Фељтон

Александар Македонски (66)

Александар Македонски (66)

ИДЕИТЕ НА РИМСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ И ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА СВЕТСКАТА ИПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Со сигурност може да се претпостави дека во формирањето на монархистичката позиција Цезар пред себе го имаше како модел апсолутниот суверенитет на Александар Македонски, што подоцна се разви во елинистичките монархии на Дијадохите. Доколку Цезар се вратеше дома победоносно. Од Партија, би ја зел круната на Александар Македонски и на Дијадохите како внатрешен симбол на оваа кралска сила.

Цезар навистина го воведе елинистичкото божество во монархијата. Идејата за воздигнување на степен на божество, спонтано му беше понудена од елинизираниот Исток. Веројатно во овие делови божествените почести долго време им се оддаваа на римските владетели, но тоа беше извонреден чекор напред, кога по победата кај Фарсалија (48), која го одлучи ривалитетот меѓу Цезар и Помпеј, сите антички грчки градови во провинцијата Азија го славеа Цезар во еден ефесијански натпис како „Бог кој потекнува од Арес и Афродита кој се откри сам себеси” и „општ спасител на човечката раса”.

Тоа беше со цел да се нагласи потеклото на семејството на Цезар од Афродита, врз кое тој се потпираше толку многу, колку што Александар Македонски се потпираше врз своето потекло од Ахил и Херакле. Потеклото од Арес и Афродита секако беше банална титула, но титулата „општ спасител  на човечката раса” беше нова идеја, изразувајќи признавање на победата кај Фарсалија како монарх на светската империја. Она што беше доброволно понудено од елинистичкиот Исток, мораше да биде завиено во други форми за Рим и Италија, каде што Цезар го сметаше како многу важно да ја воведе божествената монархија.

Божествените почести, решени за него од покорниот Сенат, мора да се поврзани со римските идеи. Според тоа, во Рим тој беше издигнат до редот на државните богови како Јупитер Јулиус, а свештеникот за неговиот култ, Јулианус, беше наименуван за модел на Јупитер, Марс и Квиринус. Основно, ова не беше ништо друго освен елинистичка концепција за божествен крал во римска форма.

Освен тоа, многу други почести, што тој си ги додели, го изневеруваа нивното елинистичко потекло, како што беше: правото за портретирање, што му дозволуваше да го стави својот лик на кованите пари, елинистичката заклетва кон кралот, што беше воведена во римската заклетва во форма на заклетва кон „генијот на Цезар”, прославата на неговиот роденден како народен празник; сето тоа требаше да биде придружено со државни принесувања на жртви итн.

Кратко пред смртта се ширеа гласови дека Цезар има намера да го напушти Рим и да ја пренесе својата престолнина на Исток, или во Илиум, каде што при неговата посета во 48 година, беше почитуван на ист начин како Александар во Александрија. Всушност, овие намери природно ја носеа во себе претпоставката, откако победоносно се врати од партијанската војна, дека центарот на империјата треба да се помести кон Исток.

Александрија би била крајно задоволна како центар на ваквата светска империја, а веројатно и Александар Македонски ќе го избереше овој град како свој главен град, доколку ги спроведеше своите последни планови. Овде имаше додатен мотив за предноста на Цезар: тој можеше да ја води својата царска политика многу полесно врз елинистичката почва  во  Александрија отколку во Рим, каде што републиканските традиции беа вкоренети, бидејќи неговата политика не беше насочена кон националната Римска империја, туку кон една интернационална светска империја што требаше да го зафати целиот свет на елинистичко-римската култура.

По смртта на Цезар, овие елинистички идеи најдоа заштитник во Марк Антонио, кој иако Римјанин, во Александрија, како сопруг на Клеопатра, се однесуваше.како елинистички крал и Сонуваше за освојување на источната империја на Александар Македонски. На својот син роден со Клеопатра, кого што тој смислено го крсти Александар, му вети доминација на цела Азија од Реката Еуфрат до Индија. Доколку Антонио победеше, Александрија секако ќе беше главен град на светот. Но, победникот во борбата за оној што го бара своето право не беше Антонио, туку присвоениот син на Цезар, Октавијан, последниот Август, кој ја претставуваше националната римска политика, спротивно на елинистичко-ориенталската.

Неговата победа беше главна ориентација за светската историја, бидејќи со оваа победа Рим во наредните векови ја задржа својата командна позиција како главен град на светот, се додека на крајот Констатин не го пренесе престолот на Исток. Спротивно на Планот на Цезар за космополитска светска империја, Август, кој беше целосно Римјанин, ја формира Римската империја, во која Римјаните беа господари над другите нации.

Клеопатра и Октавијан

Овде не е место за да се истакне како Август со извонредно проникнување и мудрост успеа да ја прикрие својата вистинска монархија со републикански форми. Момсен беше првиот кој не учи за ова во своето големо дело „Римската држава”. Но, треба да се назначи фактот дека овој „прв граѓанин”, како што Август сакаше сам да се опише, не презираше некои од надворешните лица на елинистичкото владеење: тој исто ги бараше елинистичките привилегии што Цезар ги имаше присвоено – неговата личност на кованите пари, заклетвата на неговиот гениј и народното прославување за неговиот роденден.

Од друга страна, пак, спротивно на Цезар, тој ја прифати елинистичката божествена монархија само со големи ограничувања. Во Рим, тој сосема ги забрани божествените почести, иако не се мешаше во работите на италијанските заедници; а во провинциите го дозволи својот култ само заедно со богињата Римјанка. Природно, немаше ограничување на правата за лично длабоко почитување.

Заслужува да се спомене дека во провинцијата Египет, којашто беше исклучена од контролата на Сенатот, a му беше потчинета лично нему, тој се сметаше како наследник на Птолемејците и имаше кралска специјална позиција. Овде, тој и неговите следбеници како Александар и Птолемејците, го доби од тамошното население старото фараонско обожавање. Но, како со Александар Македонски, така и со Август, тоа имаше чисто локално значење.

Овде, пак, не е место да се напоменува како во текот на вековите одделни владетели ги уништија римските градови што ги формира Август според цезаровиот и елинистичкиот поглед на државата, се до моментот кога цезаровиот апсолутизам на крајот триумфираше. Римските и елинистичките тенденции, или идеите на Август и на Цезар ја поттикнаа тензијата на внатрешната историја во империјалниот период.

Идеите на Цезар за проширување и заокружување на светската империја ги актуелизираа многу владетели и по Август, кои иако официјално мирни владетели, направија многу во таа смисла со таканаречените погранични војни. Тоа, секако, се однесува на Трајан, бидејќи тој постојано го имаше во своите мисли не само Цезар, туку и Александар Македонски, последниов како неисполнет идеал. Тој најбрилијантно го исполни првиот дел од Цезаровата програма со Лакијанските војни, a потоа го презеде и вториот дел, војната со Партија, водејќи ја лично командата, и постојано држејќи го ликот на Александар Македонски пред себе.

По окупирањето на Ктесифон, главниот град на Партија, тој како и Александар Македонски копнееше да плови по должината на реката Тигар до Океанот – Персискиот Залив. Кога излегол на морето и видел брод што плови кон Индија, се вели дека извикал оти и тој би сакал да замине за Индија. Тој сметаше дека Александар Македонски навистина бил среќен, иако се’ уште млад.

Подоцнежните извори погрешно зборуваат за војните во Индија планирани од Трајан. Но, овие зборови ја оддаваат само тажната резигнација на постариот монарх, кој со задоволство би се натпреварувал со младиот херој. Потоа во Вавилон, Трајан ја изрази својата почит кон Александар Македонски на симболичен начин, со давање жртва за него како херој во собата на старата палата, каде што Александар Македонски почина.

Подоцнежните владетели оддаваа почит во знак на сеќавање на Александар Македонски, особено во почетокот на третиот век, а во некои случаи и на невкусен начин. Исто така и во четвртиот век Јулијан Апостат, кој во својот персиски поход се почувствува себеси како следбеник на Александар Македонски, му оддаде почит, но таа не беше толку импресивна како онаа на Трајан, една од најдобрите што му е дадена од римските императори.

Императорот Трајан                                   

Александар Македонски

Cera кога се зборува за креветот во кој почина Александар, време е да се заклучи какви беа повратните ефекти од неговата политика и да се истакне фактот дека основите на Римската империја го најдоа своето објаснување во римската историја, а тоа проширување беше под силно влијание на идејата на Александар Македонски за доминација над светот. Последниот пример укажува дека треба да се оди назад до Александар Македонски, со цел да се објасни повторното будење на идејата за Римската империја во средниот век.

Cera ce дојде до прашањето: каков ефект имаше животното дело на Александар врз економскиот развој на светот? Ако некој сака да ја разбере феноменалната револуција што тој ја изведе во економскиот живот на тоа време, мора да согледа каква беше економската позиција на светот што му претходеше.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Најнови вести

To top