Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (7)

ono1

ono1

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ V)

Во митологијата реката Стикс има пет притоки, како и Млава, меѓу кои една го носи хидронимот Бусур, а во митологијата Бусур (Vоusiris) е египетски бог на подземниот свет, синоним за богот Озирис. Богот Озирис-Vuziris со божицата Изида во Египет (околу 2500-2340) ги имал синовите Македон и Анубис. Тој го препуштил владеењето со Египет на својата жена и тргнал да го освојува светот заедно со синовите. Кога стигнал во Тракија, војувал со кралот Ликург, кого го убил, а својот прв син Македон го поставил за крал на областа долж реката Халиакмон, која од тогаш го има хоронимот Македонија.

Анибус се вратил назад и станал крал на Египет по смртта на својата мајка. Кога Озирис-Vuziris станал крал на Стишкото поле, бил познат по својата суровост, бидејќи сите туѓинци кои би дошле ги жртвувал на богот Зевс. Кога Херакле стигнал на овие простори трагајќи по Кербер, Бусирис го фатил јунакот, го врзал и го накитил со цвеќе и го привел до жртвеникот. Херакле смирено се приближил до кладата, но, кога започнал ритуалот, ги искинал сите окови, го убил Бусирис, како и учесниците во церемонијата. За овој настан Европид напишал и сатирична драма, а притоката Млава-Стига го памети овој настан како Бусур.

Реката Млава-Стига во митологијата е поврзана и со демонот на Подземниот свет, Харон (Harön), кој преку Могила, Аорн, Кокит и Ахеронт ги превезува сенките на мртвите до вратата на Ад. Душите кои немаат паричка под јазикот, мораат бесконечно да чекаат покрај брегот во горите од црни тополи во Делиблатската пешчара, во Ѕвздениот Гај и во Врачевскиот Гај. Во митологиајта, Стига со титанот Палант (Pallas) имала син чие име го носи адата Жилово (Zilos) низводно од устието на реката Млава.

Додека Зевс-Дунав бил во развој, неговата мајка, божицата Реја (вода) го дала својот син на Тис (Thyssos) да го чува и одгледува. Тис била нимфа (вила), пониско божество. Персонификација на оваа нимфа е реката Тиса во Панонија, лева притока на Дунав. Кога Зевс-Дунав веќе пораснал, ја земал титанката Темида (Themis) за вонбрачна жена, која од боговите била задолжена да управува со човековите судбини и да ги сменува годишните времиња во одредени месеци во годината. Нејзина персонификација у Панонија е хидронимот Тамиш или Темиш и градот Темишвар во Романија.

Нереј (Nerevs) во митологијата е прастаро божество на морето, Форков брат (ада Форко-Тумац кај Панчево), седокос старец во бела облека, не ја зборава правдата и целиот е во пена, а има и педесет ќерки – нимфите Нереиди. Реката Нера во југоисточен Банат е негова персонификација.

Интересен е и хидронимот на реката Сава. Таа, изгледа, првобитно се викала Еридан (Eridanos). Во митологијата се истакнува дека тоа е бујна река која доаѓа северозападно од гората Рипеон (Рипањ?) и истекува во Океан. Етимолошки, тоа е двосложен збор, составен од зборот ’ери’ со грчкото (η) од ера (ηρα) љубов, помош, додека другиот дел од зборот е ’дан’ од Диос-Дан-Данубиус. Истоветна етимологија има и божицата Хера (Ηρα) со грчкото ’ета’. Семантички, хидронимот би значел дека божицата Хера влегува во Дан-Дунав, а нивното дете во митологијата е богот Ареј (Ares), Големото воено острово кај Каламегдан. Ареј е еден од дванаесетте олимписки богови и има натприродна сила, а како бог е персонификација на војната. Тој е агресивен и не признава никакви закони и правила на војување, па поради тоа го мразеле не само луѓето, туку и боговите.

Во Тројанската војна, Ареј учествувал на страната на Тројанците, за што ни соопштува и Хомер.25 Во митолигијата, Еридан (Сава) го прифатил Фаетон (Faethön), син на богот Хелиј (Сонце) кога Зевс со молња главечки го фрлил надолу од небото бидејќи премногу се приближил до планетата Земја со сончевата двоколка за да го спаси и обнови животот на Земјата. Фаетон го погребале Хесперидовите нимфи.

25  Хомер, Илијада и одисеја, I, 1, II, 512, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Зевс-Дунав во митологијата бил познат и како голем љубовник кој обљубил многу божици, ќерки на Титан и нимфи, но и многу смртни жени. Најмалку четири олимписки божества изродил вонбрачно, а меѓу нив биле Сабазиј, Дионис и Дионис-Загреј. Какои Херакле, така и Сабазиј бил син на Зевс и Персефона и често е поистоветуван со Зевс или со Дионис, богот Бакус. За време на неговите оргијастични мистерии, баковскиот извик бил „сави, сави“ при лудувањата и баханалиите, што значи „да се спаси“, па оттука и хидронимот Сава и англискиот збор ’save’.

Тоа бил период кога 4-тата генерација богови се дигнале против стариот канон, што го вовел господарот на сè, Зевс-Дунав. Во ликовната уметност, Сабазиј е прикажан во бригијско-фригијска носија, со шишарка во раката, додека во Римското царство постоеле „Сабазиеви раце“. Тоа биле дланки од бронза со подигнати три први прста (денес српски знак), како култен инструмент. Во народното паметење на богот Сабазиј останал називот на градот Шабац (Sabaz-ios), на бреговите на реката Сава. Богот Сабазиј многу рано имал следбеници, не само на овие простори во Хипербореја, туку и во Фригија и Лидија во Мала Азија.

ono2

Бил познат и во Атина во текот на  VI век пред Христа, а во IV век пред Христа стигнал дури до Африка, каде станал небесен бог, веројатно идентификуван со семитскиот Баал, па оттука и етнонимот Три-бали за скитското племе во Србија. Сабазиј го добил и епитетот „врховен“ (hypsistos)26. Кај Херодот27, реката Сава носи име Бронг (Vroggos) и се наоѓа во Трибалската рамнина, а се влева во Истар. Во реката Бронг се влева и реката Ангро (Aggros), т.е. Дрина која од Илирија тече на север.     

26  Елијаде, М., Светске религије, Народна књига, Алфа, 1996.

27  Херодот, Историја, IV, 49, Матица Српска, Београд, 1988.

Реката Морава е следна голема притока на Дунав, додека во митологијата претставува антропомофризам за богот на злата судбина Морос (Moros). Како што Морава се состои од три дела (Јужна, Западна и Велика Морава), така и богот Морос има три ќерки – Мојри. Тие се викале Клота (предачка), Лахеса (онаа што мери) и Атропа (онаа која не може да се одбегне). Зевс, заедно со Мојрите, управува и ја одмерува човековата судбина. Нишката на животот ја „преде“ Клота, ја „одмерува“ аршинот на Лахеса, а ја „сечат“ ножиците на Атропа.

Меѓу интересните притоки на Морава со митолошка содржина се и Нишава и Ресава. Нишава е десна притока на Јужна Морава, тече низ Нишката планина, Сиќевачката клисура и Нишката котлина. Во митологијата нимфата која го негувала и догледала богот Дионис се викала Нисиа (Nysia), што се однесува на Нишава, односно на „… Нисејските девојки на лудиот бог Дионис“28.

28  Хомер, Илијада и Одисеја, I,1, VII, 133, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Етимолошки, Дионис (Dio-nysos) е кованица од Диос-Зевс и ’нисос’ од Ниса. Тој е син на Зевс. Живеејќи на брдото Ниса, Дионис открил како се сади винова лоза, како се прави вино и како се ужива во него. Кога станал големо моче меѓу убавите нимфи и тргнал во свет, се окитил со венци од ловор и бршлен. Со него тргнал и неговиот воспитувач Силен, добродушен, обично пијан, старец, сатир кој ги презира овоземските добра кого луѓето, кога е пијан, го врзуваат со ланци од цветови за да им ја претскаже судбината.

Дионис со својата оргијастичка придружба тргнал во својот победоносен поход од Нис (Ниш), па натаму кон југ во Тракија кај кралот Ликург, во Македонја кај кралот Мида и го обиколил Египет, Индија, Грција и Шпанија. Неговите празнувања се викале Дионисии. Главно обележје на неговиот култ е оргијање и паѓање во екстаза под дејство на вино, игри и музика, а на ноќните пијанки владеела сексуална слобода.

Надежите на Дионисиевите следбеници што тие ги гаеле во однос на животот мајсторски ги опишал платонистот Плутарх29 и отсликани се на многу споменици ширум Балканот. Душата требало во животот после смртта да ужива во состојба на пераментно блаженство и небеска опијанетост. Реката Ресава е десна притока на Велика Морава, а нејзина притока е Ресавица. Постои и село Ресавица и Ресавска пештера. Оваа богата географска топономастика содржи спомени и традиција на народите на овој крај на славниот меѓу најславните водачи во Тројанската војна 1193-1183 година пред Христа, на кралот на Хилеја-Шумадија, Ресос, кој бил водач на тракијските воини. Тие се ставиле на страната на Тројанците, со своето блескаво оружје и воена опрема, како што во песната „Песна за Долон“ Хомер изнесува30:

29  Plutarchus, Vitae parallelae (prev. Usporedni životopisi), s. 45-125, Zagreb, 1988.

3о  Хомер, Илијада и Одисеја, I,1, X, 434, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ќуриќ)

„Доколку сакате токму во тројанскиот табор да влезете,

Сосема таму на крај новодојдените Тракијци стојат

Кај нив кралува сега Рес, Ејонеев внук.

Кај него видов многу убави и големи коњи

Ждребињата се побели од снег, во трчањето достојни/слични на ветрот.

Украсена со злато и сребро е неговаа кола

Носи оружје златно и големо, висинско е чудо

Да се види тоа оружје; не прилега на борците смртни

Да се наоружаат со истото, туку на бесмртните богови само…“

Продолжува

 Dshko   Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top