Фељтон

Александар Македонски (34)

am20-2

am34-1

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВО ОАЗАТА СИВА ВО ЕГИПЕТ

Античките колонии на соседниот град Кирен во тоа време имаа трговски врски со оазата која беше многу богата со урми. Тие беа првите кои го идентификуваа Амон со нивниот Зевс, а овој Амон беше како гранка на Амон од Теба и Горен Египет. Тие беа први кои го ставија на своите ковани пари ликот на Зевс со рогови на овен свиткани околу ушите, исто онака како што имаше Амон. Од Кирен верувањето во пророштвото се рашири насекаде во античкиот свет.

Пиндар напиша црковна песна за господ, а подоцнежните податоци покажуваат дека верувањето во пророштвото се зголеми. Co пророш-твото се консултираа Цимон, Лисандер и други. Тоа е посебно истакнато во делото „Птици” од Аристофан, a заедно со Делфи и Додона постојано добиваше повисок ранг. Кратко пред посетата на Александар Македонски и Атињаните изградија во Атина свето место посветено на Амон, кого го боготвореа веќе со децении.

На тој начин може да се разбере зошто Александар, доколку чувствуваше потреба од вистински одговор, ја искористи можноста на својот престој кај морскиот брег на Египет, каде што значително беше поблиску до Бога, да се консултира со пророштвото. Покрај овие примарни мотиви потврдени во изворите, тој со задоволство го прифати ефектот од пророштвото што им одговараше на античките Грци. Co оглед на големата важност на нивната приврзаност кон пророштвото, Александровата претприемчивост во овој случај наиде на религиозно одобрување во нивните очи.

Калистен, неговиот дворски историчар кој го придружуваше при патувањето во пустината и направи одличен опис за тоа, кажува дека Александар Македонски отишол до Амон не само поради наводната непогрешливост на неговото пророштво туку и затоа што имал амбиции против соперникот Персеј и Херакле кои исто така претходно се консултирале со Господ.

Ако се земе предвид колку Александар Македонски јасно ги сфати сродните односи со своите херојски прадедовци од својата раса, оваа изјава е веродостојна и одговара на сликата што треба да ја направиме за него.

Тој можеби го пренел овој мотив во официјална прокламација на своите пријатели и единици што го придружуваа, со цел да го поттикне нивниот морал за да ги издржат претстојните маки во маршот низ пустината.

am34-2

Кога Александар тргна кон запад од местото Ракот по должината на морскиот брег, ги сретна амбасадорите на Кирен, кои му изразија почит од нивниот град. Тие му донесоа вредни подароци и го поканија да го посети Кирен и неговите потчинети градови. Според изворите, едноставно се потврдува дека Александар Македонски склучил сојуз и пријателство со Киренците.

Може само да се претпостави колку бил задоволен со ова неочекувано признание на неговата моќ и колку безволните очи на завојувачот се завртеа кон запад, каде што со приклучувањето на киреничкото подрачје неговиот простор се прошири до Сиртите и до границите на Картагенската империја.

Кога втаса до Параетониум сврте кон југозапад по стариот каравански пат што води кон оазата и патуваше околу дванаесет дена. Овде неговите Македонци првпат се запознаа со стапиците и опасностите што се случуваа при патување во пустина. Бидејќи порано повлекувањето на морето кај памфилијанскиот брег и се припишувало на директната интервенција на боговите, така сегашната божја заштита беше потврдена со дождот што заврна, зашто се намали количеството на вода што ја носеа во кожи на грбовите од камили.

По неколку дена јужната песочна бура и топлиот пустински ветар таканаречен симун го затрупа патот со големо количество песок. Тогаш водичите информираа дека два гаврана гракаат и летаат пред нив. Александар Македонски нареди да се следат гавраните, верувајќи дека Господ ги испратил за да им го покажат патот во знак на милост кон посетата.

am34-3
Александар Македонски во Сива

Овие прикаски се сметаа дека се литературни украсувања или инвенција на Калистен. Но, во сето тоа се гледа високото религиозно чувство на ациите, што се јавува поради ужасот во пустината и поради опасноста од смрт која ги претвора природните појави во натприродни чуда.

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може точно да се лоцира местото на цитаделата.

 Од тој храм е зачувана големата порта на предната колонада, крунисана со египетски лак кој лежи во храмот на свештениците зад гробиштата. Исто така е зачувано и внатрешното свето место и неколку декорирани ѕидови со релјеф и хиероглифски натписи.

Ќалистен во своето раскажување за посетата на Александар Македонски вели дека давањето на пророчки одговори било вообичаен ритуал. Ова е потврдено со ритуалот во храмот на Амон во Теба, а храмот во оазата беше само дел од тој храм. Според Калистен, одговорот на пророкот не беше даден како во Делфи и Бранхида.

Идолот на Богот во форма на курбан беше носен во дворот околу храмот во канџи на плеќите на свештениците во свечена процесија, придружена од распеани девојки и матрони (стари немажени девојки). Неговата желба беше изразена преку идолот, носен од свештеници кои се вртеа „мавтајќи” со главата и пеејќи.

Главниот свештеник како олицетворение на пророкот ги објасни овие сигнали како прифаќање или одбивање, како последица несомнено на примитивни традиции, a потоа го најави консултантот.

Човек би.можел да претпостави дека возбудата на свештениците беше како онаа од вознемирениот рид на мравките, кога од височината на Агхурми во далечината видоа дотогаш невиден караван кој доаѓа со болскотливо оружје, a ce рашири веста дека доаѓа новиот Египетски крал, бидејќи никогаш порано не се случило фараон да ја посети оазата. Подготовките за свечениот прием мораа да бидат направени многу брзо.

Некои свештеници без двоумење беа испратени да го пречекаат кралот и неговата придружба надвор од влезот и да ги запознаат со својот традиционален церемонијал пред да влезат во храмот. Co оглед на постојаните контакти со античките ации, се претпоставува дека во ова големо свештеничко братство имало доста свештеници кои зборувале антички грчки јазик.

Така им беше најавено на посетителите дека само Александар Македонски како фараон може и без промена на облеката да влезе во храмот на свештениците што беше ограден со трем наречен „Свет на Световите”, а неговата придружба откако ќе направи извесни измени во облекувањето што се запишани со церемонијалот. Во меѓувреме, се појави пророкот.

Тој беше еден почитуван стар човек, кој нареди идолот да биде носен од свештениците надвор од „Светот на Световите” во дворот на храмот, тука да го поздрави Египетскиот крал колку што е можно побрзо и тргна лично да го пречека пристигнувањето на кралот.

Кога Александар Македонски со својата свита, раководен од свештениците, побара да се сретне со пророкот, влезе во дворот на храмот, а тој тргна да го прими и му се обрати според египетскиот церемонијал, но секако на антички грчки и го поздрави како „син на Амон” во името на Бога. Само што останаа сами во храмот на свештениците, Александар му постави прашање на пророкот. Потоа поворката со идолот направи како што погоре е опишано, а пророкот го најави одговорот на Господ за кралот во „Светот на Световите”.

am34-4
Ра најважниот Бог на сите Богови

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што „тој го слуша, a e во согласност со неговата желба”.

Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашања на Бога во своја лична корист. Тие исто така добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвоц, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го зачува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе ѝ ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет над Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top