Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (6)

pan1

pan1

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ IV)

Современиот грчки лингвист, професор Бамбињоти20, во својата студија со наслов: „Концизна историја на грчкиот свет“ наведува дека глосолошките супстрати се од нехеленско потекло, оние елементи на грчкиот јазик на кои завршуваат одредени зборови, као на пример следниве:

Во топонимите:

amos: Gramos, Samos…

nthos: Korinthos, Zakinthos, Tirinthos…

ssos: Ilissos, Parnassos, Kifissos, Knossos…

ssa: Larissa, Edessa, Naussa, Arnissa…

ttos: Lakavittos, Imittos, Ardittos…

mnos: Kalimnos, Rethimnos…

ndos: Pindos…

ake: Ithake, Trake…

Хороними:

острови: Krete, Thera, Thasos, Lesvos, Milos, Naksos, Hios…

региони: Pelazgia, Thesprotia, Thessalia, Arkadia, Magnesia…

градови: Athena, Mikali, Argos, Lerna Pirasos…

ороними: Olimpos, Pindos, Gramos, Kifissos…

хидроними: Pelagos, Pontos, Kolpos, Pineos, Sperhios…

Антропоними: Ahilevs, Atrevs, Alizevs, Andrevs, Еnipevs, Erehtevs, Evрistevs, Nelevs, Nerevs, Odisevs, Persevs, Pilevs, Thisevs…, како и сите антропоними што имаат суфикс –evs.

Теоними: Athena, Artemis, Apolon, Zevs-Dios, Ermis, Promithevs…

Фитоними: Dafni, Kolokinthos, narkissos, jakinthos, kissos… 

Разни други имиња: pirgos, megaron, sidiros, gefira, halkos, anks, aspis, theos, eirini, kithara, kindinos, tiranos…

(Наведените глосолошки супстрати се изнесени фонетски, а не во официјална транскрипција.)

20  Mpampiniotis, G.: Synoptiki istoria tis Ellinikis glossas, Athina, 1986.

Од етимолошката анализа на авторот, наведуваме два примери:

За теонимот на божицата „Athene„ или „Athana“ наведува дека е од непознато потекло, дека е прахеленски и дека не припаѓа на индоеврпската група јазици. Ние сметаме дека припаѓа на палеобалканската гласологија и декја префиксот „А“ е негација: без, не, додека вториот дел, зборот „thana“ означува смрт – Thanatos. Оттука, божица Athene-Athana значи бесмртна.

За хидромиот „thalassa“ –  море, истакнува дека, исто така, е од непознато потекло и го поврзува за македонскиот идиоматски збор ’glössa’ – говор, јазик, наречје. Сепак, смета дека може да биде кованица од зборот ’tha’ – да трча и од ’alas’ – солен, но, не наведува дека може да потекнува од словенскиот збор „таласати“ (на спрски, односно „се бранува“ на македонски).

Во поглед на староста, топономастиката на Панонија укажува дека таа може да се поврзе со дунавската култура на Лепенскиот Вир и на Винча идека јазикот на таа култура е сочуван на овие простори, а и во античкиот грчки јазик, како непознато потекло „agnöstos“. Типолошки, овој „панонски јазик“ припаѓа на двосложните или синтетички јазици и припаѓа на прото-индоеврпскиот јазик како општ начин на комуницирање и досега, речиси до 3000-5000 година пред Христа.

Истражувачите и толкувачите на Лепенскиот Вир21 во своите дела многу студиозно ги согледале материјалните и духовните содржини на културата на Лепенскиот Вир. Тие, пред сè, многу убедливо истакнале дека „сакралната архитектура и камената скулптура на книгата за настанокот на светот, израз на една своевидна космогонија и есхатологија“. Исто така, оцениле и дека „спомениците на Лепенскиот Вир претставуваат совршено артикулиран говор за нешто што е од најголемо значење за човечкото битие, за смислата на животот и за устројството на светот“. Меѓутоа, тие пропуштиле да кажат на кој јазик говореле творците на културата на Лепенскиот Вир.

21  Срејовиќ, Д., Лепенски Вир, Београд, 1969; и Срејовиќ  Д., Бабовиќ Љ., Уметност Лепенског Вира, Београд, 1983.

Во разговорот со авторите истакнавме дека „Лепенците“ имале свој јазик за комуникација што припаѓа на палеобалканската глосологија. На тој прото-индоевропски јазик зборот ’Лепен’ има основа во зборот lepaios – каменит карст и lepas – гола стена, од глаголот lepö – да лушти, како и од lepra – шуга, лепра, за што сведочи и самата локација на архолошкото наоѓалиште, како и камените скулптури во него.

Еволуцијата на развојот на палеобалканската глосологија изнесена е во делото „Језик античких Македонаца“, како Александровиот „коине“ јазик.

pan2

Теонимски и митонимни резултати

Топономастиката на Панонија содржи теонимни и митолошки елементи. Хидронимијата на Дунавскиот систем, каде таа го персонифицира Зевс (Зевс-Зен, Dios, Дан, Danoubius) со притоките и адите, припаѓа на ПГБ и претставува алегорија на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија од олимпискиот пантеон на богови.

Хоронимот Панонија е персонификација на Панонското Море – Океан, кое е формирано во текот на гоеграфската еволуција на овој простор од Океанот Тетис како Паратетис кога претставувал хидроним. Неговото теонимско значење е „господар“ – Пантократор, а во Хомеровата и Хесиодовата митологија Тетија е прамајка на сите богови и живи суштества, Океанова сопруга, Уранова и Геина ќерка и мајка на три илјади ќерки, Океаниди. Со подигнување на нивото на Панонскиот океан, водите се прелеале во Дакијското море кога, со текот на времето, е создадена Ѓердапската Клисура – Тартар: понор со должина од 98 километри. Планинскиот карст што ја преживеал заканата од рушење е наречен со оронимот Карпати (камен кој страда; пати на српски). Оваа вечна борба помеѓу водата и каменот во митологијата е опишана како титаномахија (титанос е вар, т.е. креч на српски).

На крајот на Ѓердапската клисура – Тартар, богот Посејдон, на Зевсово барање, поставил „Бронзена капија“22 чиј назив денес е преиначен во Железна капија (Iron Gate). Зад „капијата“ се простирала „Океановата струја“: водопадите на Дунав во должина од 3 км, со висинска разлика од 30 м и со брзина на брановите од 5 м/с и просечен проток помеѓу 6.000 и 16.000 м3. Тука, на местото каде ширината на Дунав била 1 км, подгинат е хидроенергетскиот и пловен систем „Ѓердап“ во 1970 година. Со исчезнување на Панонскиот океан, на исушеното дно на басенот се создале големи панонски реки, огромни песочни пространства, т.н. пешчари, ади, мочуришта и ливади.

22  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 453

Овој географски процес во митологијата е опишан како Гигантомахија која, според Хесиод23, се одиграла во големата битка на Флегрејската рамнина (Flegrion pedion), т.е. во Пожаревачката рамнина. Во оваа гигантска борба победила третата генерација митолошки богови на чело со Зевс-Диос (Dios-Dan-Danou-Danoubius). Така Диос-Дунав, со својата сила, искуство и мудрост, ги надминал сите останати богови и станал „господар“ на местото на богот Пан, кој станал бог на стадата и овчарите, но го сочувал хоронимот Панонија.

Како што Уран и Геја имале за деца шест Титани и шест Титанки, така и титанот Крон, со својата сестра, титанката Реја, имал дванаесет деца-богови, меѓу кои биле  Зевс и Хестија. При поделбата на функциите, Хестија (Estia) или Хистиа (Istia) владеела со долната третина од големата река под хидронимот Истриос.

Во теогонијата, Хестија е персонификација на огнот на домашното огниште, заштитничка на куќите, градовите, племињата, државите и прогонетите, додека „истриос“ во превод означува „храна која тече“. Со времето, хидронимот Дунав преовладал по должината на целото течение на реката, а како спомен останал градот Истриа на устиоето на реката во Црното Море. Останале, исто така, бројни огништа (134) на локалитетот на Лепенски Вир на Ѓердап.

Големиот господар Дан-биус на својот брат Ад (Ades; заб. Хад, на српски) му ги доделил на управување сите ади на Дунав и станал бог на Подземниот свет – Ад, заедно со својата жена Персефона. Во митологијата, царството на богот Ад се наоѓа западно од Тартар (Ѓердап) и тука е „Палатата Стига“ (Stygos Domos), во Хомољските пештери. Преку Стишкото поле, источно од Пожареац, рече реката Млава која е синоним за митската река Стиг (Stix): омразена, страшна, мрска, odvratna. Стига-Млава е Нимфа, најстарата од 3000 Океанови и Тетиини ќерки. Таа, со своите деца, прва побрзала да му помогне на Зевс-Дунав во борбата со Титаните. Таа на Зевс му ја родила Персефона, кралица на подземниот свет. Нејзините замоци во подземјето имаат сребрени столбови кои се издигнуваат до небото. „Замоците на Стига“ се Хомољските пештери што ги чува Адовиот пес Кербер (Kerveros: кер- верен) со стотици глави и со змија наместо опашка.

Овој подмолен и опасен пес, најславниот митски свирач е пејач, поет и крал на Македонија, Орфеј, успеал да го маѓепса со својата песна, додека Херакле го совладал Кербер без ластегарка и без стрела. За овој настан пее и Хомер24: „… Кога Евристеј го испратил (Херакле) во Адот, за да му го донесе омразениот пес од Ереб (Бездна), за никогаш да не излезе од стрмнината на Стишка река…“   

24  Хомер, Илијада и одисеја, I, 1, VIII, 369, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ).

Продолжува

 Dshko   Katin6  

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Најнови вести

To top