Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

poi1

poi1

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата на човештвото, се јазикот, писмото, идеологијата, науката и технологијата 

Во овој процес, во различните праисториски периоди и во текот на времето, од морето насобрани идеи, знаења и искуства дошло до издвојување и осамостојување на разни техники, уметнички достигнувања, митови, религии, писма, идеологии, науки и технологии.

Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности. Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи.

Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на ХХ век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста.

Во услови на модерна информатика и будење на регионалните национализми, желбата на авторите на ова истражување е, со понирање во палеобалканскиот свет, да укажат на значењето на низата најнови археолошки, лингвистички и историски информации за едно културно наследство, кое се злоупотребува за обликување на свеста.

poi2

Ковчегот од Кутлеш (Палатица-Вергина)

Покрај тоа, целта е да се истакне како е родена и именувана Европа на овие меридијани и да се покаже дека палеобалканската култура претставува прапочеток, „архетип” на светската цивилизација. Овие разгледувања се комплементарни со теориите за етногенезата на разни народи на Балканот, а ја намалуваат исклучивоста на многу теории, што е предуслов и залог за опстанокот на идните генерации на овие простори.

Моделот на основачот на комплексната психологија д-р Јунг, за архетипското колективно несвесно, ни послужи како парадигма во разоткривањето на таа палета на архетипското колективно несвесно по прашањето на археологијата, лингвистиката, праисторијата и митологијата од палеобалканологијата. Пишаната историја е главниот дел кој архетипски допира длабоко наназад, до појавата на човечкиот вид на Земјата. Археолозите, лингвистите и историчарите ги проширија нашите знаења за минатото за повеќе илјади години.

Публикацијата од „Панонија до Егеј“ е поделена на четири дела. Во првиот дел се дадени  географски карактеристики на Балканот и археолошки наоди од праисториските култури

на Балканот. Вториот дел е насловен како „Историска реконструкција на палеобалканските и егејските популации“. Во него се дадеди материјали за: Хиперборејците (Северците) и нивните современици, потоа за народите: Бриги, Traкијци. Енхелеи, Пелагонци, Пеонци, Македонци, Еолци или Еољи, Минијци, Лапити, Тирои, Пелазги, Јонци, Минои – Крит и Киклада, Ахејци во Пелазгија, Лелези или Лелеги, Карци, Ликијци Лувијци, Лиѓани, Хетити.

Исто така, во овој дел се дадени материјали под наслов:„Големите селидби на Балканот во бронзено-железниот период“,  „Илири“, „Миграцијата на Дорците (Хелените) во Пелазгија“ и „Келти“

Во третиот дел се поместени материјали за палеоглосологијата на Балканот, ономастиката на Грција, ономастиката на Централен Балкан, како и материјали за хидронимите, хоронимите и оронимите.

Во четвртиот дел е пренесена реконструкција на античкиот митолошки систем на Балканот на основа на панонските хидрономи од митолошки содржини, потоа материјалите „Олимписки Пантеон во Панонија“, „Хераклитовите патувања по Дунав“, „Еволуција на палеоглосологијата на Балканот“, “Историскиот развој на грчкиот јазик“, „Посебност на јазикот на Македонците“ и „Улогата на Скитите-Прасловените во континуитетот на палеобалканската цивилизација“.

Посебно внимание привлекуваат текстовите посветени во Заклучокот на македонски и на англиски јазик, литературата и објаснувањето на главните поими.

Публикацијата од „Панонија до Егеј“, чиј автори се академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, издадена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2007 година, на 196  страници е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискoна, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред сé историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации. Рецензенти  на ова дело се: Александар Донски и м-р Мартин Треневски.

poi3

Македонски лав

Инаку, Академикот проф. д-р Антоније Шкокљев – Дончо е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палео­лингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на Античка Македонија, како и на македонскиот народ и Македонија. 

Проф. д-р. Шкокљев беше роден во познатото македонско револуционерно село Д’мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија, денешна Грција, на  24. 09. 1923 година, а почина на 94 -годишна возраст,  на 01 мај 2018 година во Белград. Неговото Д’мбени е село во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелек­туалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други кои се бореле за афирма­ција на македонските идеали. Во Д’мбени се родил и најголемиот донатор од македонската дијаспора, Атанас Близнаков, кој живееше во Гери, Индијана, во САД.

Славе Николовски-Катин, пак, и‘ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот. Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со етничка Македонија, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

Покрај 58 публикации, Катин е автор  и на над 100 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени во Република Македонија и во светот. Тој е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои и на престижната награда “Крсте Петков Мисирков” на Здружението на новинарите од Македонија од областа на журналистиката.

На крајот ќе нагласиме дека публикацијата „Панонија до Егеј“ е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Посебна значење на публикацијата е тоа што таа е дел од историјата за Македонија.

 Sh Donco slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Најнови вести

To top