Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

plk1

plk1

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“, КУМАНОВСКО

При истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на пеатот.Мегалитната опсерваторија во Кокино, пак,  се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место 

Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на печатот. 

Општата композиција на натписите од печатот има СОЛАРНА и КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА составена со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на древното МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Во површината на кругот е КОСМОГРАФИЈА во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со графеми и лигатури од синтагмата, која дешифрирана оддесно налево и соодветно транскрибирана со букви од современата кирилска азбука гласи: ,,СЛ С БО СМ”, а тоа на современ македонски литературен јазик ќе рее : ,,САЛ СО БОГА СУМ” или ,,САМО СО ГОСПОД СУМ”, односно со поинаква семантика: ,,САЛ СО БОГОТ САМ” или ,,САМО СО ГОСПОТ САМ”.

plk2

Печат од Говрлево

На тркалезната површина по должината на кругот, т.е. на периметралната тркалезна бочна страна на пеатот е изгравирана истата синтагма, но со калиграфски стилизирани букви од ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА АЗБУКА, кои и ги формираат ПИСМЕНИТЕ ЗНАЦИ на таканарееното ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО што се користело за одделни МИТОЛОШКИ или ВЕДСКИ ЛИГАТУРИ, за бележење на ТАЈНИ ПОРАКИ или СИМБОЛИЧНО ЗАПИШУВАЊЕ на РАЗНОВИДНИ БОЖЕСТВЕНИ ИСКАЗИ, а во случајот на керамикиот печат од Говрлево, каде што се оштетени првите две графеми, тајниот запис на синтагмата ,,СЛ С БО СМ” – СО БОГА СУМ”.

Од бронзеното време (3.000 – 1.200 год. п. н. е.), веројатно, околу 1.500 год. п. н. е. потекнува праисторискиот БРОНЗЕН ПЕЧАТ од локалитетот ,,Церје” кај Говрлево близу до Скопје. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот ЗРАЧЕН СИМБОЛ на ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ, кој композициски е оформен со релјефна континуирана цик – цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на СОНЦЕТО, има и древен македонски натпис, кој е напишан со графеми на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и оддесно налево се дешифрира и транскрибира како ,,ЅНЛ”, а тоа ќе рече ,,ЅИНАЛ”, ,,ЅИРНАЛ” во смисла на ,,ВИДЕЛ”, ,,ПРЕГЛЕДАЛ”.

На двете тркалезни страни од пирамидалната форма на печатот, покрај СОЛАРНАТА СИМБОЛИКА во вид на КРУНА со 6 ЗАПЦИ (ТРИАГЛЕСТИ ЗРАЦИ), која може да се дешифрира оддесно налево и како синтагма: и да се дескрибира како ,,МИ ИМ” и оддесно налево да се чита како ,,НИЕ НИМ”, на лента со развиена должина од 5,0 см и висоина (ширина) од 1,5 см е зауван релјефен натпис, напишан со писмени знаци на древно  МАКЕДОНСКО ГЛАСОВНО ПИСМО и на древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, со издвоени синтагми и кои се дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат: ,,КСИ ИЗ ПСД” и ,,ЛСИ ИЗ ПСД” во смисла ,,КУСИ (КУСИОТ) ОД ПСД” и ,,ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПСД”. Поимот ,,ПСД” во тоа дамнешно време, кога уште не биле отворени вокалите за сите слогови на зборовите, веројатно, знаел ,,ПУСАТ” што на архаичен македонски јазик значи ,,ОРУЖЈЕ”, ,,ВООРУЖУВАЊЕ” или ,,ПОСАДА” што и денес во македонскиот литературен јазик значи ,,ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО”.

plk3

Ако знаеме дека во непосредна близина на селото Говрлево се наоѓа тврдина од пред римскиот период, а енеолитската населба на Горни Град од Скопската тврдина датира од 3.500 до 3.000 год. п. н. е., тогаш станува јасно дека БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од ,,Церје” им припаѓал на ЗАДОЛЖЕНИ ЛИЦА од МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА, кои во XV век п. н. е., т.е. пред 3 500 години имале овластување да прегледуваат и потврдуваат договори или трансакции на територијата на ГОРНА МАКЕДОНИЈА или ПЕОНИЈА близу до Скопје што била под контрола на ПОСАДАТА од тврдината во Говрлево, а можеби и од Скопје, па затоа интегралниот текст на натписот од БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од ,,Церје” близу до Говрлево од Васил Иљов чиј што дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со графеми од соврменото македонско писмо графитите значат: ,,ЅНЛ КСИ ИЗ ПСД”, односно ,,ЅНЛ ЛСИ ИЗ ПСД” што на современ македонски литературен јазик го имаат следново значење: ,,ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПУСАТОТ” или ,,ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПОСАДАТА” и ,,ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПУСАТОТ” или ,,ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПОСАДАТА”.

Интересно е да се истакне дека името ЛСИ (ЌЕЛАВ) денес во Украина фигурира како корен на некои презимиња, да речеме, ЛИСЕНКО, ЛИСОВСКИ итн., а во Македонија името ЛСИ или ЛИСИ (ЌЕЛАВ) и ден-денес може да се сретне како корен на следниве презимиња: ЛИСИНАЦ, ЛИСИЧОВ, ЛИСИЧКОВ, ЛИСОВСКИ итн., додека името КСИ (КУСИ) денес може да се сретне во Македонија во форма на корен на многу презимиња и тоа: КУСАКАТОВ, КУСАКАТСКИ, КУСАКОВСКИ, КУСЕВ, КУСЕВСКИ, КУСЕМИЛЕВ, КУСИНИКОВ, КУСИТАСЕВ, КУСИТАСЕВСКИ, КУСАРОВСКИ, КУСКИНСКИ итн.

plk4

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во атарот на Општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 км оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татичев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино.

Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год., а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово, предводени од археологот Јовица Станковски. Таа е датирана во 1800 год. пр. н.е., односно раното бронзено време.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главнитемаркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отстранувања. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21 март и на 21 септември – изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа постепено има отстапување до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните карпи во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството.

Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика. Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта, туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место.

Првите четири опсерватории според НАСА се: 1. Абу Симбел – Египет. 2. Стоунхеинџ – Велика Британија. 3. Ангкор Ват – Камбоџа. 4. Кокино- Република Македонија.

Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top