Фељтон

ПОСТОЕЊЕ И ПРИРОДЕН РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ УСМЕН ЈАЗИК (18)

1rus12

1rus12

Нема сомнение дека денешните словенски јазици се литературни деривати од словенските дијалекти кои постоеле во различни региони, пред да бидат

формирани словенските држави. Сепак, за дијалектите да постојат, мора да имало еден заеднички коренски или мајчин јазик во некоја претходна точка во времето.

Невозможно е да се формираат дијалекти без еден коренски јазик. Исто така, дивергенцијата во јазикот и формирањето дијлекти е директно пропорционално на староста на коренскиот јазик. Колку што се подивергентни дијалектите, толку постар е и коренскиот јазик.

Дивергенцијата во еден јазик може да се припише на два фактора – на пролонгирана изолација и на надворешно влијание. Знаеме дека браќата Кирил и Методиј вовеле ревизија на македонскиот јазик во текот на VIII и IX век по Христа. Исто така, знаеме дека браќата не ги измислиле туку, поправо, ги ажурирале буквите за тие правилно да ја претставуваат природната еволуција на говорниот јазик. Македонскиот усмен јазик отсекогаш постоел и природно се развивал. За жал, поради долготрајното влијание на Римјаните, писмената форма на македонскиот јазик била занемарена. Браќата го ажурирале писмениот дел од македонскиот јазик за да ја искористат неговата природна еволуција и да го задржат да биде фонетски.

Ова е нешто што на англискиот јазик очајнички му треба. Кај еден фонетски јазик, никој никогаш не би имал потреба со години и години да учи како да спелува. За разлика од македонскиот јазик, на кој зборувале сите Македонци низ вековите, атичкиот јазик бил изгубен до точка на изумирање, само за да воскресне и вештачки да биде наметнат како “katharevusa”, односно литературен грчки јазик, во втората половина на XIX век.

1rus123Славјански народ  

Во текот VIII и XI век по Христа, ослободена од римското угнетување, а под позитивното влијание на христијанството, македонската цивилизација цветала и повторно се издигнала до својата поранешна слава. Античките градови-држави, од друга страна, ги изгубиле своите методи и патишта и станале потчинети на Православните (Византијците), а подоцна и на Отоманците, се до XIX век.

Според Теоријата на континуитетот на Марио Алинеи, Словените отсекогаш постоеле онаму каде што тие постојат и денес. Со голема сигурност можам да го тврдам истото за Македонците. Поддржани од Теоријата за континуитет и со неодамнешните независни генетски студии и студиите на ДНК, Македонците се една од најстарите групи народи што постојат на јужниот Балкан. Морам, исто така, да нагласам дека ова ги негира старите верување дека современите Македонци мигрирале кон Балканот во текот на VI, VII и VIII век по Христа, во текот на таканаречените инвазии на Словените.

Ваквите политички мотивирани тврдења се чисти измислици на грчките и западните научници од XIX век фабрикувани да им се овозможи на Грците да полагаат право врз македонската територија. Српските, а подоцна и југословенските власти, продолжиле со таа идеја со цел Јужните Словени да бидат и да останат обединети под слоганот “еден словенски народ, една словенска нација/држава”.

Но, тоа не е вистина. Како што е покажано, Македонците се посебна нација, различна од другите словенски нации и тоа е така барем 3000 години. И Словенците имаат слични тврења дека нивните корени, исто така, може да се протегаат назад до предисториските протословенски Венети.

Постојат докази кои покажуваат “движење на народи” во VI, VII и VIII век по Христа, но тоа не биле инвазии како што ги опишуваат современите научници, туку поточно движења на бегалци кои барале прибежиште. Тактиката на притисок и терор од прототурските и татарските племиња, кои навлегувале од север, го истиснувале автохтониот народ од нивните земјишта, терајќи го се подлабоко и подлабоко во Балканот.

1rus124

Фактот дека има толку многу Македонци кои денес го задржале својот македонски јазик и македонска култура без институционализирана поддршка и преживеале многу угнетувања и многу обиди за асимилација од други нации, покажува дека тие имаат огромна желба и цврста определба да останат Македонци. Она што е вистина денес, веројатно, било вистина и пред три илјади години кога малото македонско кралство повторно закрепнувало од последиците на ужасните војни.

Не се знае кои биле првите племенски кралеви на Македонија и колку наназад се протега нивната лоза. Вообичаената историја го определува раѓањето на Ега (Аргеадската македонска кралска династија /the Argead Macedonian Royal House/) некаде во почетокот на VII век пред Христа, со Пердика I како нејзин прв владетел. (Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990)

Пред Македонците да ја прошират својата територија надвор од планинските региони на Костур/Лерин, нивниот центар бил сместен во Рупиште (Аргос) /Rupishcha (Argos/). Легендата вели дека првиот владетел кој ја основал аргеадската кралска куќа во Аргос бил Каран /Caranus/. Се верува дека тој бил првиот крал кој владеел со македонското кралство од приближно 808 до 778 година пред Христа.

(http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/timeline .html)

Наше убедување е дека Каран воопшто не бил владетел, туку име како стартна точка што го користат Македонците за да го утврдат почетокот на својата кралска лоза. Можеме да извлечеме посоодветно значење за Каран ако го изоставиме латинското “us” за да добиеме Каран /Caran/. Сега, ако Каран го претвориме во неговиот македонски еквивалент ќе добиеме Корен.

Англиското значење на македонскиот збор “корен” е зборот “root” или “beginning”. Со други зборови, се проценува дека лозата на македонската аргеадска кралска династија започнала во приближно 800 година пред Христа. Александар Донски има поинаква интерпретација за  Каран(ус). “Ова име можеби е поврзано со денешната македонска именка “круна”. Името Каранче /Karanche/ е присутно во денешната македонска ономастика.”

На македонското мало кралство му требало околу 200 години да го зголеми своето население пред да биде способно целосно да ги окупира напуштените фригиски територии на Воден кои биле плодни и со бујна вегетација.

Знаеме од Херодот дека Пердика и неговите браќа го преселиле македонскиот центар, но не е даден даутм за тој потег. “Херодот (8.183) напишал дека “[Пердика] дошол во друг дел на Македонија и се населил во близина на градините именувани по Мидас, син на Гордиј… над градината се издига планината наречена Бермион, несовладлива во зима”.” (Стр. 65, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990).

Веруваме дека овој друг дел на Македонија, на кој Херодот се повикува, се наоѓа во близина на сегашниот Воден. Бидејќи биле способни да живеат на планински терен, верувам дека Македонците претпочитале да се симнат до Воден преку подиректна рута преку планините, отколку да ја следат реката Бистра, како што докажуваат некои историчари.

Непотврдено е нашето убедување дека градот Ега бил формиран во близината на Воден во текот на VII век пред Христа и станал втор македонски главен град. Хамонд проценува дека Пердика дошол на престолот во 650 година пред Христа. (Стр. 11, Хамонд, Чудото што беше Македонија).

Освен неколку стории за неговите младешки денови, има малку информации напишани за Пердика и неговите постигнувања како прв крал на Ега. Преведен од Џорџ Роулинсон /George Rawlinson/, еве што Херодот има да каже за Пердика. “Тројца браќа, потомци на Темен /Temenus/, побегнале од Аргос кај Илирциете; Нивните имиња биле Гаун, Аероп и Пердика /Gauanes, Aeropus/.

Од Илирија отишле во Горна Македонија каде стигнале во извесен град наречен Леба /Lebaea/. Потоа се вработиле како слуги кај кралот; едниот се грижел за коњите, другиот чувал крави, додека Пердика, кој бил најмлад, се грижел за поситниот добиток. Во тие рани времиња сиромаштијата не била ограничена само за обичните луѓе; и самите кралеви  биле сиромашни, па така и жената на кралот готвела храна.

Сега, штом ќе печела леб, секогаш забележувала дека парчето леб за работникот Пердика се зголемувало и станувало двапати поголемо. Затоа кралицата, кога увидела дека тоа секогаш се случува, му кажала за тоа на својот маж. Штом тоа дошло до неговите уши, веднаш помислил дека тоа е чудо и насетил нешто што е од големо значење. Затоа пратил да ги викнат тројцата работници и им рекол да си заминат од неговите подрачја. Тие одговориле дека имаат право на својата плата; ако тој им го плати она што им следува, тогаш тие ќе бидат сосема подготвени да си одат.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top