Фељтон

Поделбата на Македонија и нејзините правни последици (5)

Поради  тоталниот неуспех на акцијата за иселување врз “доброволна” основа според одредбите на конвенцијата, грчката влада решила да преземе радикални мерки па преку репресалии, да изврши притисок врз македонското население во Егејскиот дел на Македонија, да се исели во Бугарија. Така поради изложеноста на терор, на застршувања и разни други видови на притисоци, настанува масовно иселување во Бугарија. (За примената на разни видови на репресалија (затвори, интернирања, физички напади и ликвидации) над македонското население за да ги напуштат своите домови постои архивска документација во Државниот архив на Македонија. В. Кутија 14, п бр. 30/1924; к 15 п. Бр. 680/1925; п. Бр. 293/1925 и др.)

Меѓу  тоа самиот начин на прифаќање  на бегалците од Егејскиот дел  на Македонија од страна на бугарските власти бил крајно нехуман и противправен. Така бегалците биле и овде, по напуштањето  на своите родни огништа пофторно изложени на многубројни тешки услови на живот. Покрај тоа што самиот акт на принудно иселување бил сврзан со тешки материјални последици, сега во новата држава бегалците биле изложени и на тежок морално-психички притисок. Имено распоредувањето на новите живеалишта  вршено со министерството за внатрешни работи на Бугарија, довело до тоа да се разбиваат семејствата бидејќи определувањето на новите населени места каде што требало да се сместат бегалците е вршено крајно нечовечно, така што не се водело сметка ни за елементарни правила за поврзаност на семејствата и за потребата старите родители и блиските да не останат изолирани едни од други, распоредени по разни страни на територијата на Бугарија.(за ова поблиску види Државен архив на РМ к. 15 п. Од 05. 01. 1925, к. 14 п.вх бр. 1332/24 к. 14 весник Илинден год. IV, Софија, 21 XI 1924 бр.16 и бр. 18 к. 14 п. од 28 Х 1924 год).

Владата на Бугарија донела неколку закони и други подзаконски акти за регулирање на тнр. Бегалско прашање. (Закон за заселване на бежанците и обезпечаване поминка им од 1920 година, Закон за решавање на бегалското прашање, Државен весник бр.92 од 26. VII 1922 година, Законспроект за селскостопанското насанување на бегалците од 1926 година и др).

Според  овие законски прописи, настанувањето  на бегалците се врши во одделни окрузи и околии во Бугарија врз основа на одлуката на министерството за внатрешни работи, со претходна согласност на министерството за земјоделие и државните имоти. Неорганизираноста на владата и локалната администрација да ги прифати бегалците од една страна и од друга страна, тешките парични намети кои се предвидени во користење на заеми, недоволните кредити за изградување на стамбени простори и за вршење било каква стопанска дејност од кои бегалците би обезбедиле исхрана за семејствата, доведувало до голема беда и тешкотии при сместувањата на бројните семејства. (Состојбата на бегалците во Бугарија најверодостојно ја изнесуваат странски делегати на Црвениот Крст, односно разни хуманитарни организации кои оделе во Бугарија,  заинтересирани да го следат животот на бегалците  и начинот на решавањето на нивното сместување и работа. Така на пример, во извештајот на преставникот на Лигата на Црвениот крст во Париз, испратен за помагање на бегалците во Бугарија од својата посета во Петричко каде биле сместени 891 бегалско семејство се констатира дека нашол “голема мизерија”  дека во темни мали соби живееле по 10-12 души и дека имало бројни семејства кои во општо немале куќи и спиеле на отворено со мали деца. Слични искажувања се дадени и во извештајот на преставникот на едно американско благотворно друштво  и др. Дописникот на весникот “Тајмс” од 24 XI1926 година пишува дека долго време неможел да заборави “еден жалосен куп од колиби” со нивните ненахранети маларични жители. И весникот “Минхенер Ноесте Нахрихтен” на 21 Х 1927 година во статијата од својот дописник Курт Трмплер известува дека “изразот живеалиште (се мисли на просториите каде што се сместени бегалците) за тие дупки воопшто не може да се употреби…. Ниедна од тие куќи неможе да се спореди со една штала според нашите сваќања” Најрадикалната оценка за состојбата на македонските бегалци во Бугарија е дадено и во самото Народно собрание во 1926 година. По повод расправата по закон проектот за селското стопанство и настанување на бегалците, пратеникот д-р Владимир Руменов изјавил дека бегалците во Бугарија се без земја, без имот може да се каже умираат по улиците и мегданите, гладни и жедни… Откако констатира дека кон бегалците владата се однесувала како кон воени пленици, Руменов истакнува дека имало случаи кога бегалците се третирале полошо од животни… Овде изнесените наводи преземени се од истражувачките материјали објавени во статијата на д-р.В. Крсте Битовски ).

Во 1927 година бугарското Народно собрание донело нов Закон за населување на бегалците со средства на заем. (Овој заем требало да се доделува од средствата добиени од специјално склучениот заем на бугарската влада во Лондон и Њујорк на 21. ХII1926 година (т.н.р. бегалски заем). Според овој закон бегалците кои добиле облигации од бугарската држава за оставените имоти во Грција биле должни со истите облигации да ја платат вредноста на земјата што ја добиле од бугарската држава. Во оваа вредност била пресметана и вредноста на семето, добитокот, земјоделските алати и куќите вклучувајќи ја и лихвата).

Средства  од заемот можеле да користат оние бегалци  кои ќе се декларираат дека се бугарски поданици, односно дека “примаат засекогаш бугарско поданство”. (Декларацијата дека барателот на заемот од редовите на македонските бегалци “примаат засекогаш бугарско поданство” требало да им послужи на бугарската завојувачка политика, така што бугарската влада да се преставува како исклучив легитимен преставник на Македонците кои остануваат во другите два дела под Грција односно Кралството на СХС. Терминот “засекогаш” создал посебна несигурност кај македонските бегалци и тие пред неизвесноста и пред заканата од глад биле принудени да ја прифатат оваа формулација од декларацијата).

Односот на надлежните државни органи спрема македонските бегалци се гледа и по применувањето на десетдневната времена општинска “трудова повиност”. Инсистирање од страна на органите на власта за исполнување на оваа повиност под закана на изречување на тешки парични казни, ги зголемувале тешките економски и материјални услови на животот на бегалците. При случај на одбивање, тие биле изложени на казнување и со тоа изложени на нови страдања.

Економската експлоатација и на онака осиромашената  бегалска маса добивала разни форми. Посебно се истакнува принудното осигурување на привремено дадени на користење имоти на бегалците. Преку принудно наплатување од страна на банките високи премии, бегалците биле доведувани во се потешки животни услови.

Јонче  Манојлов
Преземено од повеќе литератури за Македонската држава

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top