Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (9)

Karta Makedonija 1913
Created with The GIMP

Karta Makedonija 1913

IV РАЗВОЈ НА ПАЛЕОГРАФИЈАТА НА БАЛКАНОТ

За истражувачите на праисторијата како извори на информации, освен археологијата и јазикот, и писмото претставува централна загатка. Во географските имиња во Панонија и централен Балкан ја воспоставивме пелеобалканската глосологија. Во потрага по писмо, дојдовме до трудовите на истражувачите на Лепенскиот Вир1 кои изнесуваат дека „меѓу уметничките остварување во културата на Ѓердап и Средното Подунавје од XI милениум пред Христа, графизмите, како своевидни записи, претставуваат значаен дел во развојот на симболизмот поврзан за водите на Дунав.

1  Срејовиќ, Д., Бабовиќ, Љ.: Уметност Лепенског Вира, стр. 30, Младинска књига, 1983.   

Основачот на српската археологија, професорот Милоје Васиќ2, прв укажал уште во 1908 година на одредени винчански објекти на кои биле врежани натписи кој ги сметал за букви.

2  Милоје Васиќ, Археологија и лингвистика, Белград, 1983.

Гравурите на рогови и коски прикажуваат ликовен јазик што се негувал и во тогашните културни центри на Средна и Западна Европа, некаде околу 25000 година пред Христа. Графизмите се геометриски украси составени од полни линии, одвоени во вид на монограми, триграми и полиграми.“ Понатаму, авторите изнесуваат дека линиите се положени вертикално, хоризонтално или накосо.

Покрај тоа, постојат и цик-цак мотиви, ленти, скалички, ромбови, триаголници и други шрафирани или негеометриски форми. Вкупно се утврдени 12 основни знаци, со околу 40 варијанти. Врз основа на ова се поставило и прашањето дали графизмите на Ѓердапската култура претставуваат писмо на нејзините жители и што сè тие ни соопштуваат?

Археологот М. Гимбутас3 во неколку наврати во своите студии за неолитот на Стара Европа (Old Europe) истакнува дека е утврдено постоење на линеарно писмо и храмовидни градби во Централниот и Источниот Балкан, како во Винчансаката култура, така и во источно-балканските култури. Освен тоа, повикувајќи се на радио-јаглеродните датуми за винчанскиот слој во Азанбегово во Македонија, што пресметани хронолошки датираат околу 5300-5200 година пред Христа, таа изричито вели дека линеарните знаци што обично се наоѓаат на фигурините и други предмети потврдуваат дека првото линеарно писмо се јавува при крај на VI милениум и во V милениум.

3  Gimbutas, M., Proto-Indo-European Culture: The Kurgan culture during the fifth, fourth and third millennia B.C., Indo-European and Indo-Europeans, 157-97, Philadelphia, 1970; The Neolithic cultures of the Balkan Peninsula, Aspects of the Balkans, 9-49, 1972; Old Europe c. 7000-3500 B.C.: The earliest European civilization before the infiltration of the Inдo-European peoples, Journal of Indo-Europеan Studies, 1, No. 1-21; The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, University of California Press, 1982. 

Професорот Радивоје Пешиќ од Белград во своите многубројни и плодни лингвитички студии4 прв го свртел вниманието дека Балканот е средишен емисионен центар на палеографизми врз основа на палеолитските археолошки наоди на локалитетот Јованица на планината Рудник, кај Горњи Милановац, што датираат меѓу 16000-7000 година пред Христа.

4  Радивоје Пешиќ, Sillabario etruscum, Arezzo, 1980, L Origine della scritura Erusca, Milano, 1985, Винчанско писмо, Београд, 1995, итд…

Тој ги продолжил своите истражувања со винчанските графизми и утврдил дека тие претставуваат линеарно писмо, односно писмо со букви. Со тоа Пешиќ ја дешифрирал енигмата и ставот на претходните истражувачи дека знаците-орнаменти пронајдеи на грнчаријата во археологшките ископини во Подунавјето, особено во Винча, се обична графика, туку утврдил дека тие сочинуваат азбука со фонетска вредност.

Исто така, установил дека облиците и бројот на буквите на етрурската азбука во целост се совпаѓаат со буквите на Винчанското писмо, како и тоа дека Винчанското писмо настанало и пред протосумерското, односно дека тоа постои од втората половина на IV милениум пред Христа. Во текот на 1985 година тој направил компаративна системацизација на Винчанското писмо со етрурското и латинското писмо и сите останати архајски писма и истакнал дека тоа се состои од 26 основни знаци, плус седум варијанти. За постоењето на палео-писма и на други археолошки локалитети ширум Балканот сведочат наодите на многу истражувачи.

Така на пример, проф. Хурмузијадес5 од Солун, ги изнесува резултатите од неговите археолошки истражувања на локалитетот Диспислион (Дупјак) на Костурското езеро во Македонија, каде е утврдена неолитска населба единствена во Грција. Покрај мегалитските градби и соеници, најдена е и даска со линеарно писмо, кое уште не е дешифрирано. Меѓутоа, со помош на Ц14 утврдил дека писмото потекнува од 5260 година пред Христа. Наодот се чува во археолошкиот музеј во Костур. Во најново време, писмото е дешифрирано од страна на проф. Иљов16, кое на современ македонски јазик би гласело: „Дупјак 7 колиште,“ т.е. седум соеници. Истиот автор изнесува дека и еден епитаф од локалитетот Долно Дупени во Македонија содржи алфабетско слоговно писмо – фонетско, кое датира помеѓу 5000-4500 година пред Христа.

5  Hourmouziades, H.G.: Dispilio (Kastoria), Codex, Thessaloniki, 1996.

6  Иљов, Најстари пишани споменици, Македонија 2. Рев, 2000, Скопје. 

Прото-писма се најдени и на други локалитети во Македонија, како што се Церје7 крај Скопје, Зелениково, Маџари, Говрлево, Породин, Голема Тумба-Битола, Азенбегово и Вршник-Штип…

7  Билбија, М., Церје, неолитско насеље, АП, 26/1985, Љубљана, 1986, 35-36, Радивоје Пешиќ, Оптужујем ћутање, Пешиħ и синови, Београд, 1996.

Изнесените податоци во целост ја потврдуваат тезата на Пешиќ за просторната раширеност на Винчанската култра и писмо и дека Балканот во праисторијата претставувал централен емисионен, цивилизациски центар, бидејќи линеарното писмо А е утврдено дека се појавило на Крит окол 1700-1450 години пред Христа, додека линеарното писмо Б се појавило на Крит, Микена и Пилос помеѓу 1450-1200 година пред Христа. Феникијското писмо во областа Егеј се јавува во 1200 години пред Христа, во Атика и на Коринт околу 700-600 години пред Христа, а во Рим околу 500 години пред Христа.

balkan

За централно-балканското потекло на азбуката сведочи и Грејвс8 кој вели дека таа потекнува од Еритреја (Ада кале) на Дунав и дека Норак, внук на кралот Герион, им ја однел „азбуката на дрвото“ на Грците, Шпанците и Египѓаните.

8  Grevs, R., The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972.

Во посмртното издание на Пешиќевата книга „Оптужујем ћутање“9 во поглавјето „Писмото од Церје“ се изнесува дека археолошкиот локалитет Церје во близина на Скопје (Македонија), укажува на трагите на неговите први жители уште во раната етапа на неолитот, која хронолошки е детерминирана на околу 6000 години пред Христа. На овој локалитет, животот се одвивал во шест фази сè до железната епоха, со трагови на светилишта и духовност.

Овде се утврдени знаци на линеарно писмо, како и извесен фонд  на писмо од идеограмска природа, со елементи на развој на писмото до бронзената епоха, што може да послужи како аргумент што ја отфрла било која случајност или импорт. Авторот изнесува дека записот на вотивната фигура на стилизирана голубица, со врежана спирала која своето потекло го носи од семејството на пиктографска природа на писмо од десет знаци, симболозира плодност, а птицата, како нејзин идол, го симболизира универзалниот дух на „Магна Матер“. После графичката и фонетскта анализа, текстот дефинитвно е дешифриран и интрпретиран како: „“Мајка достојна за почит“ или „Мајка-божица достојна за почит“.   

9  Радивоје Пешиќ, Оптужујем ћутање, Пешиќ и синови, Београд, 1996.

А. Македонска азбука од 526 година пред Христа

Б. Линеарно писмо 1700-1450 години пред Христа

В. Знаци на палеоевропски графизми

Г. Македонско слоговно (фонетско) писмо, 5000-4500 години пред Христа (Иљов, 2000.)

Уште еден значаен археолошки наод со записи е бронезниот печат, датиран околу 1500 година пред Христа, чија централна порака се наоѓа на долната страна на печатот и се толкува како: „Вера-е-кор-на светлината“ (на српски: вера-је-коре светслости). Во заклучокот, Пешиќ истакнува дека Магна Матер од Црје во Македонија е оригинална во својот ликовен израз и богата со своите писмени содржини. Таа е најдобар израз на една филозофска концепција на животот и на светот и ги манифестира законитостите врз кои е заснован животот. Нејзиниот космогониски и космотеистички аспект е манифестација на повисок степен на осознавање на светот.

Многуборјните археолошки наоди на богатите локалитети на централен Балкан, Дунав до Олимп, со праисториските палеографизми, со првото фонетско-синтетичко писмо, од околу 7000 година пред Христа, со континуирано траење од повеќе илјади години пред други писма, го претставува овој простор како централен емисионен центар и значајно поле за научни истражувања.

Во натамошните истражувања ќе биде изнесена реконструкцијата на праисторијата на поедини региони на Балканот и Егејот, од север кон југ.

Продолжува

 Sh Donco  slave 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top