Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

panpan1

panpan1

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Во текот на средноминојската епоха, додека „егејската цивилизација“ била на врвот, околу 1600 година пред Христа, дошло до селидба на Ахејците, или Ахеите, подоцна во VII век пред Христа наречени Хелени (Папаставро, 1972 г., 26 и Mpampiniotis, 1986 г., 96). Заради големите талкања низ лавиринтите на нивното минато и заради разни историски и политички шпекулации, на оваа популација на Балканот ѝ е даден поголем простор

Ахејците биле со индоевропско потекло. Од својата прататковина Курган, меѓу Аралското и Каспиското Море, тие тргнале во северозападен правец кон Европа, кон Панонија и јадранските брегови, па преку планинскиот масив на Епир, Додона и Пинд се доселиле во Еолија (Тесалија) каде како староседелци живееле Пелазгите и Еолците (Томсон, 1954 г., 283).

Први историски информации за Ахејците дале Хетитите и Египќаните. Хетитите, кои во XIV век пред Христа имале моќна династија во Анадолија, со Mursil (Mursil) околу 1350-1320 година пред Христа, ги нарекувале Ahhijawa или Ahhiywan (Папаставро, 1972  г., 29; Taylor, 1983 г., 158, 1986 г.). Во египетските споменици и папируси се споменуваат како Akaiwasha, во време на Рамзес II, 1288 година пред Христа (Childe, 1926 г., 63, 72).

Балканското име на Ахејците во митологијата и историјата не е познато. Тие биле именувани како Ахејци од староседелците, тесалиските Пелазги. Според Гревс (1990 г., 631), Ахај значи оној кој разжалостува. Етимолошки тоа е кованица од: a-ne-без и зборот од коренот χαρ, χαιρω, χαρα: har, hairo, hara-радост, додека αχαρις, aharis-неблагодарен, непријатен, додека αχαiiη или αχος-која тагува, тажна, чемерна.

Во Централен Балкан постојат многу топоними под називот чемерно. Ахејците ја населиле тесалиската област Фтија (φθiη-fthie, од φθτω, fthio-да уништува, гине, исчезнува), според истоимениот пелашки еолски тесалски град, на реката Сперхеј. Оваа неплодна теснопланинска област, каде што денес се наоѓа градот Ламие, во размер 60х40 км, до Малијскиот Залив на Егејското Море.

panpan22

Од планинските масиви кои ја опкружуваат Фтија, најзначајна е Ета (Οiτη-несреќа, страдање, судбина) на југ, со височина од 2150 м, која на својот најнизок дел ја создава Термопилската Клисура (Тополичка Врата), единствен премин од Тесалија, а тие во историјата се именувани како тесалски Ахејци, а поретко како еолски Ахејци. Според митологијата, староседелците, Пелазгите од Фтија, потекнувале од богот на реките, Асоп (Ασωπος, од α-не, без и σωπος, σωπαω, sopos, sopao – да бидеш мирен, т.е. никогаш мирен), чии синови биле Пелазг (денес градот Пелазгија покрај брегот, се наоѓа на 38 км источно од Ламие) и Исмен, како и една ќерка со име Егина.

Таа се омажила за Актор, крал на Фтија. Таа на Актор му родила двајца синови, од кои Менетие бил татко на Патрокло, прочуен јунак во Тројанската војна и нераздвоен пријател на Ахил. Егина со Зевс, на истоимениот остров, родила син Еак, кој станал родоначалник на едно племе новодојдени Ахејци во Фтија, кое се викало Еакиди или Мирмидони (мравјалници). Внук на Еак бил Ахил, најславниот јунак на Ахејците во Тројанската војна, 1192-1182 година пред Христа. Еакидите подоцна, преку Фокида се прошириле до островите Саламина и Егина. Според Хомер (II, 681), Ахејците во Фтија населувале пет града: „… Кои по Алопа, Ала, Трахина и по Фтија градот, кои по Елада беа, каде велат убави жени, т.е. Хелените се викале Ахејци и Мирмидонци, лаѓи беа педесет, Ахил им беше војвода …“

Додека тесалските Ахејци живееле стеснети и сиромашни во Фтија, во средината на XIII век пред Христа, Пелоп од Мала Азија го однел поголемиот дел од Ахејците на Пелопонез и станал епонимен херој. Полуостровот кој првобитно се викал Пелазгиотис, со доаѓањето на Данајците го сменил името во Апис, по светиот египетски бик, за на крајот, според Пелоп, да се нарече Пелопонез, а неговиот дел Пелопонезиска Ахаја, на бреговите на Коринтскиот Залив, со околу дваесет града.

Во митологијата, Пелоп бил син на лидијскиот крал Тантал (танталови маки), познат како Фригиец. На Ахејците им ветил богатство и доаѓајќи на Пелопонез ја побарал раката на убавата Хиподамија, ќерка на елидскиот крал Еномаја, чие кралство го опфаќало северозападниот дел на Пелопонез, т.е. Пелазгиотидите. Меѓутоа, кралот од стројникот барал да се трка со него на Олимписките игри. Со помош на богот Посејдон, во златни кочии и со крилести коњи, Пелоп победил, се оженил со Хиподамија и станал крал на Елида, со престол во Пиза.

panpan3

Кападокија

По смртта, уживал Божји почести и бил погребан во Олимпија. Бил родоначалник на Пелопида. Со Хиподамија Пелоп имал повеќе деца, од кои најпознати биле Атреј и Тиест. Атреј (Ατρευς) бил оженет со внуката на Миној, Аеропа од Крит. Таа ги родила синовите Агамемнон и Менелај, и ќерката Анаксибија. Заради љубомора меѓу браќата, синовите на Пелоп, дошло до омраза, многубројни злодела и до убиство на полубратот Хрисип. Пелоп ги проколнал синовите и тие, плашејќи се од татковиот гнев, побегнале кај кралот Еуристеј во Микена.

Бидејќи Еуристеј, од династијата на Даните, немал наследник, пророштвото советувало за крал да одберат еден од синовите на Пелоп. Браќата се договориле да владеат со Микена на смени, секоја година. Тиест во меѓувреме ја завел својата снаа Аеропа, па заради тоа побегнал од Микена во Сикион, каде не знаејќи ја обесчестил сопствената ќерка Пелопија, која, пак, го родила синот Егист. Кога Егист пораснал го убил чичко си Атреј. Се смета дека Атреј владеел со Микена во 1250 година пред Христа.

Најстар син на Атреј бил Агамемнон, крал на Микена и врховен заповедник на ахејската војска во Тројанската војна. Се оженил со Клитемнестра, ќерка на спартанскиот крал Тиндареј, кој му помогнал да се врати на аргивскиот престол. Неговата судбина била врзана за Тројанската војна, која траела десет години, за жртвувањето на својата ќерка Ифигенија, за љубовните перипетии со Хрисеида и Брисеида и со претскажувачката Касандра, ќерка на Пријан.

Клитемнестра на Агамемнон му родила еден син, Орест, и три ќерки: Електра, Ифигенија и Хрисотемида. По паѓањето на Троја, Агамемнон се вратил во татковината, каде во завера бил убиен од жена си Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист, син на Тиест. За да се освети за татковата смрт, Орест ги убил мајка си и Егист.

Орест бил роден пред почетокот на Тројанската војна. Детството го минал безгрижно во родителскиот дом. По убиството на мајка си бил прогонет во Паракипарисија, на југ на Пелопонез, каде во Гитион се лечел од лудило. Заради постојаното прогонство од Еринија, страшните и лути божици, му било наредено кипот на божицата Артемида да го однесе од Таурида, на Кавказ, во Атина. Со помош на сестра си Ифигенија, свештеничка во храмот на Артемида, за која сите верувале дека одамна била мртва, го зеле кипот на Артемида и заедно се вратиле во Атина со лаѓа.

Тогаш судот го ослободил и му дал да владее со Арг, дел од Аркадија и Спарта. Се оженил со Хермиона, единица на Менелај и Елена, која со Орест го родила синот Тисамен. Орест владеел 70 години и умрел во длабока старост, деведесетгодишник, бегалец од Аркадија, и бил погребан во Тегеј, во 1104 година пред Христа, според Ератостен. Смртта на Орест бил крај на династијата Пелопиди и почеток на егзодусот на Ахејците од Пелопонез и Тесалија заради доселувањето на Дорците. Со егзодусот на Пелопидите завршила „микенската цивилизација“ која била дел од „егејската цивилизација“.

Продолжува

ShkoD   Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top