Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (8)

1234

1234

III

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ VI)

Во Делибатската пешчара во Банат постои топонимот Херонија, што има теонимско значење. Етимолошки е кованица од зборот ’Хера’ што се однесува на божицата Хера и суфиксот „ön“, его, јас лично. Во митологијата Хера е Кронова и Реина ќерка, сестра на богот Зевс. Во титаногигантомахијата, Хера ја чувал Океан 300 години. По победата на Зевс-Дунав над останатите богови, свечено е прославена нивната венчавка.

Покрај многубројните подароци, Хера добила од божицата Геја расад што раѓа златни јаболки, кои многу ú се допаднала, па боговите како дрва на животот, вечната младост и бесмртноста ги засадиле во „градината на боговите“, во Јабучковиот рит крај Панчево. Јаболката ги чувале Хеспердите, ќерки на богот Форка (адата Форко-Тумац). Според Диодор31, градината на Хесперидите се наоѓа во земјата Хипербореја.

31  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, IV, 26, Leipzig,1986.

Освен топонимот Херонија постои и топоним Велики Дос, што е персонификација на божицата Доро (Dös, Döro), божица на давање подароци и на подмитување. Неа Хера ја искористила за да ја подмити божицата на продувањето Ејлејта да го одложи за три месеци Херакловото раѓање.

Палиќкото езеро и градот Палиќ имаат, исто така, митолошка содржина. Во делата на Хесиод32, Палант (Pallas) је син на Земјата и Ад, титант кој во време на борбата на боговите и титаните го убила божицата Атина, му ја одрала кожата од него и со неа си го заштитила своето тело.

32  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 376.

Градот Тител на устието на реката Тиса во Дунав има, исто така, митолошко значење. Титиј (Tit-yos) бил страшен џин, Зевсов син. Тој ја нападнал божицата Лето-Лато (Letö-Latö) додека со брзање поминувала низ овие простори, како Хиперборејка, на патот за Делфи. Во неговиот обид да ја силува, тој ú го тргнал велот од главата, но на помош ú прискокнале Аполон и Артемида кои страшниот џин го застрелале.

Бидејќи ја малтретирал божицата Лето-Лато, Титиј е во подземјето сурово казнет. Неговото огромно тело е распнато во Панонија, на површина од 5-6 хектари, а оваа територија постојано ја надлетуваат јастреби кои на страшниот џин му ја раскинуваат утробата и се хранат со неговиот џигер. На неговите маки им нема крај бидејќи џигерот вечито повторно му обновува напоредо со Месечината. Во знак на сеќавање кај народот на оваа легенда за Титиј, останало името на градот Тит-ел, бидејќи етимолошки tit-yos е осветник, додека el-os е мочуриште, т.е. џиновско мочуриште.

Источно од Тител до Бегеј се наоѓаат големи мочуришта, меѓу кои Белото езеро и Царската бара посебно доминираат. Тука слетуваат птици-преселници, корморани, лебеди и други птици што ловат риба.

Топономастиката во Панонија со префиксот „Ба“ е многу присутен, како на пример: Балатон, Банат, Бачка, Барања, Бач, Баја, Бајмок, итн. Кај грчкиот етимолог, проф. Бамбињоти33, -ba  во ba-sileus е од непознато потекло, додека кај Сенк34 значи крал, владетел, кнез, господар, војвода, па оттука и Војводина. Припаѓа на палеобалканската глосологија. Езерото Балатон во Унгарија, со длабочина околу 11 м, а површина од 591 км2, има митолошки хидроним. Етимолошки е кованица од зборот –ba, -bas крал и зборот Latö, Letö, што се однесува на титанката Лата, односно Лета.

33  Mpampioniotis, G, Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, p. 358.

34  Senc, St. Grčko-Hrvatski rječnik, s. 147, 152, Kr. Zemaljska tiskara, Zagreb, 1910.

Во митологијата Лата-Лета е Хиперборејка, Кејова и Фибина ќерка. Зевс ја засакал Лата, по венчавката со божицата Хера, и таа зачнала божествени близнаци, богот Аполон и божицата Артемида. Бремената Лета долго скитала по светот, сè до егејското острово Дел, каде се породила со страшни породилни болки. „Бабица“ била Хиперборејка, божицата Ејлејтија, ќерка на Зевс и на Хера.

Делибатската пешчара во Банат семантички значи божествена кал или мочуриште, која во митолошкиот систем претставува прва област на Тартар. Во неа душите на јунаците кои се симнуваат во Тартар бесцелно скитааат меѓу мноштвото помалку значајни мртовци, додека Харон не ги одведе по реката Стига во Адот.

Од брдата во Панонија што имаат митолошка содржина ги наведуваме Фрушка Гора, Ерино Брдо и Велико Брдо.

Фрушка Гора е оланина во Срем, јужно од Дунав, со еден од врвоите под името Стражилово (321 м), над Сремски Каролвац. Оронимот ù потекнува од ПБГ збор -фрура што значи стража, па оттука и Стражилово. Во подножјето на Фрушка Гора се наоѓа градот Ириг, а над него, на котата 444 м, е Иришкиот венац. Во митологијата, Ирис е теоним на ќерката на Тумац (адата Форко-Тумац) и Океанидата Електра. Таа е персонификација на божицата на информации, „златокрила гласница“ на боговите за вести од небото.

Дигресија: во Хесиодовата космогинија се истакнува дека од почетниот Хаос призлегол врховниот бог Ерос, потоа Земјата, Тартар (Ѓердап), Ереб и Ноќта. Името Ереб (Erevos) значи бездна, чија топономастика постои на Дунав во Бачка, кај градот Бездан, на почетокот на каналот Дунав-Тиса-Дунав. Топономастиката Ноќ (Nyx-ноќ) го носи гратчето Ноќај/Ноћај јужно од Сремска Митровица.

Нивната функција во теогонијата била заштитна од разоната моќ на Хаос. Ереб-Бездна и Ноќ-Ноћај биле двострука обвивка околу создадениот Свет која го изолирала од Хоас. Тие спаѓале меѓу првите етноними. Во Хесиодовата Теогонија од која произлегле, сите персонифицирани созданија имаат ранг на божества и се наоѓаат во географските имиња на Панонија.

0012

Ерино Брдо крај Дунав, источно од Белград и во непосредна близина на Хесперидините градини, ги персонифицира Ериниите (Erneyes) или Фуриите. Според Хесиод35, Ериниите се постари од Зевс и од останатите олимписки богови и родени се од Земјата (Геја) оплодена со капки крв од скопениот Уран. Хомер36 наведува дека Ериниите се страшни и лути божици, старици со блед лик, кои наместо седа коса имаат змии на главите.

35  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 133-187.

35  Хомер, Илијада и Одисеја, I, 1, IX, 454, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Тие ги казнуваат прекршителите на законите, ја светат пролиената крв на роднините, оние кои им нанеле навреди на роднините и оние кои го повредиле гостопримството. Облечени се во црна парталава облека, а во рацете држат факели или камшик. Без нивниот благослов нема среќа. Една од трите сестри Еринии е Тисифона која ја чувала „Кулата“ – Голубачката трвдина на влезот во Тартар – Ѓердап.    

Големото Брдо се наоѓа источно од Стишкото полен, а на него се наоѓа тригонометриската точка 324 со назив анатема, помеѓу селата Рачица и Клучевац, на десниот брег на Дунав. Зборот ’анатема’ (anathema-anathma) значи проклетство и особено се однесува на боговите. Етимологијата на селото Кличевац потекнува од глаголот klizö – оплакува. Наведените топоними имаат интересна митолошка содржина.

Имено, кога Херкул ги украл Гериновите говеда од островото на Дунав што се викало Еритија (Ада Кале), кралот Герион ги престигнал отмичарите кај „рекичката Анатхема“. Во страшниот двобој, Херакле ги прострерал со една стреал сите три Геринови тела.

Селото Кличевац се наоѓа „на местото каде се вкрстуваат три патеки, тука тројцата судии Миној, Радамант и Ајек непрестано им судат на новодјдените души. Радамант им пресудува на Азијатите, а Ајак на Европејците, но и двајцата потешките случаи му ги праќаат на Миној.

Откако ќе им се изрече пресудата, душите се упатуваат кон една од трите патеки: едната води назад кон асфоделската ливада (Делиблатската пешчара) и по неа таа одат оние кои не се ниту добри, ниту лоши; другата води кон казненото поле на Тартар (Ѓердап) по која се упатуваат сите злосторници; а третата води кон елисејскиот овоштарник (Годомин – Стигина палата), каде заминуваат оние кои во текот на животот биле благородни и полни со доблести.37

37  Grevs, R., The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972. 

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Најнови вести

To top