Фељтон

Македонија од 1912 до 1941 година (прв дел)

Злосторства од страна на грците врз македонското население во Егејска Македонија

Од
Академик Катарџиев во книгата
„Македонија во 20 век“
издадена од „Култура“

Голем дел од македонското население било мобилизирано и се случувало најблиски роднини, вклучително и браќа, да носат различни унифиорми. Тоа значело дека тие морале да се борат едни против други и да гинат за туѓи интереси.

МАКЕДОНИЈА – ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА

Грците не ги прогонуваат само сите живи Македонци, кои еднаш ги именуваат ’бугарогласни’, втор пат ’словеногласни’ туку и сите мртви Словени (Македонци) чии гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие ниту во гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите на македонските натписи , ги вадат коските од гробовите и ги горат“. Овие зборови ги запишал еден Англичанец кој во 1928 година пропатувал низ повеќе места во Егејска Македонија вчудовиден од теророт што го вршеле Грците врз Македонците.

Злосторства од страна на грците врз македонското население во Егејска Македонија

Злосторства од страна на грците врз македонското население во Егејска Македонија

За Македонците особено тешки биле годините по Грчко-турската војна од 1919 до 1922 година. Со потпишувањето на Конвенцијата за размена на население, Грција населила 640.000 бегалци од Мала Азија во Егејска Македонија, што целосно го изменило етничкиот состав на населението. Бегалските семејства ги сместувала во куќите на Македонците и им ги делела нивните имоти продолжувајќи со нивно принудно иселување, со насилства и убиства. „Оваа појава беше најкарактеристична во пограничните реони со цел животот на Македонците да се направи неподнослив. Присилното сместување беше проследено и со одземање ниви, инвентар и друга покуќнина“, пишува Тодор Христов Симовски во “Населените места во Егејска Македонија“.
Егејска Македонија
Во тие страшни години најголемиот терор врз Македонците го вршеле ултранационалистичките организации создадени од грчката држава или, пак, со нејзин благослов. По насилствата што ги вршеле врз нив Македонците најмногу ги запаметиле „Грчко-македонска тупаница“, Националната организација на младите (ЕЕЕ) и организацијата “Павлос Мелос”, Националниот сојуз на Грција, попознат меѓу македонското население како „Челични шлемови“ со профашистичка ориентација, и Тајната национална организација (ЕМС).

Грци

Грци

Симовски подвлекува дека истовремено во цела Македонија биле формирани специјални одреди, наводно, за да ги гонат комитите, а всушност да го малтретираат македонското население. Тогаш тие вршиле масовни апсења и убиства. Во меморијата на македонскиот народ најдолго остана запаметено убиството на 19 Македонци од селата Трлис, Караќој и Ловчен. По невиденото крвничко тепање биле ликвидирани на 27 јули 1924 година. За колежот дознала цела Европа, чии весници нашироко пишувале и го осудувале теророт што го вршела Грција врз словенското население.
karta-balkanski-vojni
Но, критиките на демократска Европа како да не допирале до грчките власти. Една година подоцна биле извршени масовни апсења на повеќемина Македонци од Лерин и неговата околина. Голем број од нив биле осудени на смрт и стрелани, а другите испратени во грчките затвори.

Во асимилирањето и протерувањето на Македонците од просторите на кои живееле со векови грчките власти најчесто ги користеле националистите кои биле нивна моторна сила. “Тој метод на грчкиот национализам му бил познат на светот. Во едно списание на француски јазик од 1927 година е објавена мала статистика за резултатите од грчкиот терор во Егејскиот дел на Македонија меѓу 1919 и 1926 година. Според неа, биле извршени 104 убиства, 95 силувања, од кои 26 врз девојчиња под 14-годишна возраст, 17 пожари, 3.464 притворања, 2.327 мачења, 1.165 ограбени и истерани семејства”, пишува академик Катарџиев во книгата „Македонија во 20 век“ издадена од „Култура“.
karta-balkanski-vojni2
Положбата на Македонците станала уште понеподнослива со воведувањето на диктатурата на Метаксас. „Балкан коресподенц“ во 1934 година пренесува една куса информација од режимскиот весник „Хеленикон Мелон“, кој пишува: „Македонците со оковани раце и нозе се транспортираат во визбите на жандармериските згради, каде што ги мачат со средновековни направи за мачење. Фашистичките агенти на организациите ЕЕЕ, на Павлос Мелас итн. го тероризираат сето македонско население во селата Каленик, Висоштани во Леринско и во сите македонски села во Костурско“.

И една друга информација од истото списание говори на каков терор биле изложени Македонците. „Од Серес (Источна Македонија) се јавува дека секојдневно во тамошните затвори се затвораат ”славо”- македонци поради смешни долгови од 60 до 100 драхми кон државата или аграрната банка“, пишува „Балкан коресподенц“.

(продолжува)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top