Фељтон

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОКОЛУ 800 ГОДИНИ ПРЕД ХРИСТА (7)

1kasrt

1kasrt

Во првата глава  на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“,се вели дека пред илјадници години многу мали племенски кралства го населувале регионот каде што се вкрстувале трите континенти (Европа, Азија и Африка). Живееле од обработување на земјата, тргувале и со векови живееле во мир едни со други. Иако биле познати под многу имиња, луѓето имале заедничко потекло и зборувале на дијалекти на еден ист јазик.

Илјадници години мајсторите на занаетите ја поседувале тајната на металите од кои правеле скулптури и украси, разубавувајќи ги на тој начин своите градови. Било претскажано дека ако се дозволи тајната за металот (бронзата) да побегне, боговите на мирот ќе ги проколнат луѓето и ќе дозволат илјада години да ги снајде несреќа.

За жал, по приближно илјада години такво задоволство, игнорирајќи ги старите предупредувања, старите мајстори станале арогантни и невнимателни и дозволиле да се открие тајната за металот. Никој не можел да го предвиди исходот од она што допрва требало да се случи, особено не питомите, благи племиња кои не знаеле ништо за зло, насилство или крвопролевање.

Кога боговите на војната, кои живееле северно и западно од питомите племиња, ја научиле тајната за металот, исковале моќни оружја. Ветувајќи им моќ и слава, тие ги маѓепсале водачите на племињата да ги употребат оружјата против своите непријатели. Лакомоста и тежнеењето за моќ набрзо ги заслепеле членовите на племињата кои отпочнале со крвопролевање, убивање и уништување.

Кога градовите на светлината се претвориле во прав, војните завршиле, а загинатите биле закопани во градови-гробници под површината на земјата каде што нивните коски почивале во мир, невознемирени со векови и векови или додека археологијата не ги откопала.

1kasrt2

Во 800 година пред Христа, кога катастрофалните војни конечно завршиле, преживеаните од малите племенски кралства биле слаби, опустошени и ранливи. Едно од тие мали кралства била Македонија. Но, македонската сторија не завршува со племенските војни; напротив, таа тукушто започнува.

Постојат такви кои веруваат дека името “Македонија” првпат било изговорено од децата-воини кои тежнееле да се вратат во своите домови во текот на племенските војни. Она што тие од љубов го нарекле “Македон” не било нивното кралство, туку нивната желба да се вратат во “мајчиниот дом”. “Маке” (мајка) и “дон” (дом) или Македон, како што подоцна му било познато на надворешниот свет, е “мајчиниот дом” за децата на Македонија. Постојат и други стории кои упатуваат на значењето на името “Македон”, но оваа, веруваме, е најреалистичното објаснување.

Еден од најстарите извори на докази, напишани на камен на антички македонски фонетски јазик, датира од неолитот, од времето на “Зетс”. Тука сакаме да напоменеме дека “зет” значи “маж на ќерката”. Од дешифирираните записи произлегува дека зетовци на различни племиња биле инволвирани во некој вид меѓусебен конфликт.

Можеби еден од најкарактеристичните документи, што било кога е пронајден, е текстот изгравиран на еден камен во форма на долга риба, пронајден во Осинчани во близина на Скопје. Натписот на тој камен опишува една битка помеѓу зетовците и кажува како еден зет потчинил друг.

Друг опис, што датира помеѓу 2.100 година пред Христа и 1.200 година пред Христа, ни кажува пофална сторија за тоа како зетот Иг”лал /Ig”Lal/ го уништил кралството Еге /the Ege Kingdom/. (Васил Иљов, стр. 51, 15.08.2000 година, број 580 од списанието “Македонија”)

Уште еден неолитски напис од локалитетот Црна Лома или Илина Гора, во близина на селото Осинчани, ја пренесува следнава порака: “Таа, речта, засега е утеха за мајките на кои војната штета им нанесе”.

Освен Хомеровите епови, ништо повеќе не ја освојува имагинацијата на младите отколку авантурите на античките митолошки богови и херои. Зарем овие богови и херои биле исклучително само Египетски, Грчки и Римски? Токму во ова современите Грци сакаат ние да веруваме.

1kasrt4  1kasrt5

Спротивно на тврдењата на современите Грци, професорот Ташко Белчев мисли дека митологијата каква што денес ја знаеме, потекнала од животните искуства на многу постар 30 народ отколку античките градови-држави и дека тој народ бил античките Македонци. Античките градови-држави, едноставно, ја преземале митологијата и си ја приспособиле.

Дури и зборот “митологија” доаѓа од античките македонски зборови “мит” и “лог”. Во современиот македонски јазик зборот “мит”, значи “зборување/кажување” или “подмитување” (подмити го), а зборот “лог” значи “логика” или “наука”. Составувајќи ги двата збора доаѓаме до зборот “митолог” или, на современ македонски јазик, “митологија” – наука за кажување или наука за подмитување на младата имагинација. (Стр. 58, 15 јуни 2000, број 576 на списанието “Македонија”).

Земајќи ги предвид сите докази, не е тешко да се состави една теорија за тоа како изгледал предмакедонскиот свет. Веќе многу знаеме за античките градови-држави и како тие се справувале со пренаселеноста и со експанзијата. На пример, како што секој град-држава се зголемувал над капацитетот на градот да го издржува населението, така луѓето биле принудени да го напуштат градот или биле оставени доброволно да си основаат нов град.

По должината на морскиот брег никнале нови населени места што ја навестува желбата на луѓето да продолжат да практикуваат сличен начин на живеење. Истиот принцип може да се примени на предмакедонските домордни жители кои живееле во внатрешноста на територијата која денес ја нарекуваме географска Македонија.

За лична заштита и другарување, античките народи своите куќи ги граделе блиску една до друга, слично на оние во денешниве модерни села. Како што населението во заедницата се зголемувало, а капацитетот на земјата да ги издржува се намалувал, така и луѓето се иселувале и започнувале нови заедници. Оваа практика продолжувала непрекинато да се одвива се додека имало простор за проширување.

Со време, целото подрачје на Македонија било исполнето со вакви населби. Несопрени од војна, болести и помор, населението се зголемувало и проширувало кон надворешноста. Бидејќи луѓето од различните градови биле меѓусебно поврзани, ги одржувале блиските контакти така што се посетувале, славеле заедно и слично, и на тој 31 начин своите традиции и јазик успеале да ги сочуваат непроменети.

Продолжува 

Пишуваат:

12slaveРИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top