Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

New1

New1

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ –  II ДЕЛ

Постариот син на Амитаон, Мелампод, кој живеел во близина на Пила на Пелопонез, станал прочуен пророк, зашто го разбирал говорот на птиците, се занимавал со медицина, со хумана репродукција, а посебно со лекување лудило. Според Хомер (I 1, II 706), кога Мелампод како заробеник паднал во рацете на кралот Филак во Тесалија, му пошло од рака да го излечи Ификло од полна немоќ (импотенција) и неплодност

Ификло бил син на Филак, крал на градот Филак во Тесалија, и Минијката Климена, ќерка на кралот Миниј од Подунавје. Поттикнат од желбата да добие внуци, кралот Филак му ги ветил на заробениот пророк Милампод своите прочуени говеда, ако го излекува неговиот син од неплодноста. Задоволниот крал Филак го исполнил своето ветување. Пророкот ги добил слободата и ветените говеда, а потоа со подароците од Тесалија се вратил во Месена на Пелопонез и говедата му ги дал на брат му Бијант.

За време на престојот на Меламопд во Месена, во средината на XIII век пред Христа, се случил уште еден настан по кој тој станал познат. Ќерките на аргивскиот крал Прет, Лисипа, Ифиноја и Ифијанaса, полуделе зашто божицата Хера, Зевсовата жена ги казнила, бидејќи пристапиле кон Дионисовиот култ. Бил повикан Меломпод да ги излекува. Како награда, пророкот побарал една третина од неговото кралство за себе. На кралот Прет му се чинело дека оваа цена била превисока и го одбил Меломпод. Со време, лудилото се пренело и на другите aргивски жени кои ги напуштале  своите мажи, деца, домови и лутале по Пелопонез.

New2

Божицата на среќата

Тогаш кралот Прет бил принуден повторно да го повика Мелампод, но овој ја зголемил цената бидејќи заразата многу се проширила и побарал уште една третина од земјата за својот брат Бијант. Со голема тага Прет го прифатил барањето. Тогаш Мелампод, со помош на брат му, одбрал група силни момчиња со кои ги протерал лудите Претови ќерки и избезумените жени на Арг до градот Сикион. Откако ги собрал, ги однел во Елида на потокот Миниј и таму сите ги исчистил и излечил од колективното лудило, освен Ифиноја која од замор умрела (Паусанија, II, 11, 3). Кралот Прет своите ќерки Ифијанаса и Лисипа ги омажил за Мелампод и неговиот брат Бијант.

Мелампод добил тројца синови: Мантиј, Антифат и Абант, како и две ќерки, Пронија и Манта. Покрај споменатите успеси, Мелампод бил прв кој му изградил храмови на Дионис во Грција и прв кој го разблажил виното со вода. Од родот на Мелампод шест потомци владееле со Аргос, како и исто толку поколенија. Ќе ги наведеме позначајните од нив.

Абант бил аргивски крал, а негов потомок бил Оикле, аргивски пророк, син на Антифат. Се оженил со Хипермнестра, која го родила синот Амфијара и двете ќерки, Ифијанира и Полибеја. Загинал во Мала Азија, кога Херакле тргнал да му се освети на тројанскиот крал Лаомедонт.

Амфијара, исто така, бил потомок на пророкот Мелампод, херој од Аргивската и Тебанската војна, во 1213 г. пред Христа. Неговата сопруга Ерифила, ќерка на аргивскиот крал Талај, во среќниот брак ги родила синовите Алкмеон и Амфилох и ќерките Евридика и Демонаса. Амфијара поседувал дар да претскажува. Во војната ,,Седуммина против Теба“, која, всушност, била војна меѓу Подунавците и Фениќаните, Амфијара се истакнал во борбите. Зевс го сторил бесмртен. Учествувал во ловот на Калидонскиот вепар, во походот на Аргонаутите и на свеченостите приредувани во чест на Пелиј. Митот за него е честа тема во античката литература, во поезијата и драмската уметност, од страна на Еврипид, Есхил и др.

New3

Локалитетот Теба

Алкмеон, како и неговиот татко Амфијара пред тоа, учествувал во вториот поход против Теба по десет години, зашто претходниот пропаднал. Во оваа војна Алкмеон бил водач на походот. Се истакнал во борбите, го убил тебанскиот крал Лаодамант и прв влегол во градот. Алкмеон се женел три пати, а еден од неговите синови бил Акарнан.

Акарнан имал трагичен живот, а митот за него го обработувале Еврипид и Софокле. Тој бил епонимен херој и по него Акарнанија го добила името.

Помладиот син на Амитаон, Бијант, брат на Мелампод, кога дошол во Месена кај својот роднина Нелеј, крал на Пила, се вљубил и ја побарал неговата ќерка Перо. Кралот му ја ветил девојката под услов најпрво да ги донесе прочуените говеда на Филак од Тесалија. Бијант тргнал за Тесалија и залудно се обидувал да ги украде, зашто говедата ги чувал страшен и секогаш буден пес. Само благодарејќи на пожртвуваноста на неговиот брат Мелампод, планот успеал.

По враќањето во Пелопонез, Нелеј ги добил бараните говеда, а Бијант раката на убавата Перо. Со заслуга на Мелампод, Бијант добил и дел од Претовото аргивско кралство. Со Перо Бијант имал повеќе деца, од кои најпознат бил Талај. Подоцна, кога Бијант станал владетел на Арг, се оженил со Лисипа, која му ја родила ќерката Анаксибија.

Синот на Бијант, Телај, учествувал во походот на Аргонаутите и имал повеќе деца меѓу кои биле: Партенопеј, Пронакт, Мекистеј, Адраст, Ерифил и др.

Партенопеј пораснал во Арг, се истакнувал со исклучителна убавина и џиновски раст. Бил еден од војсководителите во походот „Седуммина“ на Теба против Кадмејците. Во борбите се истакнал со голема храброст, но го усмртил Актор.

Пронакт бил крал на Арг и бил почитуван како херој. Негови деца биле Ликург и Амфитеј.

Мекистеј, исто така, учествувал во походот „Седуммина“ на Теба, каде што и загинал. Неговиот син Еуријал се споменува во митологијата меѓу Епигоните и како учесник во Тројанската војна (Хомер, I 1, II 559 и понатаму).

Адраст бил крал на Арг и бил оженет со Амфитеја која му родила шест деца. Учествувал во првата војна против Теба и бил еден од војсководителите. По десет години, Адраст повторно организирал поход против Фениќаните на Теба со синовите на оние кои загинале во претходната војна. Овојпат „Епигоните“ ја освоиле Теба и ги протерале Фениќаните, но Адраст умрел скршен од болка заради смртта на својот син Егијалеј. Адраст бил почитуван во повеќе елински градови.

Син на Егијалеј и внук на Адраст бил Кијанип кој бил крал на Арг, учесник во Тројанската војна и еден од оние кои се наоѓале во дрвениот коњ. Трет син на Тира и Кретеј бил Есон, крал на Јолк, каде што живееле и многу Минијци (Гревс, 148, 9). Се оженил со Алкимеда, внука на кралот Миниј. Нивни син бил Диомед, познат во митологијата како Јасон. Есон владеел со Јолк додека од престолот не го симнал неговиот полубрат Пелиј, вонбрачен син на Тира и богот Посејдон. Пелиј го затворил Есон и барал да се откаже од наследството.

Јасон бил јунак на митот за Аргонаутите и тесалиски херој, чија легенда во трудот „Аргонаутика“ ја опишал Аполониус (Apollonius Rh.) (295-230 година пред Христа). Јасон имал несреќно детство бидејќи неговиот чичко Пелиј, заради наследство, сакал да го уништи без трошка милост. Јасоновата мајка, за да го спречи тоа, применила лукавство. Ги собрала своите роднини да тажат над него како над мртвороденче, а потоа го однела од градот Јолк во Магнезија, на планината Пелион, кај мудриот кентаур Хирон. На Пелион, Диомед го одгледувале Хироновата мајка и ќерка, а Хирон го научил на лекарска вештина, па оттаму и името Јасон (од зборот iasis-лекување, излекување и лекар-iater, iatar).

New4

Аргонаути

По дваесет години Јасон решил да отиде во Јолк за да ја побара кралската власт. Кога дошол до надојдената река Енипеј, забележал старица која, стоејќи на брегот, ги молела минувачите да ја пренесат преку реката, но никој не се сожалил освен Јасон. Тој ја пренел на својот грб од другата страна на брегот. Во речната кал Јасон ја изгубил едната сандала. Старицата, всушност, била маскирана божицата Хера, која подоцна во животот секогаш му помагала.

Во Јолк, Јасон се појавил на градскиот плоштад, силен и убав како бог, со две копја во раката, нагрнат со крзно од пантер, но без една сандала. Сите се прашувале кој бил овој дојденец. Кога кралот Пелиј го видел новодојдениот, се сетил на едно пророштво да се чува од човек со една сандала, па грубо го прашал кој е и како се вика татко му. Тој одговорил дека се вика Јасон, дека претходно го нарекувале Диомед и дека е син на Есон. Рекол дека дошол во својот роден крај за да ја побара кралската власт, која му припаѓа по татко. Пелиј се преправал дека е подготвен да го стори тоа под услов да му го донесе Фриксовото златно руно од Колхида на Кавказ.

Со помош на Хирон и Хера, Јасон ги собрал најдобрите јунаци и ја изградил лаѓата Арго (брз) со педесет весла. Потоа отпловил кон Колхида. По многубројни перипетии и со помош на Медеја, ќерка на кралот на Колхида Ејет, која се заљубила во Јасон, тој го убил змејот, чувар на „златното руно“. Кога го зеле пленот, Аргонаутите заедно со Медеја веднаш се натовариле на Арго и брзо отпловиле од Колхида, гонети од лаѓите на Ејет. За враќањето на Аргонаутите постојат повеќе преданија.

Пелиј го убиле неговите ќерки Пелијади, благодарејќи на мамката на волшебничката Медеја дека ќе го подмлади нивниот татко ако претходно го распарчат. Плашејќи се од освета, Јасон му го препуштил кралството на синот на Пелиј, Акаст. Според една легенда, Јасон заедно со Медеја отишол на Истам, додека, пак, Акаст го погребал таткото со најголеми почести. По повод смртта на Пелиј биле организирани натпревари на кои учествувале елинските јунаци, како што биле Херакле, Пелеј и др., но и јунаци од северните земји, како што биле Бореадите, Македонците Кикно, Орфеј итн.

Продолжува

Sh Donco   slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top