан и при Секретаријатот за единство на христијаните. На таа заедничка трпеза, меѓу другите, присуствуваше и кардиналот д-р Фрањо Шепар, префектот на Конгрегацијата за верски доктрини на Ватикан, како и надбискупот д-р Вилибрандс, прв секретар на Секретаријатот за единство на христијаните при Светата столица.

Престојот на делегацијата од Македонија беше видно одбележан во тамошните средства особено по двете прес-конференции, најнапред со претставниците на италијанската агенција АНСА, а потоа со директорот на списанието за информирање „Релационе религиозе”. Притоа на делегацијата и беше пружена можност да ги искаже впечатоците во врска со прославата на свети Кирил преку Радио Ватикан. Во изјавчта, митрополитот Климент меѓу другото рече:

kim14-4
Ватикан

„Оваа година е света за целиот христијански свет, а посебно за словен-ските народи бидејќи се навршија точно 1100 години од смртта на светиот отец Кирил, творец на првото словенско писмо. Следејќи го повикот на светиот апостол Павле: „ Споменете ги вашите наставници кои ви го проповедаат словото Божјо…” ние, наследниците на нашите прадедовци, македонските Словени, дојдени сме од Македонија да се поклониме лред гробот иа нашиот првоучител и просветител Кирил.

Македонската православна црква се однесува со поссбен почит спрема словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент Охридски и свети Наум Охридски, и ги смета „земнија тверди звсзди и светила трисолнечнаго сијанија, благодати јасни проповед-ници, благоглаголиви писании учителие, закона Божија велегласни правовјесници, раја достојни мителие и долнија к горнему наставници”.

Македонија не е голема земја, но има голема вера во Господа, а Македонската православна црква е чувар и пазител на тронот на Охридската света црква, чијшто основоположник е еден од првоучените на свстите браќа – свети Климент Охридски.

И ние во Македонија ќе го почестуваме споменот на нашитс апостоли преку свети служби и свечени духовни академии.

Истовремено изразуваме и искрена благодарност поради вниманието на кое наидовме при нашиот неколкудневен престој во овој вечен град Рим, а по повод 1100-годишниот јубидеј. Посебна благодарност изразуваме и на Радио Ватикан за укажаната можност со оваа наша изјава да бидат запознати неговите многубројни слушатели”.

Во текот на престојот којшто траеше од 12 до 17 февруари 1969 година, претставниците на Македонската православна црква го посетија Секретаријатот за единство на хрнстијаните при Светата столица, каде што покрај другото, се разговараше за прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, за којашто беше речено дека е од понов датум, од јуни 1967 година, и декае предмет на интересирање. Домаќините беа информирани дека автокефалноста на најстарата словенска црква на Балканот, односно Охридската архиепископија, којашто постои речиси од времето на свети Кирил Солунски, неканонски беше укината во 1767 година, со ферман на турскиот султан, а по барање на Цариградската патријаршија.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top