Фељтон

Александар Македонски (36)

am36-1

am36-1

ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ЕГИПЕТ – ПРЕОБРАЗУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР ВО СИН НА БОГА

Во тој период две Египќанки се омажија за двајца македонски воени гувернери, а тврдините на Мемфис и Пелузиум го примија својот посебен командант. Спротивно на оваа децентрализација, целата финансиска администрација беше во рацете на Клеомен од Наукрат.

Старешините на подрачјето мораа да му плаќаат данок веднаш по воспоставувањето на поранешната положба. Несомнено населението беше искрено задоволно дека собирањето на данокот не беше во рацете на странец, туку во рацете на човек од нивното место. Александар Македонски си замина од Египет со сознанието дека народот се чувствува ослободен од товарот што го носеше од повторната окупација на Окус. Легендата можеше да го воздигне Александар како син на последниот домашен крал Нектанебо II.

Во почетокот на пролетта 331 година, Александар Македонски тргна од Мемфис и продолжи кон Феникија, каде што се задржа малку време во Тир. Овде направи многу измени во власта на освоената територија. Значајно е да се спомне дека назначи двајца важни финансиски офицери, еден за Мала Азија, западно од Таурус, а другиот за Галиција, Феникија и Сирија.

Додека Александар Македонски најпосле го изврши предавањето на атинските заробеници кај Граник на атинската амбасада, што порано го одбиваше, затоа што сакаше да изврши влијание врз мислењето во Атина, во Елада Агис беше зафатен со врбување на регрути од Сојузот за борба против него. Агис извојува победа над силите на Македонија во изминатата зима и во пролетта успеа да ги придобие на своја страна Елис, Ахаените (сите но не и Пелен) и Аркадијанците (сите но не и Мегалопол).

Доколку персиската флота се уште егзистираше, во таа ситуација тешко дека Александар Македонски би можел да се пробие во срцето на Азија. Но бидејќи сега тој го контролираше морето, можеше да му верува на Антипатер и со задоволство да ја испрати својата флота, засилена со повеќе од 1000 бродови, од Кипар и Феникија, со цел да ги заштити Пелопонезијците кои му останаа верни.

am36-2
Богот Рамзес

Откако му ја даде својата втора понуда на Александар Македонски, Големиот крал започна со огромна брзина да собира голема војска во Вавилон. Во тоа време кога веќе Запад беше загубен, само народот од Исток го снабди со војска. Покрај Персијците и Медесите имаше и добри племиња од источен Иран, како што беа Бактријанците и Согдијанците под намесникот Бес од Бакгрија, Аракозијанците и Аријанците, Партијанците, Хирканијанците и други.

Скитијанските Саки, не како потчинети туку како сојузници, испратија контингент, а и Индијците кои живееја од оваа страна на реката Инд испратија петнаесет слонови. Повторно не треба да се прифатат фантастичните бројки: повеќе автори спомнуваат еден милион пешадија и 40.000 коњаници. Но, бројот на противничката војска со која Александар Македонски несомнено требаше да се соочи, беше многу голем.

Тврдењето дека оваа персиска војска беше многу побројна од онаа што се бореше кај Ис, несомнено е точно. Освен тоа, тргнувајќи од своето искуство кај Ис, Дарие мораше во извесна мера да го подобри вооружувањето на единиците. Тој ја зголеми убиствената моќ на своите коли со тоа што на тркалата постави косила и долги копја на врвот од горниот дел, кои, како и денешните тенкови, сееја смрт во непријателските редови.

am36-3
Градот Тир

Секој би признал дека тој направи целосна подготовка за решавачката битка. Откако сфати дека многу настрада кај Ис поради ограничениот простор, овојпат избра широка рамнина, како што настојуваше да го направи во Сохој. Тоа се случи на левиот брег од реката Тигар, северно од стариот „град на четирите богови” Арбела (денешен Ербил). Таму ја поведе својата војска од Вавилон, веднаш штом слушна дека Александар тргнал од Феникија.

Од Тир Александар Македонски настапи северно кон Еуфрат, со цел да ја премине реката кај Тапсак. Неговите инженерски единици веќе започнаа да градат два големи моста преку реката Еуфрат, но не ги имаа завршено, бидејќи од другата страна беше Мазај, намесникот на Сирија и на Месопотамија, стациониран таму со неколку илјади војници повеќе да го шпионира приближувањето на Александар Македонски, отколку да го спречи преминувањето. Тоа беше во интерес на Дариј: да го натера Александар Македонски да оди преку Еуфрат и Тигар на бојното поле што тој го избра.

Веднаш штом Александар Македонски се приближи до Тапсак, Мазај исчезна, мостовите беа довршени, а Александар слободно ја поведе својата војска преку реката. Оттука тој тргна кон север во северна Месопотамија, веројатно по стариот каравански пат до Каран и Едеса, а потоа продолжи јужно од Арменската гора источно по патот до Низиб на Тигар.

При приближувањето до Тигар, лажно беше известен од фатениот персиски шпион дека Дариј го чека од другата страна на реката Тигар, за да го спречи неговиот премин. Меѓутоа, кога насилно настапи и дојде до реката, не го најде ни Дариј, па дури ни стражарска единица на Персијците и можеше да премине преку Тигар без пречки, но не и без некои тешкотии, бидејќи оваа брза река овде оправдано го добила името „брза како стрела”.

Додека неговата војска се одмораше, на источниот брег се случи делумно затемнување на месечината. Астрономите пресметаа дека тоа се случило вечерта на 20 септември 331 година. Тогаш Александар Македонски приложи жртва на Селен, Хелиос и Ге (Месечина, Сонце и Земја); според Аријан тоа потемнување морало да се случи. Може да се претпостави дека Александар Македонски ги избрал овие богови за да ја смири возбудата кај својата војска предизвикана од овој феномен и да ги заштити пророците.

Настапувајќи кон југоисток меѓу реката Тигар и курдските планини, барајќи го Дариј, помина близу до урнатините на древниот Ниневех, веројатно без да има и најмала идеја за историската важност на таа држава. Откако Асирската империја беше окупирана со уништувањето на Ниневех (612), сега Персиската империја требаше да го прими смртоносниот удар во битката кај селото Гавгамела не многу далеку кон Исток.

Овде Дариј најде бојно поле што му одговараше. Поредокот на војската беше точно определен во кралскиот камп. Во средината, според древниот обичај, се постави лично кралот во кола. Ги построи своите планински стражари, таканаречените „јаболкови носачи” (со златни јаболка на своите копја), заштитени одлево и оддесно со античките елински наемници, кои како и кај Ис, беа посебно ангажирани да се соочат со македонската фаланга.

Лево и десно се раширија двете крила од комбинирана коњица и пешадија, на крајната лева страна беа бактријанската коњица, Дахаите, Арахозијанците и други, а на десното крило Медците, Партијанците итн. Пред двете крила лево беа поставени Скитите и поголемиот број баќтријанска коњица, десно ерменската и кападокиската коњица, а пред центарот беа поставени петнаесетте слонови водени од индиските гонители.

Двесте коли со косила беа донесени пред целата линија, а сто на спротивното лево крило од Александар Македонски. Преку целото бојно поле Дариј ги отстрани нерамните делови од земјиштето за да овозможи рамен простор за напад на коњицата и на борбените коли.

Намерата на Александар Македонски беше да ја примени косата формација и во оваа битка, како што тоа го правеше и порано. Така, неговиот борбен поредок и овојпат беше поделен на офанзивно десно крило со кое тој лично командуваше и дефанзивно лево крило под команда на Парменион. Повторно позицијата на следбениците беше десно, тесалиската коњица лево, а македонската фаланга во средината.

am36-4

Поради бројната супериорност на непријателот, Александар Македонски се плашеше да не биде заобиколен откај крилото па дури и опколен, па затоа постави втора борбена линија зад првиот борбен поредок, со цел доколку биде заобиколен, да се заврти и да се соочи со непријателскиот напад одназад. Доколку ова се случеше, единиците поставени лево и десно од неговиот преден дел, кои во други пригоди само ја продолжуваа линијата, ќе се завртеа и ќе се соединеа во две линии на борбеното поле.

Во случај да биде опколен, војската на Александар Македонски би направила квадрат. Но таа тактичка претпоставка не беше реализирана. Од оваа идеја, наметната од конкретната ситуација, што се состоеше од еластичен двоен фронт кој во случај на потреба може да се развие во правоаголник, ја гледаме генијалноста на Александар Македонски во воената тактика. Тоа беше сосема оригинална замисла.

Ha веста за доаѓањето на Александар Македонски, Дариј ја построи својата војска за битката на 30 септември. Постапувајќи по советот на Парменион, Александар Македонски не го прифати предизвикот, туку го постави својот логор на растојание од околу четири милји и, бидејќи се очекуваше стапица или слична пречка, помина преку бојното поле на коњ со неколку придружници за да извиди.

Вечерта и нареди на војската да се подготви, а потоа да има целосен ноќен одмор. На тој начин неговата војска беше совршено свежа при средбата со непријателот утрото на 1 октомври 331 година, додека несреќните Персијци беа задолжени да бидат под целосна војничка опрема готови за борба, бидејќи Дариј се плашеше од ноќен напад. Парменион му советуваше да ги изненадат Персијците во ноќта, но Александар Македонски го одби тој совет, велејќи дека е срамно да ја краде битката.

Бидејќи Александар Македонски се приближи од север, неговата борбена линија беше многу пократка од онаа на Персијците и со своето десно крило се најде точно спроти Дарие и персискиот центар. Според тоа, сé повеќе се стремеше да се приближи повеќе кон десно, за да може, како и во претходните битки, да го нападне левото крило на непријателот. Меѓутоа, и Персијците приближувајќи се, отидоа во иста насока.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top