Фељтон

Александар Македонски (49)

am49-1

am49-1

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ВОЈСКАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПО РЕКАТА ИНД

Обичаите на тамошното индиско население и општествениот систем беа сосема нови. Научниот персонал на  Александар Македонски  имаше  можност да прибере повеќе информации и примероци. Некои извадоци од нивните зборови за флората во Индија можат да се видат во расправата за растенијата на Теофраст, како на пример третманот на воздушните корени на индиската смоква (Ficus Bengalensis), со што се добива преглед со каква   грижа   и   интерес   научниците   го   испитуваа новиот свет од сите аспекти.

Дури Александар Македонски нареди да се испитува и богатството на минералите на оваа земја. Така Горг, рударскиот експерт, ги испита рудниците за сол во Сопеит, што се наоѓа на север меѓу реките Хидраот и Хифас, како и рудниците за злато и сребро во блиските планини, кои се опишани во расправата на Страбо.

Меѓу другите работи, Горг тврди дека овие рудници на сол се доволни за цела Индија и дека Индијците не знаеле на кој начин да го одделат златото од среброто и како се топат металите. Тие го правеле тоа на многу примитивен начин. Така, античката грчка технологија и наука беа применети на индиска почва уште додека Александар Македонски ја потчинуваше земјата.

Покрај тоа, кралот особено беше зафатен со големиот географски проблем кој, заедно со неговата желба за освојување, го поттикна кога патуваше низводно по реката Инд. Дека Инд се влева во океанот, што копнееше да го види, научи од тамошното население, како што видовме, по преминувањето на реката Ацесин во 326 година. Бидејќи тоа целосно ги измени неговите географски поими, нареди да се изгради флота. Веројатно, ако не веднаш, наскоро неговиот истражувачки дух ја прифати идејата: ако реката Инд се влева во океанот, тогаш под претпоставка да го опркужува јужниот крај на Азија, од утоката на Инд океанот мора да се простира до утоката на реките Тигар и Еуфрат.

Тоа не беше во Патала, не кога стоеше на вистинскиот брег на Индискиот Океан, што сфати дека треба да испраќа експедиција преку море од устието на реката Инд. Пред да дојде во Патала, додека беше на територијата на Музикан, Александар Македонски го испрати Кра-тер со дел од војската во Арахосија и Дрангијана, од каде беше известен дека имало мали бунтувања, со наредба да продолжи до Карманија, за да се приклучат кон неговите сили во таа провинција.

am49-2
Дел од пристаништето Патала денес

Неизбежна претпоставка е дека, барем во тоа време, целиот план на експедицијата по морето и копното беше целосно во главата на Александар Македонски. Така, во текот на патувањето, а можеби и пред тоа, го криеше планот за пронаоѓање пат преку море од реката Инд до реките Тигар и Еуфрат.

Доколку успееше да направи врска меѓу неговата западна империја и новоколонизираната територија во Индија, не само што обезбедуваше воена и административна контрола над сите поседи во Индија, туку и трговијата од Индија ќе беше поврзана со онаа од Блиска Азија, a co тоа ќе се создадеа широки економски перспективи за целата негова Античка македонска империја.

Изненадување е дека ниеден од историчарите на Александар Македонски и ниеден извор на информации не се занимава со патувањето по реката Инд, или со оваа поморска експедиција, или со подоцнежните арабиски планови на Александар Македонски, како и на Сцилакс од Карианда, претходник на една ваква експедиција.

По наредба на Дариј I, Сцилакс тргна од Кабул кон реката Инд, пловејќи долж брегот на Индискиот Океан сé до Ормуз, a оттаму наместо да влезе во Персискиот Залив, ја обиколи Арабија и вплови во Суецкиот Залив. Што се однесува до Ормуз, но само дотука, тој го направи она што требаше да го направи и флотата на Александар Македонски, a no Ормуз, Александар сакаше да продолжи при крајот од својот живот.

Некои луѓе се сомневаат во историчноста на ова патување, но тие грешат, бидејќи има споменици на Суецкиот Канал што го потврдуваат потфатот на Дариј. Недоволните извори во врска со Сцилакс покажуваат дека сознанието за неговото храбро патување, наспроти раскажувањето на Херодот, беше заборавено во деновите на Александар Македонски, како што беше заборавено откривањето на Америка од страна на Викинзите во времето на Колумбо.

По изградбата на пристаништето за флотата и на хангарите за бродови во Патала, Александар продолжи да ги испитува двата главни ракави на реката Инд, кои денес имаат поинаква форма од онаа во тоа време, со цел да пронајде кој ракав е попогоден за премин на неговата флота.

На овој тежок пат Александар Македонски лично командуваше, бидејќи му беше задоволство и голема желба со свои очи да го види безграничниот океан. Co најбрзиот брод од својата флота, во почето-кот без капетан на бродот, отплови од западниот ракав кон морето, додека Леонат со своите 9.000 луѓе напредуваше долж островот што го имаше формирано делтата.

Вториот ден настапи страшно невреме кое дојде од југ, затоа Александар Македонски постави на бродот Индијци кои добро ја познаваа земјата и кои можеа да го управуваат бродот низ реката која стана многу широка. За да се заштити од силните ветрови што доаѓаа од океанот скршна со флотата во страничен канал и веднаш на изненадување на античките Македонци, надојдената вода се повлече така што бродовите останаа на суво.

Всушност, станува збор за одлив на океанот, со која појава Европејците првпат се соочија. Тие беа уште повеќе изненадени од приливот на водата кога повеќе бродови паднаа, оштетувајќи се. Кога кралот се приближи кон утоката на реката, остави голем број бродови зад себе на островот и продолжи со најдобриот брод до наредниот остров, кој беше малку подалеку.

По поднесување на жртва таму, во почетокот по наредба на Амон, тој отплови кон отворената шир за да види, како што рекол, дали има земја во морето. Меѓутоа, кога пред себе видел само безграничен океан, со гордост го прифати сознанието дека допре до крајот на светот. Притоа, му приложи голема жртва на Посејдон, кралот на морето, и се помоли за иднината.

am49-3
Дел од Индискиот Океан

На бродот заклаа бикови и ги фрлија во морето. Александар Македонски го фрли во морските бранови и златниот пехар од кој пиеше, како и златниот сад во кој го чуваше пијалакот кога принесуваше жртви. Откога го направи тоа, се помоли на бога за да го доведе до утоката на реките Тигар и Еуфрат. Тоа морало да му биде еден од најголемите и највозвишени денови во животот.

По враќањето во Патала, го испита источниот ракав и дојде до заклучок дека тече низ големо езеро и беше многу попогоден и понеопасен од западниот. Веројатно патувањето беше полесно, бидејќи југозападните монсуни дуваа кон западниот, а не кон источниот ракав. При пристигнувањето во устието, Александар Македонски прошета покрај брегот со неколку придружници и остана три дена со цел да ја испита природата на земјата и ископа бунари за морнарите, а потоа се врати во Патала.

За Александар Македонски беше тешка задача да го постави Неарх за адмирал и челник на експедицијата, бидејќи му беше драг и затоа што доживеа големи опасности при патувањето. Само под влијание од Неарх, Александар Македонски го направи тоа без задоволство. Меѓутоа, екипите, кои во почетокот со загриженост ја примија оваа задача, беа многу охрабрени со ваквиот избор, заклучувајќи дека кралот смета да се постигнат добри резултати.

Далекусежноста на овие планови на Александар Македонски, поврзани со патувањето, се гледа од потребата и желбата да се добијат информации за државите и народите, додека Неарх плови долж брегот, да најде добро место за закотвување и да се снабди со вода за пиење, за распоредот на тамошното население, како и за плодноста на различните предели. Очевидно, тој ги означи пристаништата за идните трговски патувања на згодни места меѓу двата краја на преминот, a доколку е можно да се формираат и колонии.

Меѓутоа не беше доволна комуникацијата преку море. На просторот меѓу Индија и Персија немаше самостоен народ кој би можел во иднина да се поврзе со непријателите. Затоа, Гедросија (Белуџистан) мораше да се спои во империјата, особено заради нејзиниот брег кој беше многу важен не само за сегашното постоење на империјата, туку и за натамошните трговски патувања како места за обезбедување на продукти.

am49-4
Пустински дел од Индија

Наредбата на Кратер да се сретне со него во Карманија покажува дека Александар Македонски ја призна потребата да тргне сам на пат со главниот дел од војската низ Гедросија до Карманија, што е можно поблизу до морскиот брег, со цел да ја снабдува флотата со вода и со жито. Природно, тој беше под влијание на желбата да дојде до дел од откритијата на јужната граница на Азија.

Неарх уверува дека Александар однапред знаел сé за тешкотиите што ќе го снајдат него и неговата војска со напредувањето низ безводната и песоклива пустина на Гедросија, но значително посилна беше амбицијата на флотата на Александар Македонски да ги надмине Семирам и Кир Велики.

Блиските односи со Александар Македонски му забрануваа на Неарх да ја одбие задачата, а тоа не е невозможно, кога се памети како при напредувањето низ пустината пророкот Амон го наведе Александар на споредување со Персеј и Херакле со што беше поттикната амбицијата на неговите единици, и дека во Индија се истакнуваа примерите на Херакле и Дионис.

За напредувањето низ Гедросија Александар Македонски не им се помоли на античките грчки митски личности, туку на оние од ориенталската историја кои станаа легендарни и во кои тој можеби гледаше прототипови на ориенталските светски владетели. Погоре се спомна неговата блиска врска со Кир; но покрај Кир се појавува и Семирам, со што може да се објасни ефектната акција на Александар Македонски на Исток.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top