Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

onomastika1

onomastika1

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Археолошките откритија на некои локалитети во Панонија, како што се Лепенски Вир, Старчево, Винча и др., многу успешно ја потврдуваат оригиналноста на древната култура на средното Подунавје, помеѓу 7000 и 5300 година пред Христа, која архологот Марија Гимбутас1 ја нарекува „древна европска цивилизација“ (Old European Civilization).

1 Gimbutas, M., The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of California Press, 1982.

Оваа древна европска цивилизација се развивала по автентичен правец, според кој подеднакво се разликува од културата на Блискиот Исток, Средна и Северна Европа. Поради тоа, во нашите истражувања тргнавме од фактот дека доколку археолошките супстрати на Средно Подунавје претставуваат најстари можни наоди во културата на европската цивилизација, тогаш некаде мора да постои и соодветна глосологија или палеоглосологија. Со ова е псотавена хипотезата за можен модел на праисториски, архетипски јазик на таа култура, односно на духовна археологија.

Гносолошки истражиувања на теонимската и митолошката Ономастика на Панонија

Во методологијата на научните истражувања користени се Јунговите2 ентитети од комплексната психологија: архетипското, колективно несвесно. Со овој модел истражувана е ономастиката, митологијата и праисторијата. Од ономастиката на Средното Подунавје истражувани се хидронимите и хоронимите според воено-географските карти/мапи 1:200 000, кои не припаѓаат на словенско-српскиот корпус. Во објаснување на имињата, користени се лексикони на старогрчки јазик, како и глосолошки студии на грчки, германски и други лингвисти, кои утврдиле дека во античкиот грчки јазик постојат супстрати кои не припаѓаат на Хелените, туку на праисториските домородци.

2 Jung, K.G., Dynamics of Unconscious, (прев.), Матица Српска, Н. Сад, 1990.

Во панорамата на праисторискиот свет на Балканот и на Егејот постојат многу енигми кои привлекуваат истражувачи од разни профили. Една од големите енигми е таканареченото „грчко чудо“.

Грчката теогонија, космологија и митологија сè уште претставуваат енигма и покрај повеќекратниот напредок на филозофијата, хуманитарните науки и технологијата. После Талес од Милет, Херодот на свој начин се обидува да објасни дека поетите Хомер и Хесоид на Хелените им составиле историја за теогонијата, им дале имиња на боговите, им поделиле почести и на сите ним им одредиле облик/форма.

Се поставува прашањето: дали во митологијата има некоја вистина? Понатаму, дали воопшто поезијата и филозофијата можеле да постојат заедно во времето на настанување на митологијата и што е архетипско? Или, пак, митологијата претставува почеток на филозофијата? 

Меѓутоа, бидејќи поезијата и филозофијата се наоѓаат во митологијата и придонеле за нејзиното настанување, се поставува и прашањето за јазикот, бидејќи во составот на најстариот јазик може да се открие ризницата, изворот на филозофија. Без јазикот не може да се замисли не само филозофската, туку и човечката свест, па и постоењето на, сè до денес, едно колективно несвесно за архетипската култура на Средното Подунавје.

Во составот на овие загатки спаѓаат и митовите за Херкул, за Аргонаутите и за златното руно, како и митот за Хиперборејците, митски народ што живеел на крајниот север, на другата страна на Северниот ветер. Поради тоа и поради верификација на поставените хипотези, избрани се следниве цели на истражувањата:

Да се утврди на кое лингвистичко семејство ú припаѓа географската ономастика на Панонија:

Да се воспостави етимологијата и семантиката на имињата; Да се одредат творците и преносителите на лингвистичката култура на дунавската цивилизација; Да се разгледа прашањето за континуитетот и опстанокот на географските имиња; Да се утврди, со помош на гносологијата, дали јазикот на дунавската цивилизација на Панонија бил супстрат на античкиот грчки јазик, тнр. „коине“ јазикот на Александар Македонски; Да се разгледа прашањето за праисториските Скити-Прасловени како чувари на лингвистичкиот континуитет и архетипската култура на Централниот Балкан

Метод на истражување

Многу автори сметале дека несловенската ономастика на Панонија припаѓа на илирскиот или на келтскиот јазик. Ние, сепак, се обидовме да ја декодираме истата со помош на грчкиот јазик. Воочивме дека ономастиката е сочувана во античкиот грчки јазик и дека таа сочинува супстрат на грчкиот јазик. Привидната апорија е во тоа дека Хелените никогаш не биле на овие простори. 

onomastika2 

За хидронимот на Дунав

Повеќето хидронимичари, (експерти за хидроними), сметаат дека името на Дунав потекнува од келтскиот јазик во кој тоа гласи Дунав и во основа, едноставно, значи „река“. Постојат и други имиња како: Дунај, Дунав, Дуна, Дунареа, Донау, Дануб, Дона, Туна, итн., вкупно околу 160 различни називи. Грчките називи се Даноувиос и Истрос, додека латинскиот е Danubious.3

3 ”Vindobona, quia dat vinum bonum; Danubius, quia dat nubеs”, („Виена, бидејќи дава добро вино; Дунав, бидејќи дава облаци“). Оваа хумористочна етимологија ја дава германскиот писател од 18-ти век, J.G. Seume. Таканарачената народна или домородна етимологија ја прославил кај нас Сима Милутиновиќ Сарајлија (Мухамед=муха+мед, и сл.

Од етимолошки аспект, тука се работи за кованицата ’Даноу’ и ’виос’, која потекнува од теонимите Диос – Зевс, чија буколичка форма е Дан-Зан, сето тоа изведено од коренот ди, диос – сјаен, „сјај небески“. Генитив од Дан е Даноу. Другиот член на името Даноувиос е ’виос’, латински vivus – bios, т.е. живот. Даноувиос или Данубиус, според тоа, значи Диосова или Зевсова река на животот, Божествена река, односно „Господар на сите реки“ и претставува персонификација на богот Диос или Зевс. Ова е наша основна и почетна претпоставка.

Додека Даноувиос бил име за горниот и средниот тек на реката до водопадите кај Ѓердап, дотогаш долниот дел првобитно го носел името Истрос. Хидронимот Истрос е, исто така, кованица од зборот ’истиа’ или ’естиа’ – огниште или храна (оттука нашиот збор ’јести’ на српски) и другиот дел од зборот ’рео’, ’роос’ – струја, река или латински rivus, т.е. „река хранителка“, па оттука и теонимот Хестиа, за едно од 12 олимписки божества и персонификација на огнот на огниште, што асоцира на многубројните огништа во Лепенски Вир.

Во хидролошкиот систем на Дунав во Панонија постојат многубројни реки, меѓу кои спаѓаат:

ТИСА – етимолошки потекнува од глаголот ’тисо’ – да се дава жртва на боговите. Во митологијата Тиса е персонификација на една од нимфите на која божицата Реа ù го дала својот син Диос да го негува и чува;

ТАМИШ или ТЕМИШ е персонификација на титанката Темис, втората жена на богот Диос;

НЕРА е теоним за богот Нереј (Nerevs), прастаро божество на морето.

САВА е персонификација на богот Сава – Зиос, тракиско-фригиско божество во митологијата;

Трите МОРАВИ се персонификација на трите Миори, зли судбини, ќерки на Морос, подредени на Диос и на останатите богови;

СТИГА или МЛАВА е персонификација на нимфата Стига – Стикс, една од реките на Подземниот свет по која душите на мртвите се пренесуваат (Харон) во царството на Хад и на Персефона. Една нејзина притока навистина го носи името БУСИР и го персонифицира митолошкиот бог на египетскиот подземен свет Бусирис (Озирис), а е поврзана и со авантурите на Херакле.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top