Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

PAJONIJA1

PAJONIJA1

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Етимолошки зборот Дауни произлегува од Дан или Зан, кои се коси падежи од зборот Зевс или Дие. Зевс бил крал на боговите и луѓето, а негови деца биле Аполон, Артемида, Атена итн. Во антиката, горниот дел на најголемата река на Балканот и Европа на латински се викал Danubius, додека, пак, долниот дел се викал Истар (istros)

Зборот Данубиус е кованица од генитивната форма на зборот dan-danu (бог-на бог) и bios-живот. Покрај Нил и Фасис, од античките географи Дунав е означен како една од најголемите реки во светот.

Значи, Данубиус означува Божја река на животот каде живееле Подунавците, т.е. Дануните. Како народ Дануните се споменуваат и подоцна, на пример во египетскиот натпис во храмот Мединет Хабу во Теба, во знак на благодарност кон Рамзес III кој во 1194 г. пред Христа ги одбил непријателските напади на „народот од море“ и копно.

Меѓутоа подоцна, речиси по десет века повторно, и тоа за последен пат, Хиперборејците се евидентирани во античката историја за време на наездата на Келтите во Македонија и Грција. Келтите имале цел да го ограбат Аполоновото светилиште во Делфи. Во есента 279 г. пред Христа. Келтите, под команда на Бренон, биле поразени од македонската војска. Во оваа борба учествувале и Хиперборејците (Дануните) под команда на Лаодок (Паусанија, Х, 23, 2).

Во понатамошната историја се губи етнонимот Хиперборејци и хоронимот Хипербореја, за жителите и територијата меѓу Дунав и балканските планини. Меѓутоа, се јавуваат синонимите Миси и Мези за популацијата на овој дел од Балканот. Етимолошки Мисите, Моесите или Мезите имаат основа од мис, mios-глушец, или mio-да затвори, односно мис, латински musculus-мускул.

Меѓу тројанските сојузници (X, 430) се набројуваат „Теонците, Карците, прекрасните Пелазги, Кауконците, Ликијците и жестоките Мишани (т.е. Мези)“. Тој, исто така, во XIII (5) песна, за Мишаните зборува како за „борци од блиску“. Страбо (VII, 3, 2-10) смета дека тие биле европски Мизи кои за време на римските освојувања биле познати како Мези.

Во Хомеровиот период, под името Мисија (Мизија) постоела и покраина во северозападна Мала Азија, која се простирала од Есеп до Олимп, а потоа се делела на Голема и Мала Азија.

BUDIM

Ископини во Будимпешта

Еден од кралевите на областа Мизија бил Теутрант (Τευθρας-tevtρas-оној кој крши), во долниот дел на реката Кајка (Καικα καικιας-северен ветер). Каишката рамница била најплоден дел на Мизија. Него го наследил Телеф (Τηλεφος од τηλε-далеку и υφος, φος, φοτος-маж, јунак), основач на пергамската кралска лоза. Владеел со Месија кога Грците тргнале во Тројанската војна. Се борел јуначки и ги потиснал Грците во лаѓите, но бил ранет од Ахил. Кога раните му биле излечени, во втората грчка експедиција, Телеф среќно ја довел нивната флота  до брегот на Троја. Судбината на Телеф е предмет на обработка во трагедиите на Софокле.

Деца на Телеф се Тархон (Ταρχων), Тирен (Τυρρην) и Рома (Ρωμος-сила, храброст). Тоа се оние кои ги воделе Етрурците во областа на средна Италија, подоцна наречени Тиренија и Етрурија (Страбон, V, 2,2). Истовремено тоа е период кога Дануните и Мезите се преселиле од Подунавје и централно-балканските простори во Мала Азија; во миграциските бранови на народите исчезнале Хетитите, меѓу XIII и XII век пред Христа, но секако пред Тројанската војна. Дел од Дануните ја населиле Киликија, Бригите мигрирале во Фригија или Горгија, Мезите во Тројада и Сирија, Беотите од јужен Пинд во Дриопија, која подоцна, според нив, е наречена Беотија, Теспротите од Додона во Тесалија итн.

Современите истражувачи на Сахара тврдат дека пронашле бледокожни Нубијци во Египет, кои велат дека потекнуваат од Дунав. Во тие бурни времиња и племето Мосни, од пределот на Поречка Река кај Горни Милановац на Дунав, каде и сега постои селото Мосна, мигрирало во Мала Азија на Црното Море, западно од Трапезунт, по името Мосиники. Ова име го добиле по тоа што живееле во дрвени куќи слични на кули. Мосиники е кованица од: μοσσυν-υνος, дрвена кула и οικος, οικοι-ikos, iki-куќа, дом, родно место, татковина. Гревс (1990 г., 244) изнесува дека Бригите во Македонија уште се викале Мојсинеци, што упатува на заклучок дека дел од оваа популација мигрирале во околината на Преспа.

Некои келтски племиња во IV и III век пред Христа основале населби во долината на Сава и Дунав, од кои позначајни се Сингидунум (Белград) и Капедунум (Ужице). Тие биле и носители на културата на младото железно доба (Powell, 1989 г.).

Пред крај на владеењето на Август, од 15 г. по Христа, Мезија била римска провинција која подоцна била поделена во два дела, на Горна и Долна Мезија. Горна Мезија (Moesia Superior) главно е денешна потесна Србија. Долна Мезија (Moesia inferior) се простирала спрема исток до Црното Море и од Дунав до планината Балкан.

Дотогашното тракиско кралство престанало да постои во 45 г. по Христа, под Клаудиј (41-54 г. по Христа). Еден нејзин дел í припаднал на Мезија, додека од другиот дел била оформена прокураторска провинција. Задачата на Легиите кои се наоѓале во Мезија била да ја чуваат земјата на долниот Дунав од упадите на Варварите.

Од Мезија Римјаните преземале експедиции за понатамошните освојувања. Мезија претставувала главна сообраќајница меѓу Исток и Запад и важен центар во политичките збиднувања. По убиството на царот Филип Помладиот (Iulius Philippus Augustus, 247-249), римските трупи го прогласиле Дециј за цар на Мезија, кој подоцна бил убиен во Долна Мезија во борба против Готите.

Мезија дала поголем број римски цареви кои í ги вратиле моќта и славата на ослабената Римска Империја. Покрај тоа, тие својата родна земја Мезија (Подунавје) повторно ја направиле средиште на цивилизираниот свет. Современите археолошки истражувања откриле величенствени римски царски градови, како што се Naisus (Ниш), Sirmium (Сремска Митровица), потоа големи палати, како што се Felix Romuliana (Гамзиград) и Шаркамен.

GRBOT

Грбот на Мезија

Најпознатите римски цареви од Мезија биле императори: Messius Decius (249-251), познат по првиот општ прогон на христијаните во целото царство; Dominitius Aurelianus (270-275), прв римски цар кој се нарекол господар и бог (dominus et deus), обновувач на старите светилишта во Рим и идеолог кој сакал колебливата царска власт да ја зцврсти со давање верско обележје. Следат Aurelius Probus (276-282) познат, меѓу другото, и по проектот за реформи заради издигнување на земјоделието и Aurelius Maximianus (286-305 и 307-310).

Што се однесува до судбината на староседелците, посебно од Подунавјето, за време на масовните селидби на Словените во VI век, тие можеле да опстанат само засолнувајќи се во некои приморски делови и на непристапните балкански планини. Периодот  од VI-VIII век е еден од најмрачните во историјата на Полуостровот, токму поради скудните археолошки и пишани податоци.

Така, етнонимот Мези повторно се јавува во текот на XII век во историјата на ИРЦ, во периодот на превласт на военото благородништво и внатрешниот крах на царството. Во тој период, етничкиот состав на населението бил многу сложен: „Варварите од планинските подрачја на Балканот, кои порано се викале Мезијци, сега се викаат Власи. Според тоа, се наметнува декa жителите на стара Мезија во тој период се нарекувале Власи. Овој назив немал само етничко значење, туку служел и како општ белег за пастирските племиња“. (Остроговски, 1969 г., 378)

ShkoD  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top