Фељтон

Александар Македонски (2)

aleksandar-makedonski-kniga

aleksandar-makedonski-kniga

Урлих Вилкен: СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Александар Македонски“ се дел од истоимениот роман на Урлих Вилкен. Уште во Воведот тој јасно признава дека проблемот е личен и вели: „Секој научник има еден Александар за себе”. Еден од поактивните научници кој во најново време работеше на Александар го потврди случајот кога напиша: „Ние сите ја интерпретираме големата драма на Александар во прифатливите услови на нашето искуство и во нашите соништа”.

Тоа потсетува на Теодор Момсен кој еднаш, во една малку поинаква смисла, напиша: „Оние што живееја низ историските настани, како мене, почнуваат да гледаат дека историјата не е напишана и направена ниту без љубов, ниту без омраза…”

Може да се рече дека современото проучување за Александар почна во 1833 година, со првата публикација на една биографија од Јохан Густав Драјзен. Драјзен е ученик на германската историографска школа од XIX век, која ги разви принципите на современиот критичко-историски метод. Но, уште поважно е што Драјзен длабоко ги следеше историските настани на своето време.

Тој ја виде Прусија кога се појави како моќна германска држава и, во текот на својот живот, се бореше за унификација на германските  народи  под  пруско  водство. Драјзен особено беше оптимист во 1848 година и, навлегувајќи во политиката (во периодот во кој историчарите немаа волја да учествуваат во пишувањето на историјата), тој стана член на Парламентот.

Неговите надежи за германско единство наскоро беа уништени, и, со исклучок на едно кусо враќање на политичката сцена во 1859 година, тој го помина својот живот во пензија, повторно работејќи врз материјалот на древната историја и енергично пишувајќи за Прусија и за германското единство.

Во светлината на своето лично историско искуство и политичката ориентација како пруски националист и жесток монархист, концепцијата на Драјзен за Александар дојде без изненадување. Заплетканите проблеми на грчките градови-држави во класичниот пери-од, заедно со нивните постојани судири и крвави конфликти, не се интересни за Драјзен.

Античките Елини-Грци успеале да ја задржат персиската закана надвор од грчката земја, но со големи напори, и не можеле да претпостават како ќе ја сфати Драјзен подоцна нивната историска мисија. Меѓутоа, случајно се појавил Филип Македонски. За Драјзен, Филип е најголемиот обединувач на античка Македонија и античка Елада-Грција, а неговиот син Александар посредник во ширењето на грчката цивилизација. Александар е светска личност, историски херој кој завршува една и почнува нова, пославна ера. Така нацијата и големиот национален водач се појавуваат како доминантни историски теми.

filip-makedonski
Филип Македонски

Улогите на Филип и на Александар како обединувачи и новатори поединечно влијаеја врз личноста на Драјзен во Германија во средината на XIX век. Згора на тоа, Драјзен е тој кој го објаснува поимот на елинизмот, т.е. спојувањето на грчката со ориенталските култури што го направи Александар и што влијаеше врз курсот на медитеранската цивилизација во наредниот период од античкото време. Концепциите на Драјзен се изнесени толку убедливо што беа прифатени од сите подоцнежни стручњаци за оваа тема. За многу следбеници на Драјзен, Александар остана двигател на светот, иако се разликуваат мислењата за неговите лични мотиви и за точниот опсег на неговите достигања.

Сериозните биографски истражувања за Александар не беа карактеристични за класичните проучувања при крајот на XIX век и во почетокот на XX век. Во овој период повеќе внимание и‘ се обрнуваше на зголемената софистичка техника на историското учење, a особено на развојот на бројните помошни дисциплини како што се папирологијата, палеографијата, нумизматиката и епиграфијата.

Уште повеќе, тоа беше период на класифицирање и каталогизирање на разните видови податоци. Десетина илјадници ракописи беа собрани, уредени и публикувани, текстовите од најпознатите грчки и латински писатели беа ревидирани според последните филолошки и палеографски техники. Потоа, беа составени значајни лексикони за древните јазици, а беа собрани монументални енциклопедии и извршени библиографски прегледи.

Британските и германските универзитети, каде што постоеше силен дух за класичното учење, успеаја да го средат големиот број вредни податоци и да им обезбедат на истражувачите подетално запознавање со антиката зазеле став, дека техничката методологија употребена во изучувањето на историјата докажа дека сите подоцнежни биографи на Александар четиристрано се потпираат врз Драјзен. Што се однесува до Александар на Вилкен, Валсер оди малку подалеку отколку новото издание на Драјзен. Валсеровата статија обезбедува добро подредени податоци за историските студии за важните аспекти на кариерата на Александар.

Уште повеќе, следејќи го современиот „татко на античката елинска-грчка историја”, Џорџ Грот, се појавија голем број разбирливи истории за античка Елада-Грција. Бидејќи Александар е важен дел од античката елинска-грчка историја, тој му дава истакнато место. Имињата на историчарите Белох, Бусолт, Мајер и Берве се исто така значајни.

Bo 1926 година, Хелмут Берве ја објави книгата „Александриски просопографски основи” на германски јазик. Германската традиција за педантно класифицирање е присутна и во ова време и во ова вредно дело во кое сите податоци за имињата од античките извори за Александар се собрани и средени во енциклопедиска форма. Така, за да се добие информација за Хефестион, другарот на Александар, на пример, потребно е само да се побара името Хефестион во Берве и ќе се најде се‘, вклучувајќи ги и цитатите од сите извори на информации, како и критички коментар за карактерот на податокот.

Потоа во 1927 година се појави првиот том од серијата „Фрагменти од грчката историја” (изд. Ф. Јакоби), која содржи нови средени текстови и коментари на стотици фрагменти од непознати историчари од времето на Александар. Како резултат на оваа голема активност, сега постои на располагање добро среден документарен материјал кој служи за нови проучувања на Александар.

Биографијата на Александар имаше нов тек во дваесеттиот век со појавата на шесте тома на книгата „Античка историја” печатена во Кембриџ, во која В. Тарн дава голем број податоци за младиот македонски монарх. Тарн, кој остана најголем елинистички исто-ричар на овој век, напиша неколку кратки студии за Александар, во кои ги развива идеите определени да го направат неговиот Александар човек за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век. Тарн ја зема основната концепција на Драјзен за Александар како двигател на светот и на тоа му додава димензија на една нова социјална филозофија. Аристотел смета дека само античките Елини-Грци можат да владеат, а странците да бидат потчинети.

Но, кога Александар се закани да ги обедини срцата и да направи сојуз меѓу античките Македонци и Персијците, тој првпат го прокламираше братството на народите, братството меѓу луѓето… Александар ја прифати визијата на Зено за свет во кој сите луѓе треба да бидат членови здружени еден со друг, граѓани на една држава без разлика на раса и државно уредување да се покорат и во слога со основниот закон што постои во светот, да бидат обединети во еден социјален живот, не со принуда, туку по сопствена волја или (како што тој прокламираше) со љубов.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top