Фељтон

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО КАНАДА (29)

1manas1

1manas1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонските православни црковни општини  во  Канада се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија и Мала Преспа. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука. Еден од таквите центри е Св. Недела во Пикеринг

4. Св. Недела во Пикеринг. 

Почетните активности за формирање на оваа црковна македонска православна општина започнале во март 1993 година, а на 23 април истата година било свикано првото генерално собрание на приврзениците и почитувачите на новата црковна општина. 

Од повеќето имиња што ги одбрал народот со ждрепка архимандритот Никодин Царкњас го извлекол ливчето со името на Св. Недела. А камен-темелникот на црквата го поставиле архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 17 септември 2000 година. Новиот храм, во кој е насликан олтарот и другите делови бил осветен на 8 септември 2002 година. Во него се активни: женската секција која организира пикници и други собирања и бинго секцијата.

5. Св. Наум Охридски во Хамилтон.

Бидејќи на источниот дел на езерото Онтарио, во Торонто веќе постоела црквата Св. Климент Охридски, што потсетувала на Св. Климент во Охрид, било одлучено црквата во Хамилтон да го носи името на Св. Наум Охридски, на другиот голем просветител и да потсетува на Св. Наум во Охрид. Иницијатор за формирање на оваа црковна општина биле членовите на националната организација “Обединети Македонци” – гранка Хамилтон. Пред конституирањето на црквата во Хамилтон постоел фудбалски тим “Обединети Македонци” кој подоцна го променил името во “Македонија”, а потоа и во “Илинден”.

Членовите на овој клуб формирале иницијативен одбор за организирање на црковната општина. Така, на 24 февруари 1970 година управата успеала да го регистрира овој духовен и културен центар пред канадските власти. Потоа, на 9 мај 1971 година, во присуство на голем број Македонци од Канада и САД, црквата Св. Наум Охридски била осветена од тогашниот дебарско-кически митрополит Методи. Во рамките на црковната општина уште во 1973 година започнало со работа неделното училиште на македонски јазик.

Потоа, започнало емитување на македонска радио програма како дел од мултикултурната информативна дејност, а во 1978 година за прв пат се слушнал македонскиот збор и на мултикултурната телевизиска програма. Исто така, во состав на црквата работела играорната група “Илинден”, а денес се активни: женската и спортската секција.

Црквата Св. Наум Охридски денес е нов објект кој е поголем и со подобри услови за бројни активности. Оваа црковна општина го одбележила своето 30-годишно постоење на 26 октомври 2001 година, кога и се одржал голем сенароден банкет. Исто така, големо внимание беше посветено на 40-годишнината на црковното живеењево 2011 година

1manas12Црквата „Свети Никола“ во Виндзор

6. Св. Никола во Виндзор. 

Иницијативата за формирање на македонска црковна општина била покрената во 1969 година, кога била обслужена првата богослужба на македонски јазик за Македонците од Виндзор и Детроид. Потоа, бил купен плац од 6 хектари и црквата била регистрирана од канадските власти. Во 1979 година била завршена изградбата на црквата, а на 12 август истата година била осветена.

Меѓутоа, во 1980 година под непознати околности во пожар црквата изгорела, бил уништен голем дел од храмот. Затоа, македонските дозеленици во Виндзор изградиле нова црква и голема сала која е помогната од канадските власти и собира над 600-тини посетители. Во состав на црковната општина работи познатата играорна група “Ѓердан”, која е формирана во 1980 година, потоа женската секција, неделното училиште на македонски јазик, црковниот хор, како и групата “Серенада” која ги негува убавите македонски песни.

7. Св. Мала Богородица во Кембриџ. 

Оваа македонска православна црковна општина е формирана на 27 јули 1987 година кога и е формирано “Македонското друштво”.  Потоа, во 1994 година била купена готова Копска православна црква која има сала за мали црковни обреди, за свечености, училници, библиотека, крштелна сала и други дополнителни простории. Во септември 1994 година била одржана првата богослужба на македонски јазик што ја обслужил поглаварот Михаил, заедно со митрополитот Кирил. Осветувањето на оваа црква било извршено на 19 септември 1996 година, а чинот го извршил поглаварот на МПЦ Михаил.

Во состав на црквата со успех работи женската секција, фолклорната група и неделното училиште.

8. Новоформирани црковни општини. 

Одбори за изградба на цркви и манастири во Канада се следните:  Манастирот Св. Илија. Иницијативата за формирање на манастир што ќе го носи името Св. Илија постои од многу одамна кај членовите на “Обединетите Македонци”. Овој македонски храм треба да се гради на местото сопственост на националната организација “Обединети Македонци” која редовно организира собирање за празникот Коледе; Св. Никола во Јунионвил.  Иницијативата за оваа македонска православна црква била од пред неколку години. Денес црквата има одбор и свештено лице, кои се грижат за организираното живеење на Македонците од тој дел на метрополата Торонто.

в) Св. Атанасиј во Монтреал. Иницијатива за формирање намакедонска православна црква во Монтреал, во провинцијата Квебек датира од 2001 година, кога е формиран иницијативен одбор.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top