Фељтон

Александар Македонски (12)

am12-1

am12-1

ГОЛЕМИОТ ГЕНЕРАЛ, ДЖАВНИК И ДИПЛОМАТ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

Архелај, кој потоа ја зеде круната, користејќи ја положбата, иʼ даде на својата држава зголемена милитаристичка и политичка важност. Тој изгради тврдини и патишта од воен карактер и темелно ја реорганизира војската, посветувајќи посебно внимание на опремувањето на пешадијата.

Во пресудата на Тукидитците, тој сам направи повеќе од своите сам од претходници заедно. Неговото вклучување во конфликтите со тесалиското дворјанство сведочи за зголемената ударна сила на Античка Македонија. Архелај има заслуги и за воведувањето на античката грчка култура во својата земја, дури повеќе за тоа настојуваше од Александар I, Филелинот.

Во својот дворец во главниот град Пела, Архелај успеа да развие богат интелектуален живот, поканувајќи најславни поети и уметници од тоа време. Еврипид ги помина со него последните години од својот живот и таму го напиша делото „Бахатки”, а во чест на својот кралски покровител делото „Архелд”. Тимотеј, големиот и славен музичар и поет, беше еден од неговите гости. Тој дозволи дворецот во Пела да биде украсен со цртежи од Зевс. На Дион во Пиерија под планината Олимп, каде што имаше стар култ на музите, тој постави сценска приредба во чест на Олимпискиот Зевс и музите.

He ce знае каков беше ставот на античките македонски дворјани кон воведувањето на античката грчка култура од нивниот крал, што наведува да се мисли на последните дворци на Диадохите (наследниците на Александар). Веројатно не беше лесно тие да се помират со навлегувањето на античката грчка култура. Но, историjата покажува дека семето не беше фрлено залудно.

Престижот достигнат од Архелај имаше краток век. По неговото убиство (399) започна еден мачен период од четириесетина години. Жестоките борби внатре и надвор на соперничките кандидати за престолот и ненадејните напади од Илирија и Тракија, толку ја ослабија античката македонска држава што на крајот таа стана зависна на постапните предоминантни сили на Елада, а под Аминта стана должник на Илирите.

Вистинското постоење на државата беше доведено до питачки стап, кога во 359 година кралот Пердика, синот на Аминта, беше поразен од Илирите во големата битка и погубен со своите 4.000 луѓе. Од сите страни непријателот навлегуваше во земјата и не помалку од три освојувачи, поддржани од странски сили, се кренаа против Филип Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој како регент ги зеде во свои раце уздите на владата во корист на својот внук Аминта, младиот син на Пердика.

am12-2
Пела

Во тој најкритичен момент на македонската историја, Филип Македонски, кој тогаш беше дваесет и четиригодишен, поседуваше огромна енергија и вештина. Co брилијантните оружени подвизи и со суптилна и итра дипломатска вештина, тој брзо успеа во отстранувањето на опасностите однадвор и однатре и наскоро се прогласи за крал на античката македонска војска.

Во првата година од своето владеење Филип Македонски со своите сили постигна голем успех. Неговите извонредни способности како генерал, државник и дипломат, кој и обезбеди брз и целосен спас на државата, ни го објаснуваат и извонредниот успех на неговата кариера. Сепак, величината на овој човек не беше сфатена сеʼ до деветнаесеттиот век.

Единствено извонредните успеси на неговиот син Александар Трети Македонски ја осветлуваа неговата слава до тој период. Сеќавањето за него беше спречувано од најголемиот оратор на Античка Грција, Демостен, кој беше негов политички противник, кој жестоко го напаѓаше во своите извонредни говори и во интерес на својата политика сред Атињаните, искривено и со омраза го претстави ликот на Филип „варваринот”.

Особено во времето на класицизмот, сите беа заслепени од она што се случуваше за времето на Демостен и прифаќајќи го сето тоа буквално, животниот пат на Филип Втори Македонски беше оценет единствено врз атинско гледиште, а исто така и од становиштето на Демостен. Тоа беше нагласено од политичките карактеристики на периодот. Бартолд Георг Наибур имаше голема омраза спрема Филип Македонски, кого во својата концепција на историјата, го споредуваше со Наполеон, а пред Аустерлиц го објави преводот на првото дело „Филипик”, на Демостен, за да направи политички ефект против „бунтовникот” како што е прикажан со мотото што стои на него.

am12-3

За да се создаде вистинска слика за Филип Македонски, историчарите треба прво да се ослободат од атинското и од Демостеновото гледиште. Тоа современо иследување, според примерот на Ј.Г.Драјзен, се‘ повеќе е насочено кон едно правилно гледиште дека македонскиот крал Филип мора да се оценува само преку остварувањето на античките македонски интереси.

Доколку тоа се прави сега, Филип Македонски ќе се претстави како еден од големите владетели на светската историја, не само поради тоа што ги постави темелите на подвизите на својот уште пославен син Александар Македонски, кој со својот сопствен гениј изгради еден нов свет, туку и како човек кој имаше далекусежни погледи и постигнувања.

Овде нема доволно простор детално да се објасни на кој начин Филип Македонски, почнувајќи од малата држава што ја создаде, постапно ја зголемуваше во секој период; на запад ги победи Илирите и оствари влијание над Епир, на исток се бореше против Тракијците, на север втаса до Дунав, а на југ со борба го обезбеди брегот на морето што беше суштествено за македонскиот развој, како и за развојот на полуостровот Халкидик, ја победи Тесалија, а порешително се замеша дури и во античките грчки работи.

Сите овие зафати кои го прикажуваат во калеидоскопски модел и активен ту овде-ту таму, само се одраз на една голема идеја што тој ја поседуваше многу порано, можеби од        почетокот, за да го направи својот македонски народ господар на целиот Балкански Полуостров.

Оваа империјалистичка програма беше подигната на највисок степен во неговата политика со поцелосното воведување на античката грчка култура, преобразувајќи ја Античка Македонија во вистинска цивилизирана држава. Тоа беше она што силно го поттикна неговиот владетелски карактер. Примерот на Архелај беше следен од Пердика, кој на дворот се здружи со платонистот Ефро и од него ја научи геометријата и филозофијата.

Филип Втори Македонски привлече многу истакнати Елини на својот двор. Тој со успех ја реализира идејата, поканувајќи го Аристотел да го воспитува наследникот на престолот и презеде чекори за големо приспособување на елинската култура во својата сопствена земја: го воведе јазикот на Атина во врховниот суд, како и во администрацијата и при формирањето на својот милитаристички систем ги следеше античките грчки модели. Иако се познати само мал број резултати од овие напори, сепак тие јасно покажуваат на неговата главна намера: да се интензивира елинизацијата на својата земја.

Оваа политика на цивилизирање имаше последици. Доколку таа беше цел на Филиповиот план да доминира не само над главниот дел на Балканскиот Полуостров, туку и над Елада, тој не можеше да ги обедини античките Грци, како што направи со Илирите и Тракијците во својата Античка Македонска империја, туку мораше да најде некоја друга форма за обединување која би го зачувала лицето на античките Грци, а нивната положба да биде значително поподнослива. Нему притоа му беше јасно дека контролата над Античка Грција неопходно ќе го вовлече во конфликт со Персиската империја, зашто со Кралскиот мир контролата и врховната власт на Елада му припаѓаа на персискиот крал.

Од друга страна, пак, доколку Филип Македонски сакаше да ја победи Тракија и северните брегови на Пропонт и Босфорот, а тоа беше негова голема желба, со цел да го обезбеди овој воден пат, да ја прошири и да ја заокружи својата империја до брегот на Мала Азија, тоа не можеше да го направи без војна со Персија. Во врска со барањето на Исократ, може со сигурност да се тврди дека многу одамна, покрај непосредната цел за осигурување на Балканскиот Полуостров, Филип Македонски беше обземен и со идејата, иако само како далечна цел, за елинистичка комбинација за војна против Персија.

am12-4

Тоа се разбира само по себе дека Филип, господар на дипломатијата, сите овие идеи и планови за иднината ги држеше притаени во своето срце. Но, ако требаше тоа да го изврши, тој бараше војска која ќе биде готова да војува. Без сомнение, и со варварите, па дури и повеќе со античките Грци, тој често ги постигнуваше своите цели со подмитување, но главно неговите успеси се должат на неговиот добар меч. Неговата реорганизација на македонската војска е навистина дело на гениј, а бидејќи беше креаторот на воениот систем, што Александар Македонски го презеде, мора да му се оддаде извесно признание и за тоа.  

Важно е дека Филип Македонски во својата младост три години живееше во Теба како заложник и таму се запозна со стратешките методи на Епаминонда. Кога дојде на престолот, ja презеде и ja започна реорганизацијата на војската така нанаречена „кос строј на борба”, изум на Епаминонда, која предизвика револуција во тактиката. Дотогаш Елините обично се бореа во паралелни линии.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top