Фељтон

Александар Македонски (3)

aleksandar-makedonski-3-1

aleksandar-makedonski-3-1

Урлих Вилкен: СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

Според Урлих Вилкен Александар е човекот за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век. Меѓутоа, кога критиката го нападна Александар на Тарн зашто беше премногу идеалистичен, тој одговори во еден научен труд дека Александар бездруго бил првиот кој размислувал за обединување на човештвото. Неговата унија ја опиша (употребувајќи го терминот „хомонија”) како една од најголемите револуции на човечката мисла.

Тарн беше адвокат по занимање, a им посвети големо внимание на овие настани со цел да го поддржи својот став и покажа бистроумност во работата. Неговата лоша здравствена состојба го присили да се повлече во 1905 година, a co тоа беше спречен остатокот од својот живот да го посвети на историските работи. Тарн беше добро ситуиран и не сметаше дека треба да бара универзитетска позиција како средство за помош. Сместен на својот шкотски имот, повремено патуваше во Лондон за да прибере материјал. Тој живееше „добар” живот на повисоката британска класа.

Една критика се однесува на: „мирниот џентлменски и спортски Александар на Тарн”, дополнета „со извонредни погледи за животот, смртта и честа, како и за воздржаноста во љубовта и виното кои се здружени во англиското благородништво”. Тарновиот идеалистички Александар стана доминантен портрет. Покрај тоа, пореалната и поточната (иако можеби помалку интересна) концепција на Вилкен избледе кај поголемиот број проучувачи на оваа материја.

Делумно како одговор на критиката кон него, a сигурно во одбрана на делото на својот херој, во 1948 година Тарн ја издаде книгата „Александар Велики” во два тома. Првиот том претставува кратка биографија за Александар, малку ревидирана верзија на него-вите поранешни статии од книгата „Античка историја” издадена во Кембриџ, во која главните тези за мотивите и концепциите на Александар енергично се презентирани.

Вториот том со поднаслов „Потекло и студии”, е серија на проучувањата на главните про-мени во учењето на Александар, како и детално размислување за потеклото на проблемот. Иако следбениците не се сложуваат во целост со погледите и заклучоците на Тарн, општа е оцената дека ова дело претставува чекор напред во проучувањето на Александар, манифестирајќи ја внимателната истражувачка дејност и ерудицијата со која авторот го изгради портретот на Александар.

Спротивно на идеализираниот лик од Тарн, A. P. Брн врз Александар фрла друга светлина. Одличен генерал, моќен владетел, силна личност, Александар на Брн остава послаб впечаток надвор од античкиот грчко-римскиот свет. Неговата империја пропадна, па дури и митологијата ја опкружи неговата личност, која формира широка традиција во азискиот фолклор, и беше единствен производ на класичната романтичност.

kartata-na-makedonskata-imperija
Картата на Македонската Империја

За Брн единствена заслуга на Александар е проширувањето на македонското и грчкото влијание на Исток, но ова го исцрпе елинизмот и ги спречи античките Елини-Грци да се здобијат со доволна моќ за да ја одбијат римската доминација. Можеби ниту еден од современите писатели не се противставувал толку силно на стандардната интерпретација на Александар како историски херој.

Вo 1949 година, Ф. Шахермаер ја издаде книгата „Александар Велики, неговата природна надареност и моќ” на германски јазик и претстави таков Александар кој, според еден критичар, е како „концепција што би била невозможна пред Хитлер и Втората светска војна”. Александар на Шахермаер е брилијантен, иако немилосрден, човек со амбиција кој ја определил и границата на античка Македонија, која беше малечка, па затоа решил да го прошири својот свет и своето кралство.

Поседувајќи силно его и неограничена моќ да дејствува решително, овој Александар успешно ги отфрлил ограничувањата на македонското феудално благородништво и во Азија се покажал како немилосрден.

Немилосрден, моќен и мистичен, тој го урнал стариот поредок и создал нова светска држава, според своето сопствено убедување. Однесувајќи се „како млад нацист што се изгубил во Алпите”, се покажал способен да го исполни сонот за освојување на светот. Ваква е концепцијата на Шахермаер, која делумно е предание започнато од Драјзен, но секако речиси поинтензивирано врз искуството во Германија. Шахермаер на крајот се зазема за тоа дека светот видел многу титани, па нека се соочи уште со еден.

Во последниве години делото на Ернс Бадијан придонесе да се разбере Александар преку претставување на делото на Тарн и друг вид критика. Бадијан како и Шахермаер го поддржува мислењето дека Александар барал пошироки хоризонти отколку неговото кралство во античка Македонија.

Издигнат на престолот од благородниците, кои се надевале да владеат преку него, Александар наскоро сфатил дека треба да ја зачува својата независност од различните античко-македонски фракции на кои тој им бил играчка.

Редејќи успех по успех на бојните полиња во Азија, Александар почнал да,ги заменува постарите антички Македонци со други луѓе. Многумина протерал од својот двор и станал крал со свое сопствено владеење. Цената што ја платил за својата слобода, меѓутоа, била бариера што ја изградил меѓу себе и европските традиции, бидејќи Александар се однесувал како ориенталски деспот.

Тој не бил способен да се повлече од врвот на моќта, кој во исто време бил и врв на осаменост. Бадијан не дава точни биографски податоци (а се очекуваше дека тој ќе го стори тоа), но Александар кој почна да се појавува во неговиот популарен напис е човек кој се искачил на врвот со цел да се пронајде себеси, но притоа се одделил од своите сопствени обичаи, а станал немилосрден поради несигурноста.

Александар на Бадијан е чист прагматист без да поседува филозофски погледи на светот што му ги дава Тарн. Кај Бадијан тој е со особена волја одвреме навреме да го искористи секој погоден миг за да ја постигне својата цел. Ова е еден неморален Александар, целосно окупиран со борбата за да ја осигура својата позиција како апсолутен господар.

Co цел да го добие ова, а поттикнат од својот огромен талент, тој ја завршува едната и достигнува друга ера. Тоа е се‘ уште слика на светски сподвижник, чии мотиви се поврзани со неговите сопствени амбиции и намери за опстанок.

Џори Радет направи мистичен Александар, убеден за своето потекло од Бога, барајќи ја својата апотеоза во Индија, а однесувајќи се како во „Илијада”. Пленувачката прикаска на Радет е современ роман, ставен во религнозни и политички рамки, но дава особености на карактерот на Александар што го привлекува современиот читател. Тоа помага да се објасни каризматичкото држење на субјектот што секогаш се манифестираше за време на приемите.

Ц. А. Робинсон, помладиот, пак, следејќи ја традицијата на Тарн, ја прифати идејата за сонот на Александар за братството меѓу луѓето. Портретот што го направи Робинсон за Александар фрла поголема светлина, а избегнува многу од преданијата непријатни за кралот. А има и други Александровци.

Испитувањето на литературата покажа дека до биографијата на Вилкен (1931), се појавија повеќе од педесет серии биографски проучувања, поголем број белетристика, вклучувајќи ги и романите, поезијата и драмата, а и бројни преводи и критички есеи за постари епски песни. Нема сомнение дека популарноста на Александар продолжува со несмалено темпо и во сегашно време.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top