Фељтон

За делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил философ во Рим“ (23)

kim23

kim23

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и амбасадорот  професор д-р Ѓоко Ѓорѓевски се пецензент на делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил филозоф во Рим“ од авторите Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент, а во издание на „Македонска искра“ од Скопје. Оваа книга е продолжение на делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Овие дела заедно ги содржат четириесетте поклоненија на гробот на свери Кирил Солунски во црквата „Сан Клементе“ и посети на црковните и државните делегации во Рим.

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан  во воведот на ова дело, меѓу другото, го напиша следниот текст:

Пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо … (Евр. 13,7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Од средината на 9 век па наваму, сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј. овие двајца просветители и учители, свештенослужители и рамноапостоли, имаат водечко место во духовната историја на македонскиот и на словенските народи. Како нови апостоли и учители на сите земји во коишто огрееја на земјата како сонце со вистинска вера и убавина го просветија и нашиот народ и нема да се посрамиме споредувајќи ги сите нивни добри дела и подвизи со оние на Божјите угодници.

Годинава, по 40- ти пат, Македонската црковно- државна делегација ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, на свети Методиј ќе му се даде заслужна почит во Елванген – Германија, местото каде што темнувал повозрасниот брат Исто така, претставници на МПЦ и на Министерството за култура при Владата на Р. Македонија ќе учествуваат на Сесловенското чествување во Русија.

Секако, покрај молитвено во храмовите на МПЦ, во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот, на св. Браќа ќе им се оддаде почит од институциите што ги носат нивните имиња, од просветните работници, студенти и ученици и од сите коишто го почитуваат делото нд големите просветители и рамноапостоли, светите враќа Кирил и Методиј. Од оваа година во Р. Македонија нивниот ден е прогласен за државен празник.

kim23-2
На промоцијата во Куманово

Исто так на 18.11.2008 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан придружуван од надлежниот eпархиски Архиереј Митрополит г. Кирил изврши промоција на книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим“, од авторите Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент.

Пред собраните кумановчани Архиепископот г.г. Стефан имаше промотивен збор кој го даваме во целот. Така, тој рече дека како дел од тогашната конверзација во чест на свети Кирил, свое место најде и книгата со наслов „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим“ и продолжи.

Ни причинува големо задоволство што за истава книга интерес покажа и „Домот на културата“ во Куманово, па ни даде можност за неа вечерва накратко и пред вас да говориме. Всушност, самиот наслов ни ја открива содржината на делото. Во него се поместени информации за посебни посети на државните и црковните делегации на гробот на сесловенскиот просветител Кирил во Рим од далечната 1969 година, па сѐ до оваа 2008 година.

Манифестацијата почнала во 1969 година кога во Македонија и меѓу словенските народи се одбележале 1100 години од упокојувањето на свети Кирил. Од таа јубилејна година, кога црковно-државната делегација отишла првпат официјално да се поклони пред големиот просветител и рамноапостол, па сѐ до оваа 40-та по ред, дошле многу претставници на државната власт, на просветните институции, како и многу делегирани претставници на Светиот Македонски Синод на Македонската православна црква –Охридска архиепископија за да искажат во име на македонскиот народ достојна почит и искрена благодарност за големото дело на рамноапостолот од Солун. Од 1970 до 1978 година манифестацијата се именувала како „Денови на македонската култура во Рим”. Потоа сѐ до 1991 година, всушност до распаѓањето на домашната држава, преименувана е во „Југославија во чест на св. Кирил”, а оттогаш па сѐ до денес чествувањето го носи поранешното име „Денови на македонската култура во Рим”.

Авторите на книгата Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент. многу внимателно се погрижиле најпрво да поднесат неколку, поточно 6 текстови во кои детално се зборува за личностите на светите браќа, за нивните мисии и дела, како и за нивниото почитување меѓу македонскиот народ. Потоа, хронолошки се опишани сите поклоненија со информации за тоа кои личности ги составувале делагциите на Црквата и државата, каде и од кого биле примени делегатите во Ватикан и Рим, како и тоа со какви придружни манифестации биле пропратени чествувањата.

Наоѓајќи се тогаш таму во градот кон кој водат сите патишта, како што милуваат Италијанците да речат за Рим, си велев, па и вечерва го мислам истото, дали сме свесни што ќе речел св. Кирил и за неговото патување од Солун преку Цариград до Молдавија, ако патот не го однесеше во Рим.

И не само тој, туку и неговиот брат и неговите уценици. Што ќе останеше од нивното дело и од нивната мисија ако Бог не промислил да отидат токму таму. Затоа прелистувајќи ја оваа книга се потсетив на зборови од светиот апостол Павле упатени до некогашните лидери каде им вели: Колку се неиспитани Божјите патишта, додавајќи дека секое наше патување е по волјата Божја, па и она последното.

kim23-3
Свети Кирил и Методиј

Има многу теми за кои е потребно да размислуваме особено за тоа зошто токму така, зошто токму тогаш, зошто токму таму се случува нешто на некои личности особено значајни за еден народ, па и пошироко.

И нема да најдеме одговор освен дека таква била волјата Божја. Но еве во овој свет базиликата на св. Климент епископот Римски, за кој да потсетам дека настрадал маченички, а чии мошти светиот Кирил ги нашол во Црното Море кај Крстон и ги донесол во Рим, повеќе од 11 столетија, ќе речам, е богодарувано пристаниште за македонскиот народ, за словенските и за сите народи што го почитуваат неговото возвишено дело.

Овој Светикирилов гроб на македонската држава и Црква, благодарение на добрата волја и љубезноста на ватиканските власти и институции е повеќе од отворен прозорец кон светот, и ќе речам за верните луѓе свет патоказ кон небесните и тајните вредности.

Гробот на свети Кирил бил и останува отворено послание и потсетник дека светото дело ќе постои како вечно запалено кандило пред Бога и пред даровите, како светило што нѐ осветлува пред Светиот без оглед на временската и просторната дистанца.

Ние во име на македонскиот народ и на Македонската Православна Црква- )хридска архиепископија на св. Кирил досега организирано сме му отишле на поклонение 40 пати, а верувам дека ќе одиме и понатаму и заради него, но уште повеќе ќе одиме заради нас. Ќе одиме со Божја помош уште барем 40 пати и уште 40 по 40 пати. Ќе одиме на поклонение вечно! Впрочем поклонението пред светиите е поклонение и пред Бога!

Крај

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top