Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

108

108

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Локалитетот Дупјак (Dispilio) кај Костур во Орестида, кој го обработувал археологот Хоурмузијадес (1996), датиран е со помош на Ц14 и потекнува од 5260 година пред Христа. Според мегалитските утврдувања, пронајдени се и езерски куќи за живеење соеници, камени секири и други остатоци на материјалната култура кои припаѓаат на неолитот.

Меѓу метеријалните остатоци пронајдена е и даскичка со прото-линеарно писмо кое авторот не можел да го дешифрира. Меѓутоа, Иљов Б. во авторскиот текст „Најстари пишани споменици“ на Македонија,18 изнесува транскрипција со тврдењето  дека преводот на современ македонски јазик значи: „Дупјак VII колиште“, што би се однесувало на седум соеници.

18  Рев., 2000, 62.

Слични езерски куќи за живеење постоеле и на други езера во Македонија, за што пишува и Херодот19 во врска со Прасијадското и Дојранското Езеро, како и на Преспанското Езеро каде сè уште постои селото кое се вика Наколец.

19  Херодот, Историја, V,16, Матица Српска, Београд, 1988.

Неолитски наоѓалишта пронајдени се на многу локалитети во областа Орестида (Костурско), како што се: Нестрам (Nestorion), Желгоже (Pendavrison), Прештани (Avgi), Горенци (Korisos), Крпени (Krapeni) и др.

Од сето изнесено може да се заклучи дека митолошката праисториска „Стара Македонија“ се развивала во сливот на реката Халиакмон-Бистрица, од изворот на оваа река до устието во Егејско Море, т.е. од Грамос до Олимп. Тоа се областите Орестида, Параваја, Тимфаја, Линкестида, Елимеја, Еордаја, Пиерија и Аматија-Ематија.

Родоначалник на Македонците е Македон, син на богот Зевс кој дал печат на македонската етногенеза. Македонците припаѓаат на еолската култура, протокултура на Подунавјето, т.е. на Хиперборејците, кои ја развиле автохтоната прото-култура на „Стара Европа“.20

20  Gimbuts.: The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, University of California Press, 1982.

Нашите епистемиолошки, лингвистички, етимолошки и семантички истражувања на ономастиката на Балканот од несловенско потекло утврдиле дека таа припаѓа на палеобалканската глосологија (ПБГ). Таа е автохтона, прото-санскритска, припаѓа на прото-индоевропскиот јазик. Сочувана е во географските имиња на теренот и во старогрчкиот јазик, бидејќи Еолците се носители на тој јазик.21

21  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to-Proistoriko Algaio, p. 124, Athina, 1954.       

Писмото кај Македонците било автохтоно, датира уште од 5260 година пред Христа, на локалитетот Дупјак (Dupiaki) во Орестида. Се смета, исто така, дека македонскиот крал Oрфеј е пронаоѓач на азбуката на дрвјата.22             

22  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, I, 69, Leipzig, 1986.  

Кралот Мида во македонската легенда за Бригите

За  праисториското македонско племе Броми на стрмнините на планината Бермион (Каракамен, 2052) поврзано е митот што се однесува на митскиот крал Мида. Ономастиката бромос значи зоб, овес. Планината Бермион се наоѓа во областа Ематија.

Според Грејвс23, Мида бил син на големата божица Ида и сатирот Пан. Бил крал на македонскaтa Бромиja, сакал задоволства и владеел со Бригијците или, како што уште се викале, Мојсинеци. Додека бил уште бебе, забележале како колона мравки, што носеле зрна зоб, одат по оградата на неговата колепка и на заспаното дете на усните му ставаат зрна. Пророците тој знак го протолкувале така што во иднина тој ќе натрупа големо богатство. Кога пораснал, македонскиот крал Орфеј му бил учител.

23  Grevs, R.,  The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972. 

Понатаму, легендата за Мида говори за него и Дионисовиот воспитувач Силен. Имено, Мида поседувал прекрасни градини во подножјето на планината Бермион во кои растеле најмиризливите ружи, со цветови од 60 латици. Тука залутал Силен за на еден извор да ја изгаси жедта. Бидејќи кралот Мида сакал Силен да го поучува на мудрост, кралот во водата сипал вино, а кога стариот учител се напил и заспал, одведен е кај кралот кој го гостел 10 дена. Во долгата беседа, Мида го прашува Силен што е најголема среќа за еден човек. Тој одговорил дека „најдобро е да не се роди, а за тој што тукушто се родил најголема среќа е што помалку време на помине на овој свет.“

Кога Мида го вратил Силен на Дионис, овој силно се израдувал така што на Мида му ветил дека ќе му исполни една желба. Кралот посакал сè што ќе допре да се претвори во злато. Пресреќниот крал веднаш почнал да ја користи оваа стекната дарба. Сè што ќе допрел со рацете, веднаш се претворало во злато, па и храната и пијалакот. Така што и покрај богатите трпези, Мида останувал гладен и жеден. Несреќниот крал го молел Дионис да го ослободи од дарбата која носи беда, што Дионис и го сторил. Во митологијата Мида се спомнува како крал на Бригите во Македонија и на Фригите,Фригијците во Мала Азија.

106 107 

Бригите или Мосиниците припаѓаат на Хиперборејците на Дунав. Кај нашите топонимски истражувања на Средното Подунавје во клисурата Ѓердап, во близина на градот Доњи Милановац, утврдивме дека постои град под називот Мосна. Во ПБГ mossyn-mossynos значи дрвена кула или барака, додека Мосинчани значи луѓе кои живеат во бараки, т.е. Mossyn-oikoi. Под притисок на индоевропските популации во XIII век пред Христа Мосинчаните мигрирале. Еден дел оделе по реката Дунав и допловиле до Црното Море на бреговите на Мала Азија, западно од Трапезунт.

Другиот, поголем дел, по оделе по долините на Морава, Вардар и Еригона-Црна Река и ги колонизирале областите околу Преспанското Езеро, кое тогаш се викало Бригијско Езеро, т.е. Brygeis limne, што во превод значи земја на клокотење. Во охридската рамнина и денес постои топоним Клокот, место со сумпорен извор кој клокоти.

За Бригите, Херодот24 ги дава следниве информации: „На Фригијците, според кажувањата на Македонците, во времето додека живееле во Европа и биле соседи на Македонците, името им било Бриги, а кога се преселиле во Азија, ја промениле истовремено и родната грутка и името и се нарекле Фригијци.“

24 Херодот, Историја, VII, 73, Матица Српска, Београд, 1988.

Според арехолошките и историските истражувања, најголем број од авторите25 ги лоцираат Бригите на просторот помеѓу Перспанското Езеро, Драч, Јужна Албанија и Епир или, попрецизно, во горниот дел на реката Еригон, притока на Вардар, а нивни соседи биле Енхелејците, Партините, Линкестите, Деуриопите и Македонците. Главниот град на Бригите бил Кидрај (kydros-славен) на северозапад од планината Варнус (Баба), покрај брегот на Преспанското Езеро (limne brigeis).

 25  Strabo, Geographia, VII, 7, 9, Meineke, Lipsiae, I, II, III, 1913; Папазоглу, Ф.: Македонски градови во римско доба,  Скопје, 1957; Грашанин, М., Праисотрија на тлу Србије, с. 467-470, I, 1973, Београд.

Во ономастичките истражувања за Бригите утврдивме околу 50 топоними, 34 етноними и 35 хидро и ороними, кои потекнуваат од ПБГ. Антропоними: Bastos (осн. bas-basileus-крал). Ист е коренот и за ономастиката Basa, Basos, Bastrarevs. Следуваат Getas (осн. gates – селанец), Dada (кованица од да-многу, но и да-учи, односно многу учен), Delus-лукавство, Dida-два пати поучен, Dules-роб, Desius-влакнест, Euadea-да му се допаѓа, Mania-лудило, Mama-баба, Manta-пророк, Mades-владетел, Tipas-твори, Pita-смола, Attas-одјури и Gavros-весел. Топоними: Almana-многу солен, Kidros-славен, Asara-пара, Astaria-ѕвезда, Altos-да скока, Galepsos-ласичави, Bolbe-лук, Pelion-иловица, глина, Damastion-скроти, победи итн., но и Edessa-вода, па оттука Вoден, потоа Naussa-река, извор и др.

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top