Фељтон

Трето поклонение на гробот на свети Кирил во Рим во 1971 година (20)

kim20

kim20

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Од 1970 година доаѓањето во вечниот град  Рим не беше само оддавање почит на делото на свети Кирил Солунски и неговиот брат Методиј, туку и презентирање на достоинствата на Македонската православна црква и културата на македонскиот народ, која се базира токму на азбуката и писменоста што овие просветители ги втемелија во словенството, вградувајќи го јазикот на македонските Словени во писменоста на Словените, Од 1971 година манифестацијата беше именувана како „Денови на. Македонската  култура во Рим”.

Манифестацијата „Македонските денови на културата во Рим” во 1971 година почна на денот на свети Кирил и Методиј, со оддавање почит на кирило-методиевското дело на гробот на свети Кирил Солунски. Свеченоста се одржа во базиликата „Свети Климент Римски”, во нејзината длабочина, таму каде што се наоѓа првобитната црква, којашто уштево З86 година е спомнувана во записи како една од најзначајните и најубавите, а свети Кирил Солунски, претчувству-вајќи го својот близок крај, во 869 година изразил желба тука да го најде својот мир. Посмртните останки на свети Кирил Солунски се наоѓаат во новоподигна-тата базилика која се темели на старата во капелата на Јосип Јурај Штросмајер.

По повод празникот на светите сесловенски рамноапостоли солунските браќа свети Кирил и Методиј, од 23 до 29 мај 1971 година во Рим престојуваше делегација на Македонската православна црква и на општествено-културните работници на СР Македонија, и тоа: црковната делегација ја предводеше       злетовско-струмичкиот митрополит г. Наум, во придружба на протоереј-ставрофор Стојче Петров и протоѓаконот Стојан Јанковски, додека членови на културнопросветната делегација на  Македонија ја предводеше Феми Муча, помошник: републички секретар за внатрешни работи. Заедно со делегацијата во Рим допатуваа Хорот на Радио-телевизија Скопје со своите солисти Елисавета Христова и Благој Николовски, како и диригентот Драган Шуплевски.

На празникот, на 24 мај, на гробот на свети Кирил Солунски во базиликата „Свети Климент Римски”, на свечен начин, црковната делегација, на чело со Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Наум, во присуство на        амбасадорот на СФРЈ при Ватикан, г. Вјекослав Цврље и другите членови на амбасадата, положи венец и беше отслужен молебен. Кон величественоста на овој чин на оддавање почит на делото на свети Кирил Солунски и неговиот брат Методиј, кои ја создадоа првата словенска азбука и ги напишаа првите книги на словенски јазик, на јазикот на македонскитеСловени, на кои се градени културите на словенските народи, придонесе и Хорот на Радио-телевизија Скопје со исполнувањето на духовната музика насловенски и македонски композитори.

На свечен апригода, злетовско-струмичкиот митрополит г. Наум н агробот на свети Кирил Солунски одржа слово, при што, меѓу другото, рече:

…И годинаѕа светиот град ја почествува делегацијата на Македонската православна црква. Ние тоа високо го почитуваме и длабоко го цениме, и затоа сме и ополномоштени во името на македонскиот народ, на вечниот град, во лицето на неговите црковни и граѓаиски претставници да му ја. пренесеме молитвената благодарност и топлите желби за секое негово евангелско преуспевање.

Длабоко и до восхит молитвено благодарни кон Твоето осведочено ходатајство пред воскреснатиот наш Бог и Спасител Исус Христос, Кириле оче наш свети, еве и годинава светата автокефална Македонска православна црква во обновената Светиклиментова Охридска архиепископија, во лицето на своите бескомпромисии последователи и почитатели како силни акценти на духовно-патриотскиот елан на македонското поднебје, себлаговејно застанале пред светиот и целебен Твој трон, манифестирајќи ритуално-патриотски доказ на својата признателност кон Тебе и кон Твојот брат Методиј…

Манифестацијата „Македонските денови на културата во Рим” продолжија истата вечер, во ораториумот Гонфалоне, со концертот на Скопскиот хор, под диригенство на Драган Шуплевски и солистите Благоја Николовски и Елисавета Христова, што го даде за абонентите на Коро полифонико Романо, во чијашто соработка беше организирано ова гостување. Исто така, во Гонфалоне, црквичка во стариот дел на градот, подигната и зографисана во почетокот на XV век, беше даден концерт за поканетите личности од амбасадорот на СФРЈ при Република Италија, Срѓо Прица, на кој меѓу другите, присуствуваше и амбасадорот на СФРЈ при Ватикан, Вјекослав Цврље.

На програмата, покрај делата од Петар Илич-Чајковски, Павле Песников, Стеван Мокрањац и Сергеј Рахманинов, во вториот дел беа застапени композиции од македонските композитори Атанас Бадев, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Томислав Зографски и Тодор Скаловски. Концертот беше добро примен од публиката, особено беше поздравена композицијата „ Слава за свети Кирил и Методиј” од Тодор Скаловски.

Хорот на Радио-телевизија Скопје го одржа третиот концерт во живописното крајбрежно гратче Терачино, за членовите на Лино-клубот, коишто тие денови имаа симпозиум. И овој концерт што се одржа во просториите на црквата „Свети Салваторе” беше поздравен со френетичен аплауз.

kim20-2

На 28 мај, пак, во библиотеката на Институтот за ориенталистика на Ват-кан беше отворена изложба на минијатури од средновековни македонски ракописи, копии од Љ. Стефовска-Василев, во експозиција на НикоТози. Изложбата ја отвори амбасадорот г. Вјекослав Цврље, а нејзиното прикажување го поздрави и ректорот на Институтот проф. Иван Жужек. Презентирајќи ја изложбата, г. Цврље, меѓу другото, истакна:

„Македонскиот народ, познат со својата долга и маченичка историја, кој живеел и создавал не од вчера (како што сакаат некои да тврдат), туку многу векови наназад кој создал своја Црква, свои богословски училишта, своја култура, првиот Словенски универзитет и така иатаму, во текот иа вековите во своите скриптарии, кои во најголем број постоеле во рамките на црквите и манастирите, создал една богата колекцмја ракописи познати по нивната         уметиичка убазина. Но, поради различни историски околности, ова значајно историско богатство на едииствените ракописи (впрочем исто се случило и со иконите), се изнесени од подрачјето на кое се создадени и денес се наоѓаат во библиотеки и во приватни колекции, блиски и далечни. Тоа е основниот мотив поради кој прегставниците на културата на денешна СР Македонија не беа во можност да донесат и да ни ги покажат оригиналите, а со тоа и сето блескаво богатство на средновековните македонски ракописи и истовремено и на македонските минијагури…

Денешниот културен и креативен процес на уметноста на македонскиот народ во рамките на југословенската федерација, продолжи Г. Цврље, и не можеше да почне од создавањето на Македонската република, туку е преломно и слободно продолжување, богато со различности на илјадагодишната македонска култура.

Почетоците на ракописите и литературната активиост кај Македонците истовремемо претставуваат почеток за литературата на словенските народи воопшто, зашто првите словенски текстови што ги создадоа просветителите свети Кирил и Методиј се пишувани на дијалект на македонските Словеии.”

kim20-3

Изложбата на минијатурите од средновековните македонски ракописи остана и натаму да се прикажува за посетителите на Институтот за орненталистика, а Хорот на Радио-телевизија Скопје по концертот во гратчето Терачино се врати во Скопје, додека делегацијата на Македонската православна црква, на чело со митрополитот г. Наум остана во Рим извесно време. Имено, црковната делегација водеше разговори со претставници наСветата столица и      Секретаријатот за единство на христијаните, како и со Колегиумот на чехословачкиот институт „Свети Кирил и Методој”.

Посетата на црковната делегација во Рим како и средбите и разговорите поврзани со програмската работа низ сите свечености, одржани по повод     празникот на светите браќа Кирил и Методиј, беа оценети позитивно. Посебно одржаниот молебен на гробот на свети Кирил Солунски, учеството на Хорот на Радио-телевизија Скопје и на делегацијата на општествено-културните работници од СР Македонија, уште еднаш ги потврдија добрите односи на релација црква-држава, а со тоа се придонесе и за посилна афирмација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Македонија.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top