Фељтон

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

ПРЕГЛЕД НА ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ И ПРОПАЃАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА ПО СМРТТА НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

Величината на Александар Македонски во целост може да се види само кога се имаат предвид ефектите од неговото животно дело во сукцесивните периоди на историјата. Во неколкуте години од своето владеење тој, всушност, го постави стариот свет врз нова основа. Целиот иден тек на историјата, политичкиот, економскиот и културниот живот, не може да се разбере одделно од кариерата на Александар Македонски.

Џон Густав Драјзен, кој прв ја истакна важноста на Александар во светската историја, го започна своето искажување за него со следниве зборови: „Името на Александар Македонски означува крај на една и почеток на друга епоха”.   

Задача на авторот не е да ја приближи историјата на следните векови. Нема да направи ништо повеќе од едно кратко објаснување за влијанието на Александар Македонски и на неговите судбоносни идеи врз текот на античкиот свет. Само во неколку реченици би можело да се каже историското минато, толку колку што е потребно за да се разбере.

Политиката, економијата и културата во секој историски момент се тесно поврзани меѓу себе и кога се разгледуваат нивните заемни врски се добива целосна историска слика. Резултатите што ги постигна Александар Македонски во овие три правци, ќе бидат појасни ако во искажувањето се разгледаат едноподруго.

Поради прераната и ненадејна смрт на Александар Македонски, водачите на војската во Вавилон одеднаш се соочија со големи проблеми. За нов владетел беше избран Пердика, кому кралот на умирање му го остави својот прстен.

Бидејќи требаше да се одржи единството на империјата, беше избран нов крал, а собранието на македонската војска уште еднаш беше ставено во прв план. Ho, желбите на пешадијата, во која се чувствуваше стариот македонски дух, и на коњицата, која стана повеќе достапна за новите идеи на Александар Македонски, не можеа да се усогласат.

По еден жесток конфликт кој доведе до војна и крвопролевање, е донесен несреќен компромис: определени се заедно да владеат Архидеј – кандидат од пешадијата, епилептичен, но син на Филип Македонски – и се уште неродениот син на Бактријанката Роксана, кој се роди неколку недели подоцна и кој стана миленик на коњицата.

Така, двајцата малолетници кои не беа способни да владеат, требаше да го заземат местото на незаменливиот. Колку послаба беше оваа фантомска монархија, толку посилна беше амбицијата на генералите за моќ. Така, прво тие ги завладеаја намесништвата според новиот распоред направен во Вавилон: Птолемеј синот на Лаг отиде во Египет, Лисимах во Тракија, Антигон во Голема Фригија, додека Пердика остана со кралевите во Вавилон.

Птоломеј                                                        

Лисимах

Пред да го напуштат Вавилон, беше решено врз кои принципи ќе се постави државата. За да ја отстрани одговорноста од себе, пред собранието на војската Пердика го изнесе споменатиот меморандум за последните планови на Александар Македонски, за што едногласно беше решено да се одбие, бидејќи тие планови ги содржеа точно оние идеи на Александар Македонски на кои античките Македонци со години се противставуваа.

Ова решение се одрази како врз политиката на спојување, така и врз политиката за светска империја, која водеше кон освојување на Запад. Двете идеи на Александар Македонски, кои се’ повеќе го окупираа во последните години од животот, не беа прифатени од војската. Меѓутоа, тие не исчезнаа од историјата.

Секако, неговите наследници во последните генерации, со принципите на националното македонско владеење се бореа да го спречат спојувањето на античките Македонци и античките Грци со ориенталските народи. Но самиот факт што народите живееја блиску еден до друг доведе до нивно мешање. Така, идејата за освојување на светот никогаш не беше прифатена од античките Македонци и античките Грци. Таа идеја на Александар Македонски имаше свој ефект за остварување на светската доминација од страна на Римската империја.

Веста за ненадејната смрт на кралот, што го изненади целиот свет, не предизвика немири кај ориенталските народи. Големо признание за Александровиот гениј е тоа што тие не се обидоа да ја вратат својата независност. Тој знаеше како да ги смири во новонастанатите ситуации. Вознемирувањата што избувнаа во Бактрија не беа предизвикувани од домашното население.

Атина

За тоа беа виновни античките грчки колонисти; тие се побунија и пред неговата смрт. Копнеејќи по антички грчки живот, тие правеа напори да го одржат начинот на живеење како во својата родна земја. Обидот беше задушен со крвопролевање по наредба на Пердика.

Од друга страна, пак, на веста за смртта на Александар Македонски, во античка Грција избувнаа нереди кои сосема ја избришаа Коринтската лига. Под водство на Демостен, кој со големи почести беше примен назад, Атина се крена и ги повика античките Грци да се борат за слобода против Античка Македонија. Наместо Коринтската лига беше формирана Елинистичката лига, хегемонија што беше преземена од Атина.

Меѓутоа, ниеден правен приговор не можеше да ја укине Коринтската лига. Членовите беа обврзани да останат во сојуз со Александар Македонски и со неговите потомци, но во моментот на бунтот немаше правен наследник. Овој формален чин од Законот, иако спомнат од најдобрите извори, не беше решавачки; вистинската причина за безредијата во Атина и Аетолија беше декретот на Александар Македонски за прогонетите.

Оваа состојба доведе до голема напнатост. Потоа, следеше таканаречената „Ламијанска војна” во која победи Антипатер. Атина, чија позиција како морска сила беше засекогаш загубена поради поразот на нејзината флота кај Аморгос (јули 322), го прими античкиот македонски гарнизон, го промени своето демократско уредување во олигархиска смисла и им го врати Самос на Самијците. 

Антипатер,  кој  склучи  засебен   мир  со секоја побунета држава, ја распушти Елинистичката лига, но не ја обнови старата Коринтска лига. Сепак, ова дело на Филиповиот гениј не престана да ја игра својата улога во историјата. Елинистичките владетели, чија цел беше да направат протекторат од Античка Грција, неколкупати се обидуваа со повеќе или со помалку успех да ја оживеат Филиповата Коринтска лига.

Наскоро потоа започна судир меѓу амбициозните намесници, кои меѓу себе постојано се бореа за превласт. Ваквиот број на моќни личности каков што беше во кругот околу Диадохите (следбеници) никогаш не се повтори се’ до епохата на кондотиерите и тираните на италијанската ренесанса. Најмоќен од Диадохите беше Антигон, кој постепено освои голем дел од Азија и се стремеше за самостоен суверенитет врз империјата на Александар Македонски.

По подолго војување против него и против неговиот син Деметар, беше воспоставена коалиција со Птолемеј од Египет, Селеук од Вавилон, Лисимах од Тракија и Касандар, синот на Антипатер од Македонија. Монархијата со која се уште формално се одржуваше единството на империјата, наскоро исчезна; Кралот Филип Архидеј беше убиен од одмаздничката Олимпија (317). Олимпија наскоро потоа беше победена и погубена од Касандер, а и малиот Александар со својата несреќна мајка Роксана, исто така, беше убиен од Касандар.

Домот на Александар заврши со страшен масакр. Таму веќе немаше крал, туку само насилнички војувања за престол. Во 306 година, по победата кај Саламис, Антигон се прогласи за крал и ја доби целата империја на Александар Македонски. Но, неговите ривали не го прифатија, нарекувајќи се и самите кралеви, кои за разлика од Антигон, мислеа дека се кралеви само на нивните територии.

На тој начин беше загубено единството на империјата на Александар Македонски. Откако Антигон беше победен и убиен кај Ипс во 301 година, неговиот син Деметар со својата извонредна еластичност, со години ги држеше противниците настрана. Овие конфликти на Диадохите завршија во 281 година во борбата кај Корупедиум. Co Лизимах, кој на 80-годишна возраст храбро загина борејќи се докрај, и со неговиот победник Селеук, кој наскоро потоа беше убиен, загинаа и последните следбеници на Александар Македонски.

Како резултат на над четириесетгодишната војна, од империјата на Александар Македонски се создадоа три големи монархии. Египет под Птолемејците, Азија под Селеукидите и Античка Македонија под Антигонците. Покрај нив беше Античка Грција, делумно контролирана од Античка Македонија, a во исто време придобивана и од Египет, но и покрај големите нови сојузи, Атолискиот и Ахејскиот, беа жртва на вечна расправа и спорно прашање во судирот на големите сили.

Слично на тоа околу триесет години по смртта на Карло Велики (843), поради несогласувањата на неговите внуци, неговата светска империја беше поделена на три одделни држави. Така, европскиот и ориенталниот дел од империјата на Александар Македонски се разделија, и, на Исток, Азија и Египет се разделија како и порано. Неуморните битки на Александар Македонски не беа бескорисни, бидејќи со години потоа дел од Исток остана под античката македонска власт, па во таа смисла можеа да опстанат античката  култура и економските идеи.

Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top