Фељтон

Почетоците на христијанството во Македонија и во дијаспората (2)

hm2-1

hm2-1

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  – ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65 % од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3 % на протестантските, додека 1,2 % припаѓаат на католичките христијани. Прв кој го проповедал евангелието во Македонија бил апостол Павле, каде во тоа време биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството е света Лидија Македонка.

Најголема улога во христијанизацијата на земјата, според традицијата, има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата во Јустинијана Прима, заедно со свети Кирил и Методиј, свети Климент Охридски  и свети Наум Охридски..

Во времето на цар Самуил, Охридската црква била подигната на ранг на патријаршија, за во 1767 година таа да биде укината. По завршувањето на Втората светска војна била основана Македонската православна црква – Охридска архиепископија која се изјаснува како наследник на средновековната Охридска архиепископија.

Во овој дел е даден текст за апостол Павле кој станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања во Македонија. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на кои патувања тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати.

Потоа е претставен архимандритот Хаџи Павел Граматиков – Божигробски кој е познат по тоа што е автор на преводот „Кониковско евангелие” или „Неделното евангелие” на воденски народен говор, што заедно со другите преводи претставува мала книжнина и влијаел и за поставувањето на јазичното прашање во времето на преродбата, како и текст за духовноста на Метеорите во Егејска Македонија.

hm2-2
Свети Кирил и Методиј

Посебен простор е посветен на света Мајка Тереза која беше прогласена за најголема хуманистка на XX век, припаѓаше на Скопје, Калкута и на целиот свет. Папата Франциско ја канонизираше Мајка Тереза на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар” во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации и 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста за прогласување на света Мајка Тереза се пренесуваше во живо на ватиканската телевизија и беше пренесувана на интернет.

За духовно – националното и црковното живеење на Македонците имаат големи заслуги, пред се’ првиот поглавар г.г. Доситеј, кој особено е вреден за потсетување, бидејќи ја возобнови Македонската православна црква и од него се почна. Исто така и четвртиот поглавар на МПЦ – ОА г.г. Михаил има огромна заслуга за афирмација на духовното живеење во Македонија и во дијаспората, особено во возобновувањето на македонското монаштво..

Методи Гогов ќе остане доследен на крстот и мантијата, на олтарот и молитвата, на црквата и Македонија. Но како да се плашеле од неговиот дух, неговиот ум и знаење, па за да се ослободат од него во 1966 година го испратиле да богослужи далеку од Македонија, преку океанот, во Австралија. Но во Мелбурн тој бил свештеник во првата Македонска црква од Македонија „Свети Великомаченик Ѓорѓи Чудотворец“. Тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи работел и неуморно патувал – ги создавал првите црковни општини во Австралија.

Во делото е даден придонесот на митрополитот господин Кирил (Никола Поповски) и неговата улога која беше огромна и остави значајни траги во формирањето на македонски православни духовни, национални и културно–просветни центри во прекуокеанските земји. Тој целиот свој живот го посвети на духовно-црковното и националното обединување на македонскиот народ, на Американско-македонско-канадската епархија и на Полошко-кумановската епархија.

hm2-3
Првата македонска црква во дијаспората „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн

Посебен простор е посветен за Црковно-народниот собор, одржан на 9 октомври 1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска архиепископија „Света Софија“ во Охрид, кога митрополитот Стефан на 10 октомври 1999 година торжествено беше востоличен како петти поглавар на МПЦ-ОА и оттогаш тој ја извршува должноста архиепископ охридски и македонски, а истовремено е и надлежен архијереј на Скопската православна епархија. И покрај 44-годишната возраст на господин господин Стефан, Македонската православна црква–Охридска архиепископија ја вложи довербата во неговата интелектуална и морална зрелост.

Денес надлежен архиереј на Американско—македонско-канадската епархија, една од трите задгранични епархии на Македонската православна црква е, митрополитот господин Методиј, кој  беше интронизиран во „Свети Климент Охридски” во Торонто  на 4 септември 2006 година. Чинот на востоличувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква, неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

Македонското иселеништво во САД и во Канада, преку дејноста на македонските православни цркви, ја доживува својата вистинска црковно-духовна, културно-просветна и сенародна ренесанса и афирмација.

Тоа е, секако, заслуга на матичната татковина – Македонија и грижата на мајката автокефална Црква. Всушност, нашата Светиклиментова автокефална МПЦ-ОА, преку своите духовни мисионери, особено митрополитите Кирил и Методиј, заедно со свештенството се оној “спиритус мовенс“ кој ги мотивира, обединува и инспирира Македонците од сите делови на етничка Македонија во нивното севкупно живеење и творење.

Затоа, за митрополитите Кирил и Методиј и Американско-канадско-македонската епархија е посветен посебен простор во ова дело. Тие, заедно со свештениците и верниците се достојни за почит, оставајќи трајни дела за себе и за идните генерации. Ова зборува дека такви добри дела можат да прават само духовници, институции, примерни во работата, креативни и силни луѓе, докажани дарители какви што се членовите на МПЦ-ОА. Луѓе проникнати со достоинство и искрено и чесно македонољубие. Луѓе со широки и чисти евангелски христијански погледи и љубов кон својот народ и сите луѓе.

Исто така, во овој дел се презентирани и текстови за: Кирил Стојановски и Атанас Попов – првите мисионери во Канада, за Илија Донев – духовникот и чувар на македонската религија, за архимандритот Никодим Царкњас кој е симбол на Беломорието и Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top