Фељтон

Кои биле древните Македонци? (4)

Древните Македонци се вистинските древни предци на денешната македонска нација. Историските податоци, но и обичната логика, јасно укажуваат дека древните Македонци целосно ја внеле својата крв и култура во денешната маке-донска нација. Древните народи не исчезнувале од лицето на земјата и не испарувале во воздух (освен доколку не постојат податоци за нивно масовно иселување и сл.). Древните народи во најголем дел ја внесувале својата крв и култура во посовремените етникуми што се појавувале на нивната територија. Ова денес е прифатено од речиси сите историографии во светот. Таков е случајот и со балканските историографии. Така, на пример, современата албанска историографија тврди дека денешните Албанци во најголема мера се потомци на древните Илири, т.е. на древниот народ, што во минатото живеел на територијата на денешна Албанија. Бугарската историографија сосема оправдано ги смета Тракијците како составен етно-културен сегмент од денешната бугарска нација. Да потсетиме дека Тракијците биле древен народ кој главно живеел на територијата на денешна Бугарија. И грчката историографија смета дека денешните Грци се директни потомци на древните Хелени, т.е. на народот што во антиката живеел на територијата на денешна Грција (иако ќе наведиме податоци дека не е сосема така). Според ова, токму древните Македонци се древните предци на денешната македонска нација.

Но, поради извесни познати дневно-политички причини, до не така одамна, во Република Македонија (додека се наоѓаше во рамките на Југославија) беше оневозможувано да се истражуваат етно-културните врски помеѓу древните Македонци и денешните Македонци (со исклучок на поедини инцидентни случави). Македонската и југословенската официјална историографија за време на комунизмот (а, по инерција, и подоцна) исклучиво ја форсираше теоријата според која денешните Македонци се ‘чисти Словени’ со ‘прататковина’ од заткарпатските мочуришта.

Во овој наслов ќе објасниме кои биле древните Македонци, а потоа ќе направиме краток осврт кон етно-културното наследство што древните Македонци го внеле во денешната македонска нација, чии припадници се нивни директни потомци. Па, да почнеме по ред.

Вистината дека древните Македонци не биле никакви Грци денес с# поприфатена во светската наука, наспроти жестоките напори на грчката историографија и пропаганда да го докаже спротивното. Во пошироката јавност во светот е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот ‘грчки карактер’ на древните Македонци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.

Познатиот американски историчар д-р Јуџин Борза, (Eugene Borza) кој денес се смета за еден од најголемите авторитети во светот во однос на историјата на древна Македонија и чие име се среќава во голем број енциклопедии (во поглавијата за древна Македонија), како и во голем број американски документарни емисии посветени на оваа тема, во својата извонредна книга ‘Во сенките на Олимп – појавата на Македонците’ (In the Shadow of Olympus, The Emergence of Macedon, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990) – книга, која поради својата објективност во презентирањето на аргументацијата, најтопло препорачуваме да ја набават сите заинтересирани за оваа тематика – прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на древните Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај древните Македонци.

Д-р Борза смета дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древни јунак ‘обединител’, на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков ‘обединител’ тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги ‘обединил’ Грците.

Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како ‘обединител на Грците’ германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како ‘обединители’) на грчките градови-држави, нарекувајќи ги ‘барбари’ и ‘тирани’. Веќе ја спомнавме неговата изјава во која тој Филип Втори го квалификувал како ‘барбарин’ од Македонија, а давал и други вакви изјави.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top