Фељтон

Александар Македонски (5)

aleksandar5-1

aleksandar5-1

ИЗВОРИ ЗА ВИСТИНАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Според Урлих Вилкен. Александар го добил епитетот „Велики“ од Римјаните. Имено, се знае, дека Александар е многу популарна личност во сериозни историски пишувања и во прикаските, дека тој го заслужуваше епитетот „Велики”, дека славните Римјани се споредувале со него и дека неговиот вечен дом во Александрија стана место на аџилак за многу прочуени луѓе. Прикаските за Александар очигледно се едноставни и вистинити или невистинити, евентуално го формираат главниот дел на литературата, односно само оној дел што е зачуван.

Оригинален извор за походот на Александар во Азија е Калистен од Олинт, кој бидејќи беше внук на Аристотел, беше препорачан на Александар. Калистен беше си обезбедил место како славен историчар за античка Елада-Грција во четвртиот век пред н.е. и во тоа учествувал со силна желба, станувајќи хроничар на амбициозниот млад крал. Задачата што му била дадена од Александар има две значења: да води официјална историја за походот во Азија, односно да води белешки и кога ќе се врати да ги публикува во античка Елада-Грција. Но, македонскиот владетел не бил во најдобри односи со античка Елада-Грција.

Иако имале желба да го поддржат Александар во Азија, каде што би бил помал проблем за нив, тие вистински не го сакале. Така задачата на Калистен била да го направи Александар поприфатлив кај античките Елини-Грци, да ги објавува извештаите за активностите на кралот кои ќе ги убедат Елините дека нивниот владетел не е примитивен македонски селанец.

Co време, меѓутоа, односот меѓу кралот и историчарот се изменил откако Александар присвоил некои церемонијални обичаи од Азија, карактеристика на животот во дворот против кои дури и ласкавецот Калистен бил против.

Смртта на Калистен во 327 година пред н.е. силно се одразила врз пренесувањето на кажувањата за Александар. Прво, дошло до застој на „официјалните” податоци, како што била пропагандата што се испраќала во античка Елада-Грција и хрониката што ја водел Калистен. Второ, неговата смрт веројатно предизвикала реакција против Александар меѓу членовите на школата на Аристотел.

Се спомнува дека мнозина од следбениците на Аристотел, меѓу кои биле вклучени и некои од најдобрите писатели и мислители од тоа време, го прифатиле непријателскиот став спрема Александар, поради егзекуцијата на внукот на големиот филозоф. Анти-Александровата предрасуда се задржа дури и до денес. Така, многу од последните преданија за Александар не се темелеа само врз ласкавото пишување на Калистен, туку и врз пост-Калистеновото непријателство.

Други елинистички преданија се темелат врз лични сеќавања. Александар не успеа да номинира наследник. Набргу по неговата смрт, целиот источен Медитеран и западна Азија биле зафатени со непријателска војна помеѓу неговите војсководци. Борбата за наследство продолжила и траела околу две децении.

Во почетокот на третиот век пред н.е., меѓутоа, потомците решиле да се изврши поделба на старата Алексан-дрова империја во бројни елинистички кралства. Освен тоа, кога војната завршила, некои од генералите кои се бореле на страната на Александар, започнале да ги пишуваат своите мемоари (генералите во секое време не се воздржувале од пишување).

2

Плутарх

1

Во целост, раскажувањето на Плутарх е поволно за Александар Македонски, на некои места е многу трогателно и е изведено од бројни извори, од кои некои тој ги именува. Ако се суди според бројот на другите писатели што тој ги цитира, Плутарх бил еден од најчитаните во античко време. Никој толку многу не успеал во формирањето на преданијата на својот „Александар”. Изгледа дека неговиот одбран начин на композиција го прави ова возможно.

Диодор презентира дури и поголеми проблеми. Никаде во книгата за Александар Македонски не ги спомнува изворите на податоците, иако има доста заедничко и со Плутарх и со Аријан. Диодоровото кажување обично е бледо, често конфузно во одговорите на прашањата за хронологијата и географијата и заостанува во идентификацијата за големата тема или за мотивот во животот на Александар Македонски, зад улогата што Фортун ја игра во определувањето на курсот на човековите дејства. Тој е автор кој дава многу подобар материјал, но кој мора да се употребува со внимание се‘ додека не се каже за неговите методи и традициите што ги следел.

Куртиус, пак, ни дава најколоритни зачувани историски податоци. Неговата книга History of Alexander (Историја за Александар) e високо реторична, загонетна со невозможен јазик, a содржи добро определени неласкави преданија. Во содржината на неговата книга се дадени и информации за бројот на настаните, забележани на различни места, иако често е тешко да се определи до која мера ваквите кажувања се веродостојни.

Природата на книгата History (Историја) од Куртиус е таква што ги поведе современите критичари да се сомневаат дека неговиот главен извор е Клитарх, како мноту популарен автор кој веројатно пишувал во третиот век пред н.е., а чија лага за значењето на подвизите на Александар можела да биде најшироко позната во класичниот свет. Освен тоа, Куртиус дури и го спомнува Клитарховото име во две пригоди, и доколку Куртиус навистина се потпирал врз Клитарх, за кого класичната антика има лошо мислење како сигурен историчар, тогаш изворот на Куртиус е сомнителен.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top