Фељтон

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

slave-katin-tekst

slave-katin-tekst

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  – ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра значајна улога во публицистичката дејност на Славе Катин. Тоа беше повод тој да ја подготви публикацијата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД”, во издание на НИО „Нова Македонија”, Скопје, 1991 година, а која содржи 192 страници. Таа е прв и скромен историски обид за периодизација на македонските православни цркви и манастири во прекуокеанските земји. Во овој труд се настојува да се осветли историскиот и развојниот пат на црковните општини и на македонските доселеници. Делото опфаќа подолг временски период што претставува макотрпна, но и одговорна самоиницијативност да се создаде дело кое би го одбележило најважниот период на македонските православни црковни општини и активностите на македонските иселеници во нивните нови средини.

Инаку, македонските православни цркви во пре­куокеан­ските земји се национално-духовни јадра кои го од­ра­зуваат единството и непосредно при­донесуваат за афирмација на пра­тат­ковината. Преку кул­тур­но-просветните, верските и националните фор­ми на со­бирање во маке­дон­ските православни цркви, всушност Ма­ке­­дон­ци­те излегоа од тесните рамки на дејствување и се афир­ми­раа како важ­­на ет­ничка група во новите сре­ди­ни каде имаат развиен општествен жи­вот. Де­нес Ма­­ке­дон­ците во новите средини со гордост ја истак­­ну­ва­ат својата припадност. Уште повеќе, бла­го­да­­рение на улогата на ма­ке­­­донските православни цркви и по­зитивно-ориентираното ма­ке­дон­­ско свеш­тенство, нашите иселени браќа со голем ентузијазам и полет ги одр­­жуваат црковните и народните традиции и со гор­дост го истак­нуваат бо­гатиот фолклор, јазик и творештво, афирмирајќи го ма­ке­дон­ското ми­нато и се­гаш­носта.

slave-katin-tekst-1

Публикацијата „Македонски вознес”, која е монографија за првата македонска православна црква во Канада  „Свети Климент Охридски” во Торонто, е дело на Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова. Тоа е издание на црквата отпечатено во 1994 на  232 страници на македонски и на англиски јазик, а по повод 30-ет годишнината од постоењето на овој значаен македонски храм. Монографијата како вознес на постигнувањата на црковно и национално поле на Македонците од сите делови на Македонија во Торонто, разработува одредени прашања во врска со важноста на активностите на македонската православна црква „Св. Климент Охридски” и овековекување на своето постоење и мисија.

По повод излегувањето на оваа монографија архиепископот охридски и македонски господин господин. Михаил ке го напише следното: „Плодот што го роди дрвото посадено од свети Климент Охридски во Македонија, доведе до создавање на Охридската архиепископија, која денес постои во лицето на Македонската православна црква. Корените, пак, на тоа Светиклиментово дрво се раширија насекаде низ Македонија и светот и стасаа до северноамериканскиот континент, каде изникна еден од најзначајните духовно-национални и културно-просветни храмови што македонските иселеници го имаат – црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто”.

slave-katin-tekst-2

И „Библискиот речник” (1997), на проф. д-р Петко Златески и Славе Катин е првенец од ваков вид на македонски јазик, а е издание на „Библиското здружение на Република Македонија” и на книгоиздателството „Македонска искра” од Скопје. Тој е подготвен да служи како патоказ за истражувањето на Библијата, како помагало за секој љубител и читател на Светото писмо. Тој содржи, главно, историски и археолошки податоци за личностите од Библијата, поединости за настаните, податоци за библиските книги со информации наменети за денешниот културен и религиозен свет. Исто така, дадени се и повремени кратки објаснувања на одделени теолошки термини, пропратени со бројни библиски цитати. На тој начин, доаѓа до израз изворниот мотив за составување на овој Речник, тој да биде не само со научни, туку и со информативни карактеристики.

Речникот е богат со разновидни илустрации кои на читателот му го доближуваат чудесниот свет на Библијата, го освежуваат и оживуваат и на моменти наликува на еден вид мала енциклопедија. Затоа, со право може да се рече дека со својот скромен придонес од областа на библиското проучување, Словото Божјо ќе биде „како дождот и снегот што паѓаат од небото, ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да зеленее, како оган и чекан што крши крапа, но и како духовна храна послатка дури и од восочен мед.

Историјата на Македонската православна црква  се  карактеризира  со  три  основни  фази и тоа:Охридската архиепископија  (XI век до 1967 година); Јурисдикцијата на туѓите цркви во Македонија (1757-1944 година); и  Македонската православна црква олицетворение на Охридската архиепископија (од 1944 до денес). Затоа, во 1994 годна се навршија 50 години самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. Во таа 1994 година, а по повод 25 гидишнината на поклоненијата на светиот гроб на свети Кирил во Рим, излезе од печат делото „Во чест на светите Кирил и Методиј” (1994)од д-р Вера Стојчевска–Антиќ и Славе Николовски-Катин. Тоа е издание на „Матица македонска” и содржи 212 страници.

Во ова издание се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на св. Кирил“ и поколенијата на светиот гроб на св. Кирил во Рим, во период од 25 години (1969-1994).

На делото „40 поклоненија пред гробот на св. Кирил Филозоф”, пак, автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент. Тоа е издание на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него се проследени и јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014).

Д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин се автори и на Монографијата „Ореолот на Дева Марија и манастирот света Богородица во селото Сливница во Преспа”, издание на книгоиздателството „Македонска искра” од Скопје, 2007 година, на 164 страници.    Книгата претставува обид да се осветли култот, славата и честа на Мајката на Исус Христос во светот и во Македонија, особено во манастирот света Богородица Слимничка во селото Сливница во Преспа. Таа го претставува нејзиниот лик кој е интензивно насликан на бројни икони и фрески во македонските цркви и манастири, како и пишани текстови поврзани со неа во бројни староцрковни книги.

Во книгата е даден хронолошкиот развој на култот на Божјата Мајка почнувајќи од нејзиното раѓање па се‘ до денес. Овој дел го прикажува животниот пат на пресветата Дева Марија преку евангелија и текстови од Новиот завет, преку делата на уметници и анонимни автори, преку легенди и митови, преку апокрифи. Посебен дел е посветен на македонските народни песни во кои светата Дева Марија се величи, а прикажан е и список на цркви во Република Македонија кои го носат името на пресветата Божја Мајка.

Во случајов ги претставуваме најпопуларните текстови посветени на Пресвета Богородица. Од канонските состави неминовно е претставено раѓањето на Дева Марија, воведувањето на Пресветата во храмот, благовеста, значајниот настан, раѓањето на Исус Христoс, успението на Света Богородица. Од апокрифните текстови значајно место добива насловот “Одењето на Богородица по Маките”, новозаветен македонски текст. Од средновековната црковна поезија истакнато место зазема “Акaтистот на Пресвета Богородица”, а од молитвените текстови – “Молитва кон Пресвета Богородица”.

slave-katin-tekst-3

Делото, насловено “Македонците во САД и во Канда” (2002), е едно од позначајните дела на Славе Катин, кое, меѓу другото ја содржи и ја презентира улогата на Македонската православна црква во македонските процеси и ефектите од нејзините ангажмани во средината на доселениците, одржувањето и негувањето на вер­ски­те и културните традиции, како и улогата на МПЦ-ОА во односите со соседните земји денес.

Епархијата, како и црквите, се легално регистрирани македонски институции, признати од властите на САД и Канада, а познати и широко при­фатени од Македонците во овие земји. Од 1975 година до денес, Епархи­ја­та секоја година одржува црковно-народни собири, на кои доаѓа до израз заедништвото на македонските до­селеници, на бројните фолклорни групи и спортските екипи.

Тоа му овозможи да навлезе во суштината на проблемите со кои беа преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една подолгорочна и конзистентна државна стратегија кон нив. Тоа е презентирано во публикацијата за Славе Катин од поранешниот министер за култура на Република Македонија, Борче Наумовски, под наслов „Македонски иселенички портрет”, 2004 година, на 192 страници, во кое посебен дел имаат македонските православни цркви во прекуокеанските земји.

slave-katin-tekst-4

Делото, пак, насловено „Илинден во Љубојно и Преспа” (2013) од Славе Катин и коавторот Бошко Рајчовски-Пелистерски од САД е посветено на Илинден, на илинденските иселенички средби во Љубојно и Преспа. Илинден, Втори август е запишан со позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа.

На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија беше конституирана во држава. Во ова дело акцент е ставен на сто и педесетината македонски православни цркви во цела етничка Преспа и на бројни цркви во дијаспората, како дел од црковно-националното живеење на Македонците во иселеништвото.

Крај

„Македонска нација“

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top