Фељтон

ИСЕЛЕНИШТВОТО – ЖИВОТНА ОПРЕДЕЛБА НА ГОЛЕМ БРОЈ МАКЕДОНЦИ (14)

1nord1

1nord1ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Македонското иселеништво е алфа и омега во творештвото на Катин. Се’ што напишал и објавил во неговите книги, патеписи, репортажи, прикази, белешки, е длабоко проникнато со животот и опстанокот на Ма­кедонците во светот. Тие се негова генетска преокупација, која го потврдува фактот дека  е маѓепсан од феноменот на македонската голгота.

Таа е негова опсесија, од која нема да се раздели до крајот на својот живот. Зашто на овој свет дошол да трага по Македонците, по оние вистинските во земјата и во светот и со нив да го споделува и доброто и злото, давајќи с# од себе да го осветли нивниот живот, нивните победи и порази, во сите фази на нивната ци­ви­лизациска битка за одржување во планетарната орбита, како ѕвезда чиј сјај не потемнува.

Четириесет години Славе Николовски – Катин ја следи пре­сел­нич­­ката судбина на Македонците, нивната економска ситуација, кул­тур­ниот престиж, улогата на МПЦ во нивното мотивирање за реализација на бројни програми на медиумски, културно-уметнички, спортски и духовен план. Со фактографски материјали за состојбите на македонските пре­сел­ници во светот, со афинитет да ги овековечи нивните судбини и со умешност и талент од секое пократко или подолго патување да под­гот­ви репортажа, патопис, скица или белешка. Со осет и љубов кон исто­ри­јата на македонското печалбарство, Катин секогаш на секој Македонец му подарува убава литература, низ која ќе ја доживее својата судбина, не само во државата во која се преселил, туку и во својата Татковина.

Еден од добрите познавачи на неговото творештво, професор  д-р Вера Стојчевска – Антиќ, во повеќе прилики по повод промоциите на делата на Катин, ќе истакне: „Да се зборува за македонското иселе­­­ниш­­тво во светот, значи да зборуваме самите за себе, за нашата исто­ри­­­ја, за на­­шата миграција, за нашата историско-општествена состојба во ег­зи­стенцијалниот континуитет. Кога го читаме она што Катин го на­пишал за нашите преселници, тоа значи дека со нескротлив интерес се само­за­по­знаваме.

Зашто тие преселници се наши роднини, оние кои своите ге­нео­лошки гранки ги пресадуваат во некоја далечна земја, за нас позната пре­ку прераскажувањата, а во која, еве, продолжува се­меј­ниот растеж, честопати пренесен од кај Драгорот долж Аризона, од Треска кај Нија­гара, од Преспанското Езеро кај Циришките Езера, или крај бескрај­ни­те океани на Америка и Австралија. 

Чувството за македонското иселеништво е такво зашто наши­те пре­­селници се некогашните комшии со кои растевме и ги формирав­ме на­­виките во маалата во кои живеевме, или тие се нашите сограѓани кои сега ги среќаваме наместо средсело или на плоштадите во Македони­ја, ши­рум светот, крај плажите на Лонг Бич во Лос Анѓелес, во Мајами Бич или сред Лозана и Фрајбург. Во тие моменти јас го наоѓав важниот спој на не­ко­гашниот заеднички живот, макар за еден ден или за неколку часови, кои живот значат“, нагласува Стојчевска – Антиќ и  додава: 

„Дружејќи се со нив, Катин ги запознал постепено и перманентно, со сите нивни прео­ку­пации, судбини, истории. Не може човек да го запознае менталитетот на нашиот преселник, без личните контакти со него, во сообразност со сре­дината што ја одбрал за своја втора земја, по Татковината. Катин имал многу средби со нив, многу изминати денови со нив, како син на вредни преселници“.

Промоторите на книгата „Иселенички хоризонти“ во Штутгарт, Германија, не случајно истакнуваат  дека „Ка­тин како еден од најдобрите познавачи на македонското исе­леништво, со својата богата пишана продукција, со секој свој наслов ги збо­­гатува хо­ризонтите на македонската вистина. Во нив тој ја открива бол­­ната тра­гедија на Македонците, подигната до ниво на една колектив­на национална суд­бина и историска категорија, исполнувајќи ја притоа општествената ми­сија во одржувањето и градењето на врските меѓу ра­се­лените Македон­ци и оние што живеат и создаваат во сопствената сло­бодна и не­за­вис­на држава. 

Сублимирајќи ја судбината на Македонците на Балканот со онаа на раселените, Катин остварува своевидна исто­рис­ка синтеза ко­ја овозможува автентичен поглед на македонската ис­то­рија, создавана низ вековите, низ нивните бу­ни и востанија против број­ните освојувачи. Низ диоптријата на Катин се­кој Македонец ја со­гле­дува големината на просторот на неговата држава, која низ вековите до­живувала трансформации во нејзиното рас­пар­чу­вање, од нејзините со­седи, кои и покрај жилавите напади и освојувања низ вековите, не мо­жеа да ја освојат“.

„Преокупиран со македонската колективна судбина, Катин оста­нува фанатично приврзан кон оваа важна национална тема. Тој ни ја от­­крива нај­болната македонска трагедија, кревајќи ја и возвишувајќи ја на ниво на една колективна национална судбина и историска ка­те­го­рија, испол­ну­вајќи ја, притоа, општествената мисија во одржу­ва­ње­то и градењето на врските меѓу раселените Македонци и оние кои живеат и создаваат во Република Македонија“, истакнуваат промоторите на делото на Катин „Исе­­ле­нички хо­ризонти“, додавајќи дека егејскиот, односно бе­ло­мор­скиот, пи­­рин­ски­от и преспанскиот дел  во Албанија, Катин ги оживува со цврста историска до­ку­мен­ти­ра­ност и која потпира на потребната фактографска аргументираност, што на неговите дела на оваа тема им дава и еден мошне значаен исто­рио­граф­­ски белег”. 

1nord12Свети Климент и св. Пантелејмон во Охрид

Катин е автор кој најимпресивно ги доловува талкањата на ма­ке­донските економски емигранти по светот, односно нивното ра­се­лу­вање, па и современото отселување, а низ тоа и нашето разма­ке­дон­чу­вање, на­шата најболна рана, која за жал и денес не стивнува. По­ми­ну­­вајќи од судбина до судбина, секоја различна по својот скитнички знак, Катин ефектно го прикажува духот и психата на тие несреќни луѓе, кои се’ уште не можат да ја прифатат својата судбина.

Потврдувајќи се како автор со вистински афинитет кон оваа тема, Катин е нејзин верен и смел ис­тра­жу­­­вач, нејзин страствен опсерватор и протагонист, нејзин очевидец и ело­квентен сведок. Неговите текстови не само што ги опишуваат сред­бите и настаните, туку предизвикуваат љубов и верност кон Татковина­та, а низ нив се сублимира и авторовата визија за маке­дон­ството. Токму поради тоа, делата на Катин имаат и историски аспекти, хуманистички пораки, ин­тимни исповеди, патриотски мечти, но и психо­лош­ки и соци­јални еле­менти. А најдрагоценото што го нудат, е сознанието де­ка сето тоа треба да се види со сопствени очи и да се доживее лично. Зашто тој, без предра­суди и хипотеки, едноставно и уверливо, доку­мен­тирано и емо­тивно, ја прикажува трагедијата и предизвиците на ма­кедонските иселеници, како своевиден водич на историската вистина и на маке­дон­ските судбини низ светот.

Делата на Катин за кои ќе стане збор во оваа монографија, прет­ста­­вуваат илустративен пример за современиот миг на македонскиот држа­вен и политички однос кон нашите иселеници и нивните културни, цр­­ков­ни и спортски друштва и клубови. Однос што отвора нови можнос­ти, содржини и перспективи за градење поблиски односи и врски со македонското иселеништво, по примерот на Италија, Грција, Полска и Хр­ватска. Колку ќе се успее во тоа, ќе покаже иднината.

Зашто во ми­на­тото миграциони процеси во Македонија се одвивале паралелно со актуелните настани на Балканот, кога македонскиот народ влегувал во разни фази на туѓи влијанија. Во ситуациите кога запаѓал во нови зависни состојби, неговата економска состојба се влошувала. Не е случајно што македонскиот печалбарски бран започнал многу одамна. Крајот на XIX век регистрира поголеми македонски преселнички групи, особено од Би­толско, Леринско и Преспа, во САД, а по Првата светска војна и во Ав­стра­лија.

По Илинденското востание печалбарството се засилило, а про­­дол­жило и по Балканските и Првата светска војна. Иселувањето про­дол­­жило и меѓу двете светски војни, а особено по Втората светска војна, кога била поразена Демократската армија на Грција, во Граѓанска­та војна, на чија страна учествувале Македонците од егејскиот дел на Македонија, на­девајќи се на дефинитивно стекнување со национални и социјални права. Наместо тоа, доаѓа до масовни преселби, особено од Ле­ринско-ко­­стурскиот крај. Во фокусот на Катин се и други специ­фич­ни периоди, кои довеле до преселби во други земји, а особено во САД и Канада.

Во обединувачкиот чин на Македонците во дијаспорта, посебно место и улога има Македонската православна црква, чие делување кон­тинуирано го следи перото на Катин. По обновувањето на Охридската ар­хиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив и во прекуокеанските и ев­роп­ските држави.

До крајот на Народно-ослободителната војна Ма­ке­донците во дијаспората се приклучувале кон други православни цркви, вршејќи ги православните обреди не на македонски јазик и не во свои цркви. Првата инцијатива за МПЦ се роди во Мелбурн, Австралија во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ е првата МПЦ освете­на од ма­­кедонски владика. Веќе во 1962 година е поставен камен-те­мел­­ник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана, а во 1964 го­­­дина на црк­вата „Свети Климент Охридски“ во Торонто. 

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top