Фељтон

ВОЕНИ ДЕЈСТВИЈА ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА ОКОЛУ ЧЕТИРИ ВЕКА ПРЕД ХРИСТА (23)

1konj1

1konj1

Архелај бил случајно застрелан во тек на еден лов во 399 година пред Христа и умрел од здобиените рани. Неговата прерана смрт предизвикала хаос во аргеадската династија речиси шест години, време по кое Аминта III се појавува на површина како водечка фигура која ќе биде нареден владетел на Македонија. Аминта III бил правнук на Александар I.

Разнишаноста на македонското кралство поради прераното и неочекувано заминување на Архелај, била сигнал за македонските непријатели да го направат својот потег. Само што седнал на престолот во 394 години пред Христа, Аминта имал несогласување со Илирите. Дури од инцидентот помеѓу Пердика II и Архабеј од Линкестија, илирско-македонските непријателства биле во пораст.

Состојбата кулминирала во 394/93 година пред Христа кога една моќна илирска војска ја нападнала и навлегла во Македонија, протерувајќи го Аминта од неговиот престол и надвор од неговото кралство. Само со голема дипломатија, концесии на земја и со помош од Тесалијците, Аминта успеал да ги смири Илирите, што му овозможило да се врати на престолот. Како што се покажало, Илирите ненадејно ја нападнале Македонија поради плен, а не поради политичка добивка, што било вообичаена практика во тие времиња.

Аминта бил задоволен, но неговите непријатели биле премногубројни за да дозволат случајност да ја води неговата судбина, па затоа напорно работел да воспостави сојуз со своите непосредни соседи на југоисток, со градовите на Халкидики.

Договорот, потпишан во очај, изгледа дека бил едностран во корист на халкидиските градови. Но, тој бил неопходен за Аминта, ако Македонија сакала да опстане. Слободни да се послужат со македонската дрвена граѓа и црна смола, халкидиските градови станувале се побогати и посилни, со секоја измината година. Чувствувајќи се непријатно поради тој неправеден сојуз и поради рамномерното зајакнување на илирската моќ, Аминта не бил среќен со Халкидијците и се почувствувал принуден да бара нови сојузници.

1konj12Спартанска војска

Во 386 година пред Христа, тој го направил својот потег и преку својот усвоен син, кој бил оженет со ќерката на еден истакнат тракиски врховен командант, Аминта воспоставил контакт со Тракијците. Претчувствувајќи го Македонско-тракијскиот сојуз, Илирците ја заобиколиле Македонија и тргнале против Епир. Во 385 година пред Христа, Илирите го нападнале Епир, несвесни дека тоа ќе провоцира противнапад на Спартанците. Спарта брзо реагирала и навлегла во регионот. Овој смел чекор бил загрижувачки не само за Македонците, туку и за Тесалијците кои наскоро ќе станат волни партнери на еден Македонско-тесалискиот сојуз.

Откако ги обезбедил своите западни граници, Аминта своето внимание го насочил кон лакомите халкидиски градови. Откако искористиле многу од тој неправеден сојуз, Халкидијците не биле воодушевени да го прекинат истиот. Кога Аминта им се обратил на Спартанците за помош,открил дека тие биле подготвени да станат партнери.

Една здружена спартанска војска, под спартанско водство, била испратена од Спарта и стигнала во близина, во летото 382 година пред Христа. Со мала македонска и тракиска помош, Спартанците ја нападнале Халкидиската лига (Chalcidic League), но, не можеле да ја совладаат. Спартанскиот комадант повикал зајакнување и во 381 година пред Христа нападот бил обновен и до 379 година Халкидискиот сојуз се распаднал.

Атина и нејзините сојузници него одобрувале спартанското присуство на Халкидики, па затоа приближно за една година бил формиран нов и помоќен Анти-спартански сојуз. Доволно паметен за да не биде фатен на страната која губи, Аминта полека се повлекувал од Спартанскиот сојуз и почнал се повеќе да се приближува кон Атина. Новата поврзаност не само што ја зацврстила безбедноста на Македонија, туку, исто така, го вратила стариот и доверлив муштерија за дрвената граѓа и за (црната) смола. За жал, никогаш немало “добра” поврзаност со “јужните соседи” без некоја стапица.

Наскоро по воспоставувањето врски со Македонија, Атина побарала Аминта да ги поддржи нејзините барања за контрола на Амфипол. Тоа изискувало целосен пресврт во македонската долговечна позиција која секогаш била за поддршка на независен Амфипол. Да и’ се даде на Атина контрола врз Амфипол, претставувало катастрофа која чекала да им се приближи на македонските економски и политички интереси.

Оставајќи ги односите во своето кралство нерешени, Аминта III умрел во 370 година пред Христа (веројатно од атентат извршен од неговата поранешна жена?), оставајќи го својот престол на неговиот најстар син Александар II. “Декадата во 360 година го турнало кралството на Македонија во нова династичка криза, интензивирана со континуираните надворешни закани.

1konj13

На почетокот од своето владеење, Александар бил принуден да ги поткупи Илирите, иако е проблематично дали тој, исто така, го предал и својот брат Филип (идниот Филип II) како заложник.” (Стр. 189, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Хамонд верува дека Филип бил илирски заложник пред да им биде предаден на Тебанците. Но, Борза верува дека хронологијата на настаните не го поткрепува тој настан.

Новиот поход на Илирите против Македонија не започнал додека не завршила зимата во 370/69 година пред Христа. “Во текот на една година (368 година, според хронологијата на Хамонд), Филип бил испорачан како заложник на Теба (Thebes). Не е за верување дека принцот Филип бил толку изманевриран (но што е тоа што ги натерало Илирите да се откажат од него?), хронологијата е премногу оскудна, а нашиот најдобар извор за Филип, Диодор /Diodorus/, дава мешани сигнали во врска со илирското заложништво. Грифит /Griffith/ (HM 2: 204 n. 5), исто така, се соменва за Филип во Илирија.” (Стр. 189, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990).

Младиот Александар немал доволно искуство да одржува едно силно и стабилно кралство, или да обезбеди било какви перманентни сојузи. Му била дадена можност во Тесалија, но не можел да ја искористи.

Преживувајќи внатрешни проблеми, феудалните кралски семејства на Тесалија и се обратиле на Македонија за помош. Александар интервенирал, ја окупирал Лариса и на престолот вратил еден од своите поранешни сојузници. Тоа, за жал, го разочарал другиот сојузник кому Александар, исто така, му го ветил престолот. Бидејќи не бил способен да обезбеди мир со дипломатија, Александар продолжил да ја окупира Тесалија со сила. Фракцијата на власт, разочарана од неспособноста на Александар да ја реши таа безизлезна ситуација, се откажала од Александар и им се обратила на Тебанците за помош. Тие прифатиле без двоумење и донеле војска за да го истераат Александар. Не можејќи да им се спротивстави, Александар се повлекол од целата тесалиска територија.

Незадоволен од неговата неспособност да владее, а особено од начинот на кој постапил со Тесалијците, позицијата на Александар како владетел на домашен план била оспорувана и ставена под знак прашање од Птоломеј /Ptolemy/. Бидејќи не бил способен да го реши предизвикот, Александар се согласил да се донесе надворешен арбитер. На барање на Птоломеј, избраниот арбитер бил еден тебански командант, истиот оној кој го протерал Александар од Лариса.

На крај, спорот бил решен во полза на Александар, но не без цена. Заради сигурност дека Александар нема да преземе никакво дејство против своите ривали, или да ги обнови активностите во Thessaly, истакнати членови на неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот најмлад брат Филип II, биле однесени во Теба како заложници. Филип, во тоа време, имал тринаесет години.

Иако го осигурил своето враќање на престолот, Александровите проблеми, за жал, се’ уште не биле завршени. Бил убиен додека учествувал на една прослава. Птоломеј, се разбира, бил осомничен бидејќи со тоа тој најмногу добивал. Александар II умрел во пролетта 367 година пред Христа, а владеењето со Македонија му било оставено на Птоломеј.

Се верува дека една жена, по име Евридика, наводно била вклучена во ковањето заговор за атентатот врз Александар. Во текот на истрагата, било забележано дека пред смртта на Александар, Птоломеј и Евридика тесно соработувале и можеби го планирале отстранувањето на Александар од позицијата. Кога тоа не успеало, тие сковале заговор тој да биде убиен со атентат. 

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave6 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top