Фељтон

Александар Македонски (20)

am20-1

am20-1

АЛЕКСАНДАР ЈА ПРОШИРУВА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ РЕКАТА ДУНАВ

Откако Александар Македонски беше признат за хегемон на Лигата додека е жив, се состана стариот Совет, како што порано беше случај со татко му, и го назначи за генерал со неограничена моќ за напад и одмазда против Персија. Може да се претпостави дека резултатот од Конгресот остави многу поинаков впечаток кај Александар, отколку кај неговиот татко.

За Филип Македонски, замислената борба на одмазда беше единствен изговор и инструмент на политика да ја направи Античка Македонија голема сила. Меѓутоа, Александар Македонски, во кого Аристотел влеа љубов кон античката грчка култура, требаше да ја прими панелинистичката идеја со најголем ентузијазам, a доби и можност да ја пренесе таа култура во Азија. Исто така, тој имаше и личен мотив, а тоа беше примерот на неговите прадедовци, особено на Ахил.

Откако премина во Азија, беше полн со романтични замисли дека тој како втор Ахил ги води античките Грци против варварите. Но, во исто време тој отиде таму и како крал на Античка Македонија, со цел да освои нови територии. И покрај тоа што не можат да се доловат неговите намери и во која мера се остварија неговите планови во текот на првите години од азискоатичката експедиција, а и колку многу беше преокупиран со панелинизмот, сепак можат да му се припишат два аспекта на неговите цели во однос на војната.

Колку повеќе пасионираниот Александар Македонски копнееше за почетокот на своето војување за одмазда, толку повеќе се гледа дека по враќањето од Коринт, во зимата на 336-335, не беше подготвен да премине во Азија. Но, претпазливо и со ладен израз, што беше карактеристично за него во врска со стратешките прашања, мислеше дека е неопходно да воспостави добри односи со северните варвари, со цел да ја заштити таа страна на државата пред да тргне на пат.

am20-2

Најголем проблем за Александар Македонски беа Трибалијанците, тракиско племе, населено меѓу Стара Планина и Дунав, со кои војуваше и Филип Македонски, но не ги покори. Намерата на Александар беше, ако е можно, да се прошири до Дунав, со цел да обезбеди за неговото кралство определена и природна северна граница. Значи, политичката цел беше таа што го тераше кон север, а не како што се претпоставуваше „незаситната човечка жед за храбри дела”, која во тоа време поскоро би го испратила во Азија.

Во својата прва експедиција Александар Македонски ја покажа решителноста со која секогаш ги подготвуваше воените операции. Тој испрати воени бродови од Византиум преку Црно Mope до Дунав и им нареди да пловат до местото што го определи за таму да се спојат со копнените сили. Доколку ги најдеше бродовите на определеното место, може да се заклучи дека имаше точни информации за територијата на непријателот.

Инаку, во експедицијата на Дунав, како и во наредните операции во 335 година во Илирија и Античка Грција, можат да се согледаат сите одлични елементи на неговата стратегија и тактика, кои го направија најславен командант на сите времиња.

Ова уште повеќе заслужува да се истакне, бидејќи Парменион, доверливиот стар генерал на татко му, кому неоправдано му се припишуваат сите подвизи на Александар Македонски, тогаш беше во Азија и не учествуваше во походот. Co Александар Македонски не беше ни Антипатер, друг голем генерал на Филип Македонски, кој беше оставен во заднината со дел од војската, за да го одржува редот во кралството и во Елада.      

Во пролетта во 335 година Александар Македонски замина од Амфипол. Напредуваше од Стримон долж морскиот брег до Места (Карасу). Следејќи го правецот во внатрешноста, сврте кај Филипопол, место според името на татко му, и втаса до Коча на Стара Планина каде што го најде преминот Шипка, окупиран од независните Тракијци кои ја обезбедија својата положба зад тврдината направена од товарни коли.

Кога пробаа да ја скршат фалангата со тркалање на колите, Александар им нареди на своите луѓе да формираат премини, низ кои ќе поминат колите, а тие да се соберат во збиена формација со штитовите над главите, преку кои ќе поминат колите како преку покриви од штитови без да им нанесат некаква штета.

Во овој момент на опасност, маневрите беа изведувани нечујно и прецизно како на парадно место, така што ниеден војник не беше загубен, а тоа не потсетува на средба со една силна војска што Александар Трети Македонски ја наследи од својот татко.

Кога Шипка беше заземена со напад, Александар Македонски се спушти кон северната рамнина. Сирмос, трибалијанскиот крал со својата жена и со децата на својот народ побара спас на еден остров во Дунав, чија положба тешко може да се идентификува. Можеби тоа било во близината на Никопол. Трибалијанската војска која се повлече кон југ претрпе уништувачки пораз.

Три дена подоцна кога Александар Македонски пристигна до реката Дунав, таму се сретна со својата флота. Бидејќи бреговите на реката беа многу стрмни, Александар Македонски не успеа во својот обид да слезе со единиците на островот на кој Сирмос беше засолнат.

Тогаш кај Александар Македонски се појави брилијантна идеја. Така, со изненадувачко демонстрирање на сила го скрши отпорот на непријателот. Тој одлучи ненадејно да го премине Дунав, a co тоа го натера да бега Гета кој живееше од другата страна на брегот, со што го принуди Сирмос да се предаде. Кон овие политички и војнички цели, треба да се додаде уште еден чисто личен мотив. Во најдобриот извор на информации првпат се вели дека Александар Македонски ја зазел таа земја со цел да го премине Дунав.

Ова беше само желба за непознатото, неиспитаното и мистериозното, кои во подоцнежните години го одведоа неодоливо во други краеви на светот. Cera неговата млада душа, во која беше туѓа секоја идеја за освојување на светот, го поттикна да фрли поглед на непознатиот и туѓ свет надвор од границите на своето кралство.

am20-3
Александар Македонски на Дунав

Многу тивко се подготви за премин преку реката Дунав. Беа собрани чуновите за риболов на тамошното население, а платната од шаторите ги наполнија со сено да им помогнат при пливањето. Co вакви примитивни методи и со помош на својата флота ја искористи тивката и темна ноќ да префрли преку река што е можно повеќе единици.

Предзори, Александар Македонски веќе имаше 1.500 коњаници и 4.000 пешаци од другата страна на брегот. Рано изутрината тој ги поведе единиците низ нивите со пченка и ги замаскира. Потоа изврши јуриш со коњицата и се судри со Гета кој беше улогорен пред својот град. Целосно изненаден од овој речиси непоимлив брз налет на Александар Македонски, иако беше посупериорен по број, Гета се повлече назад во градот, набрзина ги качи жените и децата на коњи и исчезна во степите на север.

Александар Македонски го опљачка и го уништи градот, потоа на северниот брег на Дунав принесе жртва на Зевс Спасителот, на Херакле и на Богот на реката кој му дозволи да ја премине, а истиот ден ја поведе својата војска назад во логорот на јужниот брег, без да загуби ниту еден војник.

Оваа речиси неверојатна акција, бездруго, имаше определени резултати. Сирмос и неговите Трибалијанци му се покорија на Александар Македонски. Другите соседни племиња јужно од Дунав исто така испратија дипломатски претставници кај кралот и му го изразија своето почитување. Славата на неговото дело се слушна дури до Келтите, кои потоа се повлекоа источно од Јадран и испратија амбасадорски претставник за да го замолат за пријателство. Теророт што Александар Македонски го спроведе имаше долготраен ефект. Имено, тоа беше педесет години пред Келтите да ја нападнат Античка Македонија и Античка Грција.

am20-4

Александар Македонски се враќаше во Античка Македонија преку западниот пат низ Пеонија, но во близината на Софија во регионот на Агријан, беше информиран од едно негово верно племе дека Клеит, кралот на Илирите, се побунил. Веднаш потоа (околу август) Александар замина веројатно откај Ќустендил, преку Еригон (Црна) до важната граница на тврдината Пелион, преку преминот од Горна Македонија до Илирија.

Тој дел, всушност, беше во рацете на непријателот. Александар Македонски веројатно успеа да ги прогони Илирите од високите предели, опколувајќи ги во градот, меѓутоа, беше спречен со доаѓањето на таулантијанскиот принц Глауција, кој им се придружи на бунтовниците. Александар Македонски мораше да отстапи и само со извонредна маневра успеа да ја избегне опсадата.

Најпосле, непријателот беше поразен со изненадување во отворена битка, по што се повлече во тврдината Пелион, го запали градот и избега. Така, колку што судирите беа поризични, толку Александар Македонски полесно победуваше. Имаше среќа и брзо ја постигнуваше својата цел. Веднаш по освојувањето на Пелион, му пристигна веста за опасното востание што се крена во Античка Грција, за кое беше потребна неговата брза интервенција.

Инаку, во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме преку „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top