Фељтон

Обраќање на архиепископот на МПЦ-ОА господин господин Доситеј (18)

kim18-1

kim18-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Од името на македонскиот народ и Македонската православна црква на свеченоста говореше архиепископот господин Доситеј кој, меѓу другото,  рече:

„Пресвети и преблажени наш, преподобни оче Кириле,

Над гробот каде почиваат Твоите свети мошти, денес во овој миг се најдуваме ние потомците, чедата на народот од чии пизуви си излегол и Ти, преподобни оче Кириле Солунски, Се најдуваат чедата. на. оној народ на чиј јазик си го направил најблагородниот и животворен чекор во просветувањето и зацврстувањето во верата Божја на словенските народи.

Овде во вечниот град Рим, дојдени од нашата Македоиија, која била удостоена од спасителната мисија и на св. Апостол Павле, се најдуваме ние преставниците на македонскиот народ и Црква. Тука сме ние наследниците на Вашите ученици и следбеници, на рамноапостолите и нашите светители и просветители св. Климент и Наум, охридските чудотворци.

Тука иад Твојот гроб дојдени сме да Ти се помолиме, преподобни оче Кириле, и скромно да Ти искажеме должна признателиост и благодарност. Зашто, Твоите молитви и просветителното дело се најзаслужните што, и Твојот македонски народ, заедно со другите Словенски народи, можеше да ги преброди тешките искушенија низ кои мораше да помине во својата макотрпиа иационална и црковна историја,

kim18-2
Свети Кирил и Методиј пред папата Андријан II

Додека ги изговарам овие зборови, чувствувам дека Ти, преподобни оче Кириле, со право ми го поставуваш прашањето: Зошто ова го чиниме со вакво големо задоцнување? Зашто се работи за доцнење од цела една епоха, 1.101 година од Твојата смрт?

Сакаме да Те увериме, преподобни оче Кириле, дека тоа не се должи на невниманието, непризнанието, уште помалку на неблагодарноста на Твојот народ. Причините за ова се исклучиво во тешкото и макотрпно мииато, низ кое македонскиот народ и светата Македонска православна црква мораше да помине. Требаше да помине повеќе од еден милениум на тешко ропство, за да, слава на  Бога, на Вас свети браќа и наши патрони свети Климент и Наум и македонскиот народ да го огрее сонцето на слободата, а светата Македонска православна црква да го продолжи благородниот пат иа Светиклиментовата Охридска архиепископија, што беше неканонски и од иноверна власт прекината во кобната 1767 година.

Преподобни оче Кириле,

„Македонскиот народ дури пред четврт век, и тоа само во еден дел од својата сакана земја, се најде слободен. Оној народ на чии јазик, со Божјата промисла, Ти ги преведе првите книги на словенски јазик и со словенско писмо, народот на Светиклиментовиот древен Охрид, каде пред повеќе од илјада години работеше и првиот Словенски народен универзитет, низ кој поминале преку3.500 ученици, народот што има големи заслуги за просветата иа сите словенски народи, ја имаше најтрагичната судбина последен да се ослободи и со својот литературен јазик последен да влезе во ризницата на светската култура и цивилизација.

Меѓутоа, Те уверувам, преподобни оче Кириле, дека во тешките дни на. искушенијата, низ кои врвеше мојот народ и Црква, честите молитви што нечујно ги искажуваше кон Господа нашиот човек, беа упатени  и кон Тебе, кон Твојот брат св. Методија и Вашите ученици свети Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангеларија. Преку Вас Спасителот, Господ Бог ги услиши нашите молитви и еве денес ние на глас Ве славиме и ја искажуваме нашата топла и срдечна благодарност.

Можеби ќе ни замериш преподобни оче Кириле, што на вака скромен начин ја искажуваме нашата благодарност. Те уверуваме дека е тоа честитата и срдечна интима што кон Тебе ја изразува Твојот македонски народ и Црква, Нека оваа скромна плоча биде само симболот на нашата безграиичиа почит и благодарност. А приклонувајќи се кон Тебе, ние Ти се молиме, како досега, така и во идиина да бидеш наш застапник пред престолот Господов. Едновремено со честита совест Те уверуваме дека македонскиот православен народ верен на своите претчеественици, е и ќе остане доследеи кон спасителното учење на Христовата вера.

Во оваа прилика не можам, а да не искажам голема благодарност и кон блаженопочиваниот  св. отец папата Адријан II, што така својски Те прими кон крајот иа 867 година во Рим, како и на почитуваните ирски доминиканци, со чија заслуга и до денес се чувани Твоите св. мошти во овој Божји храм. Впрочем, тоа е должно внимание кон Тебе, преподобни оче Кириле, и заради тоа што со твоја заслуга моштите на свети Климент Римски деиес почиваат во овој свети храм.

kim18-3
„Света Софија“ во Охрид

Поставувајќи ја оваз скромна спомен-плоча ние чувствувmе долг да изразиме признание и кон вечниот град Рим, што во неговите пазуви повеќе од 11 столетија почиваат светите мошти на равноапостолот и сесловеискиот просветител, на свети Кирил Солунски.

Приклонувајќи се во нашите божествени молитви пред Тебе, преподобни оче Кириле, Ти ветуваме дека доследно ќе го продолжиме патот кон спасението покој Ти, свети Методија, свети Кмимент и Наум нас не поведовте. Зашто и денес Твоето учење е исто толку, ако не и повеќе нужно на луѓето и народите, човекот да биде брат со другиот, а границите се’ помалку да ги делат среќните и несреќните. Онака, како што Ти од Твојата татковина појде во други земји и татковини да ги учиш луѓето и народите“.

АМИН!

На крајот, Хорот на Скопската радио-телевизија исполни делови од „Ли-тургијата на св. Јован Златоуст” од познатиот македонски композитор од XIX век, Атанас Бадев.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top