Фељтон

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

makedonski-iselenicki-meridijani

makedonski-iselenicki-meridijani

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенички меридијани“. Таа е книга, која е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Таа е еден вид именик, или  биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на околу 150 личности од македонско потекло, кои свиле нови гнегда на различни страни во светот.

Рецензенти на ова обемно дело се: Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Делото кое е печатено на луксузна хартија, со фотографии на личностите и голем број дриги прилози и фотографии на  592 страници Б-5 формат е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и излезе од печат на крајот на април оваа година.

Книгата „Македонски иселенички меридијани“ е плод на повеќегодишни истражувања, патувања и континуирано  следење на оваа доста суптилна, многузначна  и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема. Делото е еден вид алманах посветен на дел Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како религија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и во печалбарска Преспа.

Во делото се застапени имињата на дел од голем број живи личности, активни творци, најголем дел од нив родени во Македонија или, пак, дошле да живеат во неа и го посветиле својот труд, талент и љубов, како и личности кои денес не се меѓу живите.

Со прелистување на страниците на ова дело читателот, макар површно ќе се запознае со нив и нивните  дела, со придонесот што го имаат  во македонското иселеништво, а особено нивниот придонес што го имаат  за Македонската православна црква, Охридската архиепископија, како и на други аспекти врзани со македонскиот народ и на етничка Македонија.

makedonija-pred-podelbata
Македонија пред поделбата (распарчувањето) во 1913 година

Отсекогаш на енциклопедиските изданија во светот, или поточно речено, во развиениот свет со долги културни традиции, им се посветувало должно внимание. Нивното значење било и е повеќекратно, бидејќи тоа, меѓу другото се изданија кои на читателот му даваат кратка употреблива информација по обемот и разнородноста на информациите што ги содржат, ја развиваат свеста на еден народ за него и влијаат за консолидација на постигнувањата и развојот.

Република Македонија и македонскиот народ за својот државен и територијален интегритет и за својата државна и национална самобитност, имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, да се извлечат и да се афирмираат, или да се потсетиме на голем број патините на времето и од опасноста на заборавот да се извлечат голем број знајни и незнајни личности од дијаспората, кои со својот живот, работа и дело, оставиле белег во нејзината историја, во историјата на трудољубивиот и надарен македонски народ и етничка Македонија.

Во книгата се објавени имињата на над 150 познати и признати иселеници, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на Македонската православна црква од нејзиното конституирање до денес, како и дваесеттина текстови за иселеништвото и МПЦ-ОА. Застапени се академици, научници, писатели, новинари, пиблицисти, донатори, хуманисти, патриоти, носталгичари и вљубеници во Македонија. Нивниот број би можел да биде многу поголем. Тоа во случајот не е толку битно, туку битно е што овој импозантен број имиња, значајни за нашата национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, го прикажува македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

mpc-oa
Грбот на МПЦ-ОА

Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградија во темелите во историјата на македонското иселеништво и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид  друштва и асицијации.

Делото е поделено на осум поглавја и тоа на: делови во кои се опфатени личности кои се дел од вистината за христијанството во Македонија, потоа на личности кои се дел од македонската вистина во дијаспората – во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија, печалбарска Преспа и Додаток

Или поконкретно, во првиот дел се дадени текстови за 13 личности кои се дел од вистината за ширење на христијанството во Македонија и во дијаспората, за христијанството како религија на Македонците насекаде во светот, за апостол Павле кој го раширил христијанството преку Македонија во Европа,меѓу кои за: солунските  браќа светите Кирил и Методиј и нивното дело, за свети Климент и свети Наум Охридски, за Македонската православна црква, Охридска архиепископија, за архимандритот хаџи Павел Граматиков, за Метеорите, за света Мајка Тереза и нејзиното дело од Македонија до Индија, архиепископите Доситеј, Михаил и Стефан, за митрополитите Кирил и Методиј, за 40-годишниот јубилеј на Американско-канадско-македонската епархија, за свештениците Кирил Стојановски, Атанас Попов и Илија Донев, за судбината и делото на архимандритот Никодин Царкњас и за авторовите дела поврзани со религијата.

feljton1

Во  вториот дел, пак, се говори за Македонците на петтиот континент од кои се застапени 21 личност. Инаку, македонските доселеници во Австралија со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во Австралија го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на етничка Македонија, а во исто време се дел на американското општество.

Во третиот дел е дадена вистината за Македонците во демократска и мултикултурна Канада и за „Обединети Македонци“, првата македонска организација. Во делот за личностите се презентирани пригодни текстови за 32 личности од етничка Македонија.

Посебен простор во овој дел е даден на личностите кои се вградиле во историскиот развој на првата македонска православна црква во Канада, соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Четвртиот дел е посветен на текстови за судбината на Македонците во Соединетите Амеркански Држави и нивните активности пред Втората светска војна. Во овој дел се застапени дваесеттина личности и други текстови.

feljton2

Во петтиот дел се поместени материјали за Македонците на времено (постојано) вработувањето во европските земји и за делот од активностите на македонската политичка емиграција. Потоа се дадени текстови за: 15 познати и признати личноси од Европа.

Во шестиот дел се презентирани 31 автор на различни дела, бизнисмени, новинари, публицисти, доктори на науки, акадамици и други, кои, покрај тоа што даваат или дале голем придонес на сите полиња на општественото, културното, црковното и друго живеење, тие имаат тесна врска со македонското иселеништво насекаде по светот. Исто така, во овој дел е даден одреден број личности од сите делови на Македонија.

Во седмиот дел се даде текстови за: Печалбарска Преспа и дел од нејзините значајни личности, Преспа како престолнина на цар Самоил, за Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и други споменици на културата, како и 18 познати личности чии корени се од преспанскиот крај. Меѓу нив има академици, амбасадори, писатели, новинари, и со други занимања кои оставиле длабоки траги во севкупното живеење во Преспа и пошироко во Македонија и светот.

Во Додатокот, пак,  е даден се дадени текстови за иселувањето и иселеничката судбина на Македонците од етничка Македонија, текст на англиски јазик за судбината и вистината за Македонсците во светотот, како и заклучоци на германски, француски, руски и српски јазик, со цел да се запознаат и другите читатели со содржината на делото „Македонски иселенички меридијани“.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top