Фељтон

НАДЛЕЖНИ АРХИЕРЕИ НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКО-МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА (31)

1kan14

1brk1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Американско-канадската епархија се раководи од својот Статут. Тој е донесен на редовната седница на Епархиското собрание, одржана на 1 септември 1995 година, согласно Уставот на МПЦ. Статутот е одобрен и потврден од Американскиот црковно-народен собор во президијален состав, на седницата од 15 декември 1995 година, со Одлука бр. 1/95. Во Статутот се предвидени сите обврски и права на Епархијата, на нејзиното членство и на управните структури на Епархијата.

Митрополитот Кирил, чие свештено име му е Никола Поповски е прв надлежен архиереј на новоформираната Американско-канадско-австралиската епархија  од  1967 до 1985 година. Тој е роден  на 23.6.1934 година во с. Царев Двор (Преспанско). Основното образование го завршува во своето родно село, а Богославијата во Призрен. Во 1964 година се замонашува во манастирот “Света Пречиста” кај Кичево. Извесно време работи како службеник во Македонската архиепископија, по што во 1965 година се запишува на студии на Московската духовна академија, каде по двегодишно студирање е повикан да се врти во татковината, па во 1967 година, непосредно пред возобновувањето на автокефалноста, е хиротонисан за архиереј Тивериополски. Целосно теолошките студии ги завршува на Богославскиот факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје.

По возобновувањето на автокефалноста е поставен за надлежен архиереј на Американско-канадската епархија, со која раководи до 1985 година. Во 1971 година е формирана Полошко-кумановската епархија и е назначен за нејзин прв администратор, а подоцна и за нејзин митрополит, на која функција се наоѓа и денес.

Втор надлежен архиереј на оваа епархија , кој беше кус период по 1985 година, е владиката г. Стефан, чие мирјанско име му е Стојан Велјановски кој денес е поглавар на Македонската православна црква. Тој е роден на 1 мај 1955 година во с. Добрушево (Битолско). Основно училиште завршува во родното место, а потоа во 1969 година се запишува на Македонската православна богославија “Свети Климент Охридски” во Драчево, Скопје која ја завршува во 1974 година. Веднаш се запишува на Белградскиот православен факултет.

По дипломирањето во 1979 година, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква го поставува за професор во Богословијата во Скопје. Во 1980 година е испратен на постдипломски студии на Екуменско-патролошкиот институт “Свети Николај” во Бари, Италија. По враќањето од Италија е поставен за предавач на Богословскиот факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје по предметите Свето писмо на Стариот завет и патрологија, на која должност е избран за архиереј. Замоштен е на 3.7.1986 година, во манастирот “Свети Наум Охридски Чудотворец” во Охрид.

Хиротонисан е за митрополит Злетовско-струмички, (односно Брегалнички) на 12.7.1986 година во храмот “Свети Димитриј” во Скопје.  Потоа, на 9 и 10 октомври 1999 година е избран и востоличен за петти по ред Архиепископ охридски и македонски. Митрополитот Стефан како архиепископ на МПЦ и денес е надлежен архиереј на Американско-канадската епархија.

Извесен период архиереј на оваа Епархија беа избрани по функција  поглаварите на МПЦ г. Доситеј, г. Ангелариј, г. Гаврил и г. Михаил.

Архиепископот Доситеј е првиот архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската првославна црква, кој во архиерејскиот трон на свети Климента Охридски беше востоличен во октомври 1958 година. За време на своето 23-годишно архиепископствување од 1958 до 1981 година, тој мудро, чесно и саможртвено ја раководеше  Црквата. Тогаш од темел беше возобновена Црквата, обновувајќи ги сите нејзини витални органи – епископатот, свештенството, епархиите, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието, просветатаи воопшто името и делото на христијанството И на МПЦ.

Архиепископот Ангелариј застана на Светиклиментовиот трон од 1981 до 1986 година. Тој во своето петгодишно архиепископствување, со силна волја и со поголеми надежи ја доизградуваше македонската православна вистина. Длабоко веруваше во единството на православието, во кое Црквата што ја раководеше ја гледаше само како уште една ѕвезда во ѓерданот на православните цркви. Раководен од тие длабоко христијански пориви, со несмален самопрегор го афирмираше делото на нашата света Црква, како достојна меѓу достојните цркви, и по дух и живот.

Архиепископот Гаврил, пак, започна со подготвувањето за издавање на Новиот завет во далечната 1949 година. Тој скоро сиот свој живот го помина, вложувајќи ги своите знаења и сили во просветителското дело на Република Македонија како државен чиновник, но никогаш не беше далеку од Црквата, туку беше близок соработник на архиереите и на црковните служби. Започнатите проекти од архиепископот Доситеј – изградба на Светиклиментовиот храм во Скопје и издавањето на Библијата на македонски литературен јазик, ќе останат како брилијанти и на неговата архиепископска круна,. Меѓутоа, неговата старот и кревко здравје беа претешко бреме, па тој се повлече од тронот во 1993, а  починаво 1995 година

Архиепископот Михаил за поглавар на Македонската првославна црква беше избран на 4 декември 1993 година. Архиепископот Михаил беше жива содржина во најновата историја на македонскиот народ и на светата Црква. Бремето на архиепископското достоинство врз себе ќе го прими со одважност на црковник, кој сиот свој дотогашен живот го посвети на богослужението, а за спасение на своите духовни чеда. Архиепископот Михаил беше и долгогодишен професор и декан на Православниот богословски факултет во Скопје.

За време на неговото архиепископствување се направија потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во дијаспората и други црковни закони и правни норми. Во негов период се збогати издавачката дејност во Македонската православна црква и беа отпечатени богослужбени изданија и повеќе книги со богословска содржина, преводи и оригинални творби. Особено ќе остане запаметено неговото време по прекрасните беседи на даровитиот црковен оратор и мудар старец, кој со својата силна желба да биде што поприсутен меѓу својот народ, постојано беше во движење.

Тој беше ревносен богослужител, пријатен соговорник и човек со израз на внимание кон секого. Неговото присуство во електронските и печатените медиуми во Македонија и во странство направи Црквата да излезе од тесните рамки И придонесе за афирмација на Македонската православна црква. Почина на 6 јули 1999 година, на 87-годишна возраст.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top