Фељтон

Името има корени (5)

Историски докази за Хелените

За тоа дека Хелените се доселеници постојат и историски извори:

“..Легендите на Грција ( се мисли на дојденците-авт.) се посочувачки:тие кажуваат за доаѓањето во Грција (областа кај што денес е Грција-заб:Хомер МакеДонски) во различни времиња на неколку важни народи,како кадмите Данајците,Пелопите и Персите,од Египет,Блискиот Исток и Мала Азија.Можеби неколку Хиксови кралеви со своите поседи дошле од Египет во времето кога тебанските кралеви (Теба од Египет-авт.) силно ги притискале Хиксите во 1.500 –те годиниСите овие луѓе се личности од она што се нарекува Прво Херојско Доба на Грција пред Тројанската Војна’’

Согласно пишувањето на Арнолд Џ. Тоинби (Arnold J. Toynbee), дека:

– “Хелени” го означувало населението(жителите) на Хелас,а ги означувало “членовите на Хеленското општество’’и било употребувано како корпоративно и асоцијативно име за локалните луѓе,како Амфистион(ес),соседите,кои што управувале со светите религиозни места кај Делфи и Термополите , а го организирале и Питискиот фестивал ,кој се поврзувал со нив .”

Дополнуваме дека значењето е хеленес-населеници , а Елада – Hellas област населена со имигранти.

Видувањето за присуството на поимот Грци од своја страна прекрасно ќе го долови Ристо Стефов укажувајќи на фактот дека : “Не постои зборот “ Грк ’’ во современиот грчки речник ,а ако зборот Граикхос –Граекос и се користи од понекого ,тој воглавно е непознат за повеќето Грци . Ако денес ги запрашате современите Грци да ја препознаат сопствената националност ,тие ќе ви одговарат дека се “Грци’’.Ако пак ги потпрашате што значи тоа “Грци’’,би ви одговориле дека тоа означува “Елини’’ (“Ellinas” ) или Елинида (“Ellinida”.).’’

Лингвистички поглед кон коренот на зборот Хелени

“Според Тукидид,Хелените биле народот на Елас (Hellas ), за кои што грчката митологија забележила дека биле така наречени според Хелен (Hellen ).Но со многу понаучен пристап кон ваквите објаснувања се земаат како еден нелогичен мит,при што потеклото на името се сместува на територијата на Епир, во земјата на Дорците,каде луѓето биле нарекувани Селои (Selloi) или Хелои (Helloi).Еимологијата на овој термин е во коренот *sedlзnes со значењето на населеници( од пред индо-европскиот корен *sed, со значењето на – седи )..’’

Се разбира дека современите достигнувања на лингвистиката и незјините претставници се за поздравување,особено при пристапот на согледување на коренот на овој збор и неговото можното значење ,Меѓутоа,по страна што и при ваквите нивни размисли не се согласуваме околу локацијата за нуклеусот на новосоздадената грчка нација,која што и за нив се совпаѓа со територијата на Епир, ,го сметам за потребно да се нагласи следново.

Пристапувањето од аспект на логиката која вели дека пред да се изврши глаголското дејствие на седење ,заседнување или запоседнување на дадена територија или одредено место,најпрвин е потребно да се содадат услови за едно претходно дејство .Таквото дејствие се изразува во процесот на доаѓањето или миграцијата .И токму зборот Хелени го има во себе и преку глаголот селење го објаснува истото.

Хелени разделен на два дела во себе ги има двата глагола,кои се надополнуваат меѓусебно во објаснувањето на можното значење :
Првиот глагол ела – со значењето дојди
вториот, глаголот седи или да се заседне

И токму тие што како во најмала рака безимени имигранти пристигнале на македонската почва ,си дозволуваат да го оспоруваат и присвојуваат не само макдонското историско и културно наледство ,туку дури и нашето народоносно име.Каков сарказам и иронија.Досега не ми познато дека екипата на “Црна змија’’(“Blackadder”) успеала да смисли такво патетично сценарио ,кое погледајте има шанси и да се прифати кај ауиториумот ,благодарејќи пред се на конзументите на “Хелен-бургерот’’ ,како и на производителите на “Пан словено –доселеничката каша –попара ’’, –по теорија !

Референси:

1 -Valentyn Stetsyuk“Research of Prehistoric Ethnogenetical Processes in Eastern Europe’’,Book 2, Traces of Linguistic Contacts in Turkic and Indo-European Vocabularies,Lviv 2003

извор:

http://s155239215.onlinehome.us/turk…AndGreekEn.htm

2-Александар Донски“Јазикот на античките Македонци’’Штип,2006 год…стр.174-175.
3 – Александар Донски“Јазикот на античките Македонци’’Штип, 2006 год…стр.11-19.
4-Clive L. Rawlins”Cultire Shock-А Guide to Customs and Etiquette-Greece’’, page 97-98
5 S. A. Handford and Mary Herberg ”Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … p.8-9
6-Душан Црвенковски,Бранислав Груиќ ”Dictionary English-Macedonian,Macedonian-English”, Наша Книга, Скопје…стр.918

7 – S.A. Handford and Mary Herberg ”Latin-English, English -Latin dictionary” Germany 1955, 1966.Berlin and Munich … стр.200

7 – “The new Collins concise dictionary of the English language”. London & Glasgow 1987…p.714-715
Standard ISBN 0 00 433091-9
Indexed ISBN 0 00 433070-6
8 – “The new Collins concise dictionary of the English language-Guide to Use of the Dictionary”…. p.xiv
9 – Љубо Миќуновиќ”Современ лексикон на странски зборови и изрази’’,Скопје 1990… стр.376
10 – Henry George Liddell and Robert Scott “Greek-English Lexicon” ,London,1896… стр.953
11- S. A. Handford and Mary Herberg “Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … стр.8-9
12-Prof.Richard Mansfield Haywood,,”The Ancient World”New York,1971….p.105
Пандевски Симе,“Македонија-Праисторија,Историја и Денес’’,Скопје,2000 год…стр.27.
13 -[Arnold J. Toynbee: Hellenism, The History of a Civilization; Oxford University Press, 1959]
14- Ристо Стефов“BIG Greek Lie # 15-Greeks are Hellenes”

Интернет извор:

http://groups.yahoo.com/group/RMDigest/message/6069
http://www.macedoniaontheweb.com/for….html#post4866
http://www.biologydaily.com/biology/Hellenes

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top