Фељтон

Архимандритот Никодим Царкњас – симбол на Беломорска Македонија (12)

carknjas

carknjas

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  – ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, православен монах. Роден е во селото С’ботско, Воденско, Егејска Македонија во 1942. година. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Архимандритот Никодим Царкњас е духовен воин и национален деец кој се бори да го зачува јазикот на својот македонски род.  Поради македонската национална дејност повеќе пати бил апсен. Го издавал весникот „Меглен“, но по интервенција на грчките политичари, било забрането натамошното излегување.

­Тој е роден во 1942 година, во селото С’ботско, егејскиот дел на  Македонија.

Во родното место завршува основно и средно образование. По завршување на средното образование се запишува на богословското училиште во Солун, кое се трансформира во Теолошки факултет. По дипломирањето во 1973 година, бил назначен за ѓакон во манасторот „Свети Пантелејмон“ во селото Пателе, Леринско, а малку потоа, на 21 октомври 1973 година отец Никосим Царкњас станал старешина на црквата „Свети Пантелејмон“ во Лерин.

Родното место на архиманд­рит Никодим Царкњас С’ботско со варијантите Суботско, Соботско и Саботско, на грчки, Аридеа и Ардеја е град во Воденско, денес во општината Меглен, во Егејска Македонија. Тоа е градче чиј број на  населението во 2011 година бил  6.561 жител.

Уште како дете, неговите родители го воспитувале да биде добар христијанин и свесен Македонец. Тргнувајќи по стапките на своите родители, тој станува вљубеник во Бога, добар човек, но и горд Македонец. Како свештеник ќе го проповеда Словото Божјо и Исусовите страдања, но, и за страдањата на македонскиот народ. Со пастирска љубов, тој застанува на чело на својот напатен народ за да се справи со проблемите со кои се соочуваат етничките Македонци во Грција.

sv-zlata-meglenska
Црквата „Света Злата Мегленска„ во Соботско

По долги подготовки, во 1978 година Царкњас го објавува весникот „Меглена“, во кој се обработуваа прашања за вработување на жителите од регионот, како и прашања поврзани со животот и историјата на Македонците. Водејќи сметка за актуелната политичка состојба, во списанието се поставуваат и текстови кои не се од интерес за македонскиот народ, што ќе овозможи првите критики од познати личности од политичкиот живот да бидат позитивни. Меѓутоа, набргу реагираат грчките политичари, воените власти и грчката црква. Митрополитот на Лерин и Преспа, Августин, го укорува Царкњас за употребата на името.

Во 1980 година, на свештеничкиот собор во манасторот „Св Параскева“, Катраница (Еordaia), епископот Августин, искажал многу негативни критики за Македонците. На обвинувањата на леринскиот владика дека шири сепаратистички идеи, Царкњас ќе истакне дека тој е обичен Македонец  кој „се бори за правата на Македонците а не за автономија.“

Сепак, искрата која беше фрлена го потпали антимакедонскиот оган, а леринскиот владика одлучува да го отстрани Царкњас од епархијата. На ваквата одлука се спротивставуваат верниците кои собраа повеќе од 500 потписи во одбрана на Царкњас, Тоа ги изненадува грчките власти, па, по обидите да Царкњас да изврши панахида на местата каде што биле закопани Македонците, жртви на Граѓанската војна, како и да богослужи на македонски јазик, леринскиот владика во 1981 година донесува одлука за расчинување на Царкњас. Меѓутоа, уплашен од големата поддршка од светот и реакцијата на верниците, леринскиот владика одлуката за расчинувањето ја депонира, а го принудуваат Царкњас да ја напушти Леринската и Преспанската епархија.

За случувањата во леринската епархија дознава неговиот пријател од студентски денови епископот Амвросиј. кој во недостаток на свештеници му понудува на Царкњас да работи во Кукуш, Веќе во декември истата година Царкњас почнува да служи во епархијата на Кукуш, а во 1982 година, Никодим Царкњас бил примен во служба во Митрополијата во Кукуш. Во првите четири месеци проповеда во Кукуш, а потоа кукушкиот митрополит го назначил за претставник во градот Агиос Атанасиос во 1983 година.

Месното население на Агиос Атанасиос го засакува Никодим Царкњас и топло го прифаќа „бегалецот“, иако е познат како „сепаратист“. Заедно работат напорно да се изгради голема црква, но процесот за елиминација на Царкњас од страна на „Државната информативна служба“ (ДПХ) веќе бил започнат. Како што распадот на Југославија беше се поизгледен, така се засилуваа активностите на грчката тајна полиција.

Царкњас беше следен насекаде, а по домовите беа делени летоци кои имаа за цел да го оцрнат неговото име. Согледувајќи дека со нивните методи немаат резултати и дека месното население нема да го протера „сепаратистот“, ДПХ се обидува преку Црквата да го отстрани „Царкњас“. Иако работи напорно и претставува свештеник за пример, кој во меѓувреме дипломирал и на Теолошкиот факултет во Атина (1987), митрополитот на епархијата на Кукуш под закана од власта „или Царњас или тој“, му испраќа нему писмо во кое го информира дека има намера да го отстрани затоа што бил „опасен за грчкиот дел на Македонија“.

Под притисок на јавноста (протести), Царкњас останува некое време во Кукушката епархија. Но, грчката полиција не мирува и прави секакви обиди за дискредитација на Царкњас. Во специјалната пропагандна војна против Царкњас, грчката полиција на населението му поделува незгодни експлицитни фотографии, по што Грчката православна црква го обвинува за сериозно нарушување на етиката.

sv-zlata-meglenska-2
Внатрешниот дел на црквата „Света Злата Мегленска“

Меѓутоа, населението не наседнува на играта на грчката полиција и фотографиите ги носи на Солунскиот универзитет, каде на посебна работилница се докажува дека се тие добра фотомонтажа. „И слеп човек би видел дека фотографијата е лажна„- ќе изјави на работилницата еден од присутните универзитетски професори.

По осамостојувањето на Република Македонија на 8 септември 1991 година дополнително се загреваат тензиите во Грција и на Новата 1992 година, четириесет грчки полицајци го апсат Царкњас. Иако месното население се спротивставува и со жив штит го брани саканиот свештеник, грчките полицајци со сила влегуваат во Црквата и го апсат Царкњас. Во монтиран политички процес, Царкњас бил осуден условно на шест месеци заради промена на бравите на Црквата. Откако световните власти неможат да се справат со „опасниот сепаратист и агент на Скопје“, Светиот Синод на Грчката православна црква го изнесува случајот пред црковното правосудство.  На 10 март 1992 година, тие го расчинуваат Никодим Царкњас, но дури по една година консултации одлуката станува правосилна. Во меѓувреме, Царкњас веќе станал свештеник на Македонската православна цеква (МПЦ-ОА), со служба во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Кучково, Скопско.

По расчинувањето од ГПЦ, грчката полиција продолжи со оцрнувањето на името на Царкњас, а тој 13 пати бил осудуван за носење на свештеничката мантија. Сепак, и покрај сите препреки, понижувања, осуди, пресуди и лежења по затвори, поради својата богослужба на македонски јазик, Царкњас не се откажал од борбата  за македонските права во Грција.

Во црквата „Св. Злата Мегленска“Царкњас започна да проповеда на македонски јазик. Со тоа ги разбудува националните чуства кај Македонците од егејскиот дел на Македонија. Со тек на времето, бројот на вернците кој на почетокот поради страв бил мал, се зголемува и се’уште се зголемува. Црквата станува симбол на отпор на македонското малцинство во Грција, кое учи да ги почитува своите корени, но истовремено станува и мета на напади на грчките националисти.

sv-gjorgji-kuckovo
„Свети Ѓорѓи“ Кучково, Скопско

Ваквиот став на Грција, ќе инструира деца кои вандалски ќе се однесуваат кон Црквата и неговиот дом во С’ботско, а Царкњас ќе биде осуден во 2004 година на три месеци затвор за воспоставување и работење на Црква без дозвола, а во 2009 година без докази судот го осудува Царкњас на шест месеци затвор за претепување на 12 годишно дете кое во 2002 година фрлало со јајца и камења врз неговиот дом, иако Царкњас само го привел до полициската станица.

Всушност,  сите кои се осмелија јавно да проговорат за македонското прашање во Грција, меѓу кои и Царкњас, се соочија со државниот систем, кои не прифаќаат ништо што е различно од грчкиот национален мит, а кој вели дека во Грција живеат само Грци, главно православни христијани. Затоа, Царкњас станува еден од  иницијаторите кои покреваат постапка пред Судот во Стразбур против државата Грција, за да се овозможи на законски регистрирана Црква во која ќе се богослужи  на македонски јазик и да се овозможи озаконување на сите црковни и духовни активности.

Архимандрит Никодим Царкњас, со својата смиреност и истрајност, посветена работа за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во денешна Северна Грција, станува една од водечките фигури и симбол на движењето за остварување на националните и политичките права на Македонците од Егејска Македонија.За својата заложба за проповeд на македонски јазик, која претставува своевидна борба за зачувување на јазикот на својот род,  културната манифестација „Македонски духовни конаци“ во август 2009 година му го доделува признанието „Духовен воин“.

Веќе 15 години, расчинетиот од ГПЦ, а никогаш формално не примен во МПЦ, отец Никодим Царкњас во Соботско, ја продолжува својата света мисија. Тој е особено присутен меѓу Македонците во Австралија и Канада кои со почит се однесуваат кон овој македонски страдалник и борец за човекови права.

При една неодамнешна посета на Торонто, Никодим Царкња, заедно со авторот на овие редови беа гости на еден македонски  радио час на кои зборуваа за голем број прашања од духовен и национален карактер. Притоа, дедо Царкња, како милуваат Македонците да му се братат, меѓу другото изјави: 

„Јас сум многу благодарен, бидејќи кога почнувавме беше многу поинаку, многу потешко но, како одминува времето работите се менуваат. Полека, полека, луѓето се враќаат кон корените, кон традицијата. Почнуваат да доаѓаат во Црквата. Многу сум задоволен од македонската младина, која чита и која ја гледа вистината подобро од нивните дедовци и татковци кои се плашат од грчката пропаганда“, рече Царкњас.

Господ да го чува Никодим Царкњас да истрае во неговата света мисија!

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top