Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

Egej1

Egej1

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Меѓу палеобалканската популација на Централниот Балкан биле Бригите и Тракијците. Доаѓањето на Бригите на просторите на Балканот, најверојатно се случил од север, со бранот индоевропски миграции, во средината или крајот на II милениум пред Христа. Бригите биле индоевропски народ. Тракијците, пак,  биле најброен народ на светот и би биле непобедливи да биле сложни и да имале еден поглавар

Меѓу палеобалканската популација на Централниот Балкан, Бригите заземаат значајно место, а меѓу малоазиските, Фригите. Етнонимот потекнува од сложениот палеобалкански збор Βρυ-γοι, bri-гој, Βρυ, bri-мов и γεα, γη, gea, ge-земја, област. Инаку, Бригите се антички народ северно од Бореја во Македонија, во околината на Преспанското Езеро. Со миграцијата во Мала Азија го добиле називот Фриги.

За Бригите, Херодот (VII, 73) ги дава следните информации: „На Фригите, по кажувањата на Македонците, во времето додека живееле во Европа и им биле соседи на Македонците, името им било Бриги, а кога се преселиле во Азија, истовремено ги смениле и родниот крај и името, и се нарекле Фриги.“

Според археолошките и историските истражувања, најголемиот број автори (Страбон, VII, 7, 9; Папазоглу, 1957 г.; Гарашанини, 1983 г., 467-170) прото-Бригите ги лоцираат на просторот меѓу Преспанското и Охридското Езеро, Драч, Јужна Албанија и Епир или, попрецизно, во горниот тек на реката Еригон, а нивни соседи биле: Енхелеите, Партините, Линкестите и Деуриопите.

Главен град на Бригите бил Кидрај (κυδραi-kidros-славен), на северозапад на планината Варнус (Баба, со висина 2177 м.), покрај Преспанското Езеро (λτμνη Βρυγητς-limne brigeis), по кого го добиле својот етноним, додека пред тоа се викале Мосиничани, по топонимот Мосна кај Ѓердап на Дунав.

Доаѓањето на Бригите на просторите на Балканот, најверојатно се случил од север, со бранот индоевропски миграции, во средината или крајот на II милениум пред Христа. Бригите биле индоевропски народ, сроден на Тракијците (Томсон, 1954 г., 291). Во митологијата и во историјата тие се попознати како Фриги, народ во Мала Азија, отколку како Бриги, народ на Балканот.

Egej2

Археолошки остатоци во Преспа

Во преданијата на Кадмо, епонимен херој на Кадмејците, жители на беотска Теба (1313 г. пред Христа), а во неговото кралување кај Енхелејците, кои живееле долж Црн Дрим, како и во борбите со Илирите, Бригите не се споменуваат. Тие не се споменуваат ниту како учесници во Аргонаутската експедиција во 1225 г. пред Христа.

На овие простори тие најверојатно дошле меѓу Кадмовата миграција, 1313 г. пред Христа и Аргонаутската експедиција, 1225  г. пред Христа (Томсон, 1954 г., 291), а нивната миграција хронолошки се врзува со 1200 г. пред Христа кога се случило паѓањето на хетитската држава.

Најзападниот дел на нивната покраина на Хелиспонд и Тројада се викал Мала Фригија, а поголемиот дел во долината на реката Сангариј, Голема Фригија. Во Тројанската војан Фригијците биле сојузници со Пријам против Грците. Од друга страна, младиот Пријам им помогнал на Фригијците во борбата против Амазонките.

Од митските личности на Фригијците познати се кралевите Пелоп, Танталов син, и Мид, Гордиев син. Фригиецот или Лиѓанецот Пелоп, ги повел Ахејците, во средината на XIII век пред Христа, од тесалска Фтија на Пелопонез. Таму се оженил со Хиподамија, ќерка на елидскиот крал Енонај. Таа му родила шест сина, од кои најпознати биле Атреј и Тиест, и три ќерки. Од Атреј потекнува Агамемнон, кој станал крал на Микена во 1200 г. пред Христа инаку војсководец на Грците во војната против Троја. Другиот син, Менелај, бил маж на убавата Елена заради која избила Тројанската војна.

Митскиот основач на фригиската држава и на градот Гордион, на власт дошол по братоубиствената војна, на воловска кола и со орел. На Гордиевата кола јаремот бил врзан за рудата со јазол кој не можел да се одврзе. Според пророштвото, оној кој ќе го одврзе јазолот ќе владее со цела Азија. Тоа го сторил Александар Македонски со својот меч. Како кралеви на Фригија Хомер (XVI, 718) ги споменува Димас и Отреј.

Egej3

Градот Гордион

Гордиев син бил Мид кого го сметале за мудар и неизмерно богат крал. Во митологијата тој е познат по приказната „за магарешките уши на кралот Мид“. Меѓутоа,  во легендите има збрка меѓу Мид од Фригија и Мид кој имал градини со рози во подножјето на македонската планина Бермион, каде што залутал Силен, учителот на богот Дионис.

Според најновите истражувања (Петрова, 1996 г., 208), миграцијата на Бригите и Мизите од централнобалканските простори се одвивала во повеќе бранови и правци. Првиот поголем бран се случил околу 1500-1400 г. пред Христа во правец кон Мала Азија. Вториот помал бран во ист правец се случил по Тројанската војна, т.е. 1193 г. пред Христа. Третиот бран се одвивал во правец кон Епир, Грција и Италија, околу 800-700 г. пред Христа. Фригиската држава исчезнала во почетокот на VII век пред Христа.

Во митологијата, Трака (Θρακη:thraka) е епонимна хероина на Тракија, ќерка на Океан и Партенопа, сестра на Европа, полусестра на Азија и Либија (Африка). Името на земјата Тракија (Θρακη,thrakе) потекнува од зборот θραζ, thrax-Тракиец, додека зборот Θρασθς-εω, thrasis значи срдечен, смел, пркосен. Според Херодот (V, 2), по Индите, Тракијците биле најброен народ на светот и би биле непобедливи да биле сложни и да имале еден поглавар. Во праисторијата

Тракијците го поседувале целиот простор на Балканскиот Полуостров меѓу Дунав, Црното и Егејското Море, а на запад до границите на земјите кои, главно, достигнувале до Дрина. На север ги населувале денешните Романија, Унгарија и Украина (Hoddinott, 1981 г.). Нивното потекло не можело да се утврди, како ни областа од каде што дошле на Балканот. Според Хомер, сите земји северно од Тесалија биле Тракија. Нивен бог бил Посејдон, како и боговите: Дионис, Ареј, Артемид и Салмоксис. Тракијците биле сојузници на Троја во војната против Хелените.

Класичните подоцнешни литературни податоци за Тракијците се многу сиромашни, но најновите антрополошки истражувања на многу научници од Балканот, по Втората светска војна, утврдиле дека потеклото на Тракијците е од Кавказ. На југоисток во Европа, во Балканско-Карпатскиот регион, тие дошле во неолитот преку Мала Азија, Црното Море и Дунав, а, пред сé, преку Вардарско-Моравската долина (Hoddinott, 1981 г., 15). Се утврдило дека Тракијците биле многу способни земјоделци и рудари, имале заедница со социјално зрела структура, но и еден етнички амалгам од различни народи кои во период од околу 2000 години постепено се асимилирале.

Заедниците во Македонија и во северниот Егеј, во класичниот период, од страна на Хелените го добиле името Тракијци. Не е познато како тие се викале меѓу себе (Hoddinott, 1981 г., 27). Што се однесува до обичаите, Херодот (V, 2-8) изнесува дека тие имале обичај да ги продаваат своите деца во странство. Кога се раѓало детето, тие кукале заради наволјите кои ќе мора да ги трпи во животот, а умрените ги спалувале и ги погребувале со игра и голема веселба.

Тетовирањето било знак за високо благородништво. Невработеноста за нив била нешто најубаво, а земјоделството нешто најлошо. Да се живее од војување и ограбување, за нив било најголема „гордост“. Се претпоставува дека Тракијците зборувале со балканска палеоглосологија.

За јазикот на Тракијците потврдува и ономастиката. Од оронимите тоa се планината Хем (`αiμα, haima-крв која тече, но и род), потоа планината Родопи (ροδον, rodon-ружа, роза и зборот ωψ, ωψης, ops, opsis-изглед, лице) и др; од хидронимите, на прво место е Истрос (кованица, ιστα, istia-храна и ρεω, reo, ro-струја, вода, река), реката Хебар (кованица `ηβος,hebos-млад и `ηβη, hebe-зрелост, напон и зборот ρεω, reo и ροος, ros-струја, река, т.е. Еврос). Следат Местос или Нестос (полн), Асимос (незначителен) итн.

Egej4

Тракија во византискиот период

Меѓу многубројните племиња најпознати се Гетите кои верувале дека се бесмртни. Тие живееле меѓу Хема и Дунав, а потоа се преселиле преку Дунав и добиле име Дачани. Во време на Демостен имале три државички. Од другите племиња биле: Траузите, Скирниидите, Нипсеиците и др. Како тракиски крал се споменува Ликург (λυκος, likos-волк), кој според митологијата бил син на Дријант, внук на Аеј, крал на Едонците. Тој бил сурово казнет кога во митологијата се споменува околу Македонија и египетскиот крал Озирис.

Имено, кога Озирис ѝ го препуштил владеењето со Египет на својата жена Изида и тргнал да го освојува Балканот, со себе ги понел и своите синови Анубис и Македон, кои биле врвни воини. Бидејќи во Тракија го убиле кралот Ликург, Озирис го прогласил Македон за крал и го оставил во земјата која по него е наречена Македонија (Diodonus Sic., I 18, 1, 20, 3). Други кралеви на Тракија биле: Амикос, Олор, Ринеј, Спаргапита, Терс, Тереј, Анадокос, Ситалк (со ордиско потекло) и други.

Тракија била богата со шуми, рудници за сребро, житарици и коноп. Во текот на персиските војни Тракија била, меѓу првите на Балканот, окупирана од царот Дариј, во 512 год. пред Христа па сé до 479 година пред Христа кога персискиот поход на Балканот бил скршен.

Инаку, публикацијата од „Панонија до Егеј“, чиј автори се академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, издадена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2007 година, на 196  страници е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискoна, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред сé историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

Sh Donco slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top