Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (41)

1bal

1bal

ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ЕГЕЈ – МАЛА АЗИЈА

На егејската култура припаѓа и источниот брег на Мала Азија. Ова полустрово е составен дел на западна Азија, а се наоѓа меѓу чектири мориња: Црното, Мраморното, Средоземното и Егејското, со површина од 506.600 км2.

Егејската преселба, позната како Дорско-хеленска или Панонско-балканска преселба, означила големи поместувања на народите при крајот на II милениум пред Христа на југот на Балканот во Егејот и источниот Медитеран. Во текот на тие преселби, уништени се многу градови во Панонија, Тракија, Македонија и грчкото копно. Во Мала Азија срушено е моќното Хетитско царство во Анадолија, како и повеќе градови на егејскиот брег, потоа градови на Кипар и загорезни се  границите на Египетското царство. Овие преселби ги отпочнале индоевропските народи во текот на последните децении на XIII-XII век пред Христа, а тоа биле Скитите-Илири и Дорците-Хелени во Централен и Западен Балкан, а во Источниот тоа биле тракијските племиња.

Мала Азија одамна била населена. Како една од најстарите населби пред керамичкиот неолит во Анадолија се смета локалитетот Ашикли Хијик, датиран помеѓу 7000-6600 година пред Христа.1 Во рамките на овие истражувања, западниот-егејски брег на Мала Азија привлекува поголемо внимание, каде постојат многубројни археолошки локалитети кои се поврзани за Егејската култура. Тука, пред сè, доаѓа во предвид Блегеновата Троја, каде се издвоени вкупно девет главни населби (Троја I-IX). Првите седум населби припаѓаат на бронзеното доба 3000-1100 година пред Христа. Папаставроу2 смета дека носители на таа култура биле племињата од Панонија, творци на Димини културата во Тесалија, помеѓу V и IV милениум пред Христа. Тоа биле Еолите (Минијци, Лапити, Македонци, Флеги, итн од Панонија). Троја VII, меѓу 1100-700 година пред Христа е еолски град. Таа е конечно уништена и напуштена околу 1100 година пред Христа. 

1  Срејовиќ, Д. Археолошки лексикон, с. 78, Савремена администрација, Београд, 1997.

2  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 16, Hiotelli, Athinai, 1972.    

Праисториски народи на Малоазискиот брег на Егејот

Хетити

Хетитите или Хетеи (Hettaioi), односно Арзавани, за кои многу малку се знаело до XIX век, се мешавина на народите од Мала Азија и се смета дека се доселиле од јужните руски степи и Кавказот, околу 2900 гоидна пред Христа.3 Хетите биле работоборни сточари. Говореле на индоевропски јазик. Нивното царство во XIV и XIII век пред Христа било пространо. Го зафаќал континенталниот дел од Мала Азија, со престолнина Хатуша (Bogaz-kioi) во југозападна Кападокија, како и поголем дел од Сирија. Моќните хетитски кралеви, како што се Мурсил II (1345-1315), Супилулиум I (1300-1334), Мурсил III (1333-1309 година пред Христа) итн. имале меѓународна репутација. 

3  Cavaignac, 1936; Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporarties in Asia Minor, p. 27, London, 1986.

Хетитското општествено уредување било патријархално. Тие биле познати по употребата на „клинестото“ писмо и воени коли со две тркала. Хетитите го дале етнонимот Ахијава за народот во тесалиската Фтија кои Хомер ги именува како Ахејци. Нивната импарија исчезнала околу 1200 година пред Христа со инвазијата на Бригите до Балканот.4   

4  Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, London, 1986.

Лувијци

Лувијците биле народ од индоевропско потекло. Државата им била во Мала Азија, јужно од реката Меандар, денешна Арзава. Лувиј ја освоил хетитскиот крал Лабурнас, кој се смета за родоначелник на Хетитската династија во 1600 година пред Христа.5 

5  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, стр. 162, Hiotelli, Athinai, 1972.

Археолошките истражувања со сегашен Бејчесултан, во Турција, откриле најстари населби кои потекнуваат од почетокот на V милениум пред Христа, мегарони, како и палатата која е уништена во 1700 година пред Христа. Се смета дека тогаш нејзините жители ја напуштиле нивната татковина и пребегнале на Крит и на други Егејски острови, носејќи ја со себе својата култура, јазик и писмо познато во глосологијата како линеарно писмо А / Папастевроу, 1972, 22/.6 

6  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 22, Hiotelli, Athinai, 1972.

Се смета, исто така, дека лувијскиот јазик е еден од супстартите на јазикот на „егејската цивилизација“ пред доаѓањето на Хелените.7 Во подоцнежните епохи, Лувијците на Крит се спомнуваат како Етеокрети /Етеокретес/, т.е. вистински Критјани. 

7  Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, p. 35, London, 1986.

Карци (Херодот, Хипократ, Маузол, Артемизија)

Во праисторијата, Карци или Кари (Kares) се жители на Карија, покраина на југозападниот дел на Мала Азија, јужно од реката Меандар, северно од Род. Тие често се поистоветуваат со Лелегите. Херодот8 смета дека Лелегите се едно од племињата Кари и дека биле добри морнари. Тие биле едни од најзначајните народи на своето време. Карите го населувале поголемиот дел од островот во Егејот: Сам, Хио, Дел, Кос, Наксо, Киклади и др., додека на Пелопонез: Епидаур, Трезен, Ермион, а во Атика – Мегара. 9. 

9  Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 115, Athina, 1954.

2bal

Поголеми градови во Карија биле Милес, Педас, Мијунт, Милет и Халикарнас. Еден од најстарите и најзначајните бил Милет, кој уште пред 1600 година пред Христа бил населен, а голем просперитет доживеал помеѓу VIII-VI век пред Христа, кога воспоставиле трговски односи со Египет и Либија. Овие врски придонеле и за пренесување на знаењето од геометријата и астрономијата и другите науки од Египет во Милет и создавање на „милетската школа“, која ги дала филозофите Талес, Анаксимен, Анаксимандер и др. Жители на овие делови, покрај староседелците, биле и бегалците од Атина и Пелопонез кои ја напуштиле старата татковина при доаѓањето на Хелените, а под водството на Нелеј-младиот, син на кралот на Атина од кодро-еолско-панонско потекло, мигрирале во 1044 година пред Христа. Херодот10 пишува: „…тие дојдоа во Карија, на крајниот југ, во градовите Милет, Мијунт и Пријан и говорат на ист јазик“. Милеќаните биле први од јонските доселеници кои воспоставиле 75-90 колонии долж Црното Море и трговски односи со Колхида, уште во VIII век пред Христа.

10  Херодот, Историја, I, 142, Матица Српска, Београд, 1988.

Градот Халикарнас (Halikarnassos) во Карија, при преселбата на Дорците-Хелени, станал важна колонија во која Карците сочинувале 50% од населението.11 Дорците во овој крај на Карија и соседните острови го создале „Дорскиот сојуз“ во состав: Халикарнас, Линд, Јализ, Камир, Кос и Книд и го славеле Тропиското светилиште на Аполон. Поради извесно осквернување на светилиштето, Халикарнас бил исклучен од друштвото.   

11  Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 53, Hiotelli, Athinai, 1972.

Меѓу значајните личности во овој дел на Карија се Херодот, Хипократ, Маузол и Артемизиј. 

Херодот (Herodotos), „татко на историајта“ е роден околу 480 година пред Христа, а умрел околу 431 година пред Христа, во Атина. Томсон12 смета дека Херодот е од карско потекло, бидејќи ономастиката на неговиот татко Ликсес и вујко Пануасис не се од хеленски хазик. Херодот е, секако, еден од великаните кои припаѓат на целиот културен свет и еден од најинтересните и најзначајните светски писатели, зачетник на целокупната античка историска наука. Без Херодотовите „Истории“ не е можно да се реконструира праисторијата и античкиот свет, но Херодот е значаен и за најстарата словенска историја, бидејќи тој ги оставил првите податоци за прататковината на Словените и нејзините тогашни жители Скитите и за Херакловиот син Скит, крал на сите Скити и родоначалник на македонската династија Аргеади, Александар Македонски.

12  Thomson, G.:  I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 112, Athina, 1954.

Хипократ (Hippokrates) е роден во Карија, на островото Кос, каде го провел и најголемиот дел од својот живот (460-377 пред Хрита), патуваал многу, бил во Атина, а умрел во тесалската Лариса, во близина на Трик-Трикал, каде е роден богот Асклепиј, еден од најпознатите и најзначајните лекари од фамилијата Аскепијади и се смета за „татко на медицината“. Хипократ е автор на збирката Corpus Hippocraticum која содржи повеќе од 100 книги, во кои изнесуваат дијагнози, лечење и прогноза на болести. Сметал дека природата е најдобар лекар („лекарот се грижи, но природата лечи“). Полагал многу на морално-етичката страна на лекарската професија и во тој поглед позната е неговата заклетва и афоризмот „животот е краток, а уметноста на лечење – долга“. 

Маузол (Mayssollos) припаѓал на сара кралевска династија во Карија. За време на Ксеркс (485-465 пред Христа), крал на Карија бил Хекатом, а него го наследил Маузол, околу 360 година пред Христа, кој бил сатрап во Карија. Бил оженет со својата сестра Артемизија (Артемисија) со која немале деца. По смртта, го наследила неговата жена.   

Артемизија на својот маж во Халикароас му подигнала надгробен споменик „Мавзолеј“, едно од седумте светски чуда.

Херодот наведува уште една кралица на Карија под името Артемизија, ќерка на Лигдамис, која се борела кај Саламина, во 480 година пред Христа, на страната на Персија, со пет лаѓи, а „… во војна тргнала од бес и херојство, иако не морала…“ По битката, Ксеркс за неа рекол: „мажите станале жени, а жените мажи“.

Ликија

Во праисторијата и антиката, Ликија /Lykia/ е планиснки предел во Мала Азија, западно од Карија, помеѓу Средозменото Море, Памфлија и Фригија. Порано се викала Милијада /Milyas/ и Солими /Solymi/. Етнонимот Ликијци /Lykioi/ потекнува од палеобалканскиот збор ликос /lykos/ – волк, симбол на хиперборејската божица Лета и нејзиниот син Аполон.

Херодот13, меѓутоа, истакнува дека етнонимот Ликијци и хоронимот потекнуваат од Лик од Атина, син на античкиот крал Пандион, осми по ред крал на Атина, од пелашко потекло. Него од татковината го прогонил братот Егеј, па се сокрил во Азија, кај Термилите, кај кралот Сарпедон, од фениќанско потекло од Крит. Подоцна, Сарпедоновите поданици Термилите, според Лик, се наречени Ликијци. Во литературата имињата Термили или Тремили се синоним за Ликија. Од владеењето на фараонот Ремзес II (1317-1251 пред Христа), се именуваат како Луки. 

13  Херодот, Историја, I, 173, Матица Српска, Београд, 1988.

3bal

Главниот град на Ликијците биле Ксант (Hanthos) на истоимената река, а заедницата ја сочинувала сојуз од градови. Реката Ксант се влева во Средоземното Море, а од околните жители наречена е Сирбес и Сирбиос.14 Овие називи Сирб и Сирбос асоцираат на српскиот етноним и град Срб во Лика, во Хрватска. На устието на оваа река постоел град со исто име, со поранешно име Арина, како и многубројни археолошки остатоци од различни споменици. 

14  Senc. St.: Grčko-Hrvatski rjecčnik, s. 641, Kr. Zemaljaka tiskara, Zagreb, 1910.

Под името Ксант постоела и река кај Троја, подоцна именувана Скамандар, сега Мендересу. Во митологијата постои речен бог Ксанто. Кај древните Македонци, Ксант е бог на светлината, додека Ксаник било име на еден месец во годината. Зборото ’ксант’ припаѓа на палеобалкансакта глосологија, а современите лингвисти го означуваат дека е од непознато потекло. Неговото значење е костенлив, син, жолт, русокос.

Во Тројанската војна (1193-1183 пред Христа), Ликијците биле на страна на Тројанците, заедно со своите сродници Лидјаните, Етрурците, Фрижаните, Мизијците и др.

Интересни се митолошките врски на Ликејците со Панонија, нивната прататковина. Хесиод во VII век пред Христа во Теогонија15 наведува дека Хиперборејката Лето, кога ги зачнала божесетвените близнаци со богот Зевс, се породила на Кикладското острово Дел. Со помош на божицата на породувањето Ејлејтија, исто така хиперборејка, Лета го родила богот Аполон и божицата Артемида. По породувањето, Лета го напуштиле островото Дел и отишла во Ликија. Тука се обидела да се напие вода и да ги искапе своите деца во еден извор, ама овчарите ја избркале. Тогаш волците ù го покажале патот до реката Ксант. Лета оваа река му ја посветила на Аполон, кој кај Хиперборејците бил и бог на светлината, додека злобните пастири ги претворила во жаби. Според волците што ù го покажале патот, целата земја ја нарекла Ликија. 

15 Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, стр. 404 и натаму

Лета во Ликија била самостојно божество, чиј култ е посведочен на повеќе места во Мала Азија. Истовремено и Аполон бил бог на Ликијците, како „Ликијски Аполон“, со многубројни светилишта.

Еден од свештениците и знаменит поет бил Олен. Тој е првиот кој во својата химна „Ахеја“ ги опеал хиперборејските девојки Арга и Опија, кои со боговите дошле на островот Дел за да ù помогнат на божицата Ејлејтија за полесно породување на Лета. Покрај божицата Лета, и Аполон во Ликија имал прекар „Хиперборејски Аполон“. Херодот16 истакнува дека од хиберборејските девојки Арга и Опија, жените од островот Дел и Јонците научиле да ги пејат хиперборејските песни со кои ја славеле божицата Лета. 

16  Херодот, Историја, IV, 173, Матица Српска, Београд, 1988.

Во XII век пред Христа еден од Ликијците, заедно со Карите и другите народи, мигрирале на просторите на Палестина, каде подоцна биле познати како Филистијци.17 

17  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algalo, p. 110, Athina, 1954

Ликијци, по 549 година пред Христа, живееле под управа на Персијците, давале даноци и војници, но во своите планини биле прилично самостојни. Во војните на Персија против Грците, во 490-479 година пред Христа, Ликијците биле во составот на персиската војска. Тие довеле 50 бородиви и носеле оклопи и доколеници, лакови од дреново дрво, стрели од трска и копја за фрлање. Преку рамениците носеле козји кожи, а на главите шешири со перјаници околу нив, а освен тоа, имале ножеви и криви мечеви.18 Говореле на палеобалкански јазик, инаку во VII-VI пред Христа не би станале кралеви на јонските покраини. Пишувале со феничанското писмо. Ги ослободил Александар Македонски дури во 334 година пред Христа.

18  Херодот, Историја, VII, 92, Матица Српска, Београд, 1988.

Продолжува  

Пишуваат: 

1 skoklevАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1katinСЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top