Фељтон

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА И ТУРЦИЈА (34)

1park1

1park1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

VII. ХРВАТСКА

Во Хрватска постои македонска заедница во која се вклучени друштвата: “Илинден” од Риека, “Македонија” од Сплит и “Браќа Миладинови” од Осиек. Заедницата на Македонците била формирана во 1992 година во Загреб, а на 24 мај 1993 година на денот на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Католичката црква во Загреб била одржана богослужба на македонски јазик, а со тоа започнаа да се формираат црковни општини во Хрватска. 

1. “Св. Злата Мегленска” во Загреб 

Оваа Црковна општина е прва во Република Хрватска и прва што го носи името на маченицата  Св. Злата Мегленска од Егејска Македонија. Таа претставува значајна форма на духовното единство на Македонците во Хрватска и пошироко.  Црквата е формирана на 7 декември 1993 година на големиот собир на Македонците што се одржал во загребскиот музеј “Мимара”.  Оттогаш богослужбите се одржуваат во Католичката катедрална црква “Св.Роко” што е изградена пред околу 300 години и им е дадена на Македонците за бесплатно користење.

Црковната општина во Загреб има воспоставено тесни врски со другите верски заедници во Република Хрватска. Таа редовно организира македонски христијански вечери за денот на браќата Свети Кирил и Методиј, како и за одбележувањето на патрониот празник на Св. Злата Мегленска.

2. “Св. Наум Охридски” во Сплит

На 30 јуни 1994 година во Сплит е формирано друштвото на Македонците и пријателите “Македонија”. Во исто време кај Македонците во Сплит се појави желба и потреба за задоволување на духовниот живот. Затоа на 1 и 2 октомври 1994 година се формира Македонската православна црковна општина “Св. Наум Охридски Чудотворец”. Оваа Црковна општина е прва во Сплит и Далмација, а втора во Република Хрватска. Прва богослужба на македонски јазик во Сплит се одржа на 2 октомври 1994 година во една католичка црква во Сплит.

3. “Св. Јован Осоговски” во Пула 

Иницијатива за формирање на македонски православен храм во Пула се јави во 1996 година кога македонски свештеник отслужи богослужба на македонски јазик во една католичка црква. Оваа Црковна општина е организирана од членовите на Македонското културно-уметничко друштво “Кочо Рацин”, кое многу години е средиште на голем број активности.

VIII. СЛОВЕНИЈА

Словенија е втората поранешна југословенска Република во која Макеонската православна црква е регистрирана кај државните органи како посебна верска заедница. Македонците во Словенија се организирани во поголем број културно-уметнички друштва и други асоцијации во Љубљана, Крањ, Марибор и Копар. Исто така, тие се организирани во Македонската православна црковна општина во за Крањ и Љубљана.

1. “Св. Климент Охридски” во Љубљана

Своето културно богатство Македонците во Словенија го негуваат во повеќе македонски друштва и асоцијации, а една од најмасовните е Македонското културно друштво “Македонија”, потоа  македонското училиште кое дејствува во Крањ, Љубљана, Копар и Марибор. Македонската православна црковна општина од Крањ и Љубљана е прва во Република Словенија.

Таа е дел од фамилијата црковни општини на Европската епархија. Црквата е формирана на 12 март 1994 година под името “Св. Климент Охридски” со седиште во Крањ. Неа ја формирал покојниот архиепископ господин Михаил и ја регистрирана кај властите на Република Словенија.

Со осамостојувањето на Република Македонија во независна и суверена држава, како и со паѓањето на Енверовиот режим се создадоа поволни услови за поголемо поврзување на Македонците, пред с#, во Албанија и во други соседни земји. Така, во Албанија се обновени и реновирани православните цркви на Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и во други градови и села каде живее македонско население.

Исто така, е извршено масовно покрстување на македонското христијанско население, а се формирани асоцијации на Македонците – христијани и на Македонците – муслимани кои претежно живеат во Преспа, Корча, Голо Брдо, Тирана и други места во Албанија.

Во поголем број места со македонско население во Албанија, особено во Мала Преспа, Македонската православна црква игра важна улога во севкупното живеење. Така, на голем број верски објекти се извршени реконструкции, поправки и доградби. Овие цркви се осветени од македонскиот митрополит Петар и во нив се одвива богат црковен живот. Меѓу нив се следните цркви: “Св. Василиј” во село Леска, “Св. Ѓорѓи” во Долна Горица, “Св. Ѓорѓи” во Глобочани, “Св. Марена” во Туминец, “Св.Нестор и “Св.Ѓорѓи” во Врбник, “Св. Архангел” во Пустец, како и црквите во селата Церје, Зрновско и Шулин.

Исто така, се формирани и македонски православни црковни општини во следните земји: “Св. Стефан” во Холандија, “Св. Архангел Михаил” во Лондон – Англија, “Св. Јован Крстител” во Торино – Италија, “Св. Наум Охридски” во Кеиптаун во Јужно-африканската Република. Потоа во Грција во 2001 година започна да се гради Македонската православна црква “Св. Злата Мегленска” во селото С’ботско, Воденско, од каде архимандритот Никодим Царкњас, кој е градител – ктитор. Изградбата на Црквата е подржана од голем број доселеници во прекуокеанските земји кои се по потекло од Егејска Македонија.

Исто така, и во Бугарија се прават напори да се изградат нови цркви на Македонците од Пиринска Македонија, а кои би биле под јуриздикција на Македонската православна црква. Слични обиди се прават и во Војводина каде живеат голем број Македонци.

Ваквите намери и долгогодишни желби на Македонците во соседните земји на Македонија се очекува да се реализираат во времето на покренувањето на новите демократски процеси кои се пренесуваат од земјите на Европската унија. Со тоа ќе се реши една неправда нанесена од сестринските православни цркви кон македонскиот народ и Македонската православна црква.

IXI. ТУРЦИЈА 

1park12”Св. Стефан” во Истанбул 

Се смета дека  околу 200 семејства кои повеќе од пет генерации се наоѓаат, главно, во Истанбул и кои се со православна вероисповест. Верската одредба е една од главните компоненти што ги одвоила од средината во која живеат и ги одржала како компактна етничка група с# до денес.  Исто така, според некои неофицијални податоци живеат околу 200 000 етнички Турци од Македонија. Меѓутоа, според некои неофицијални податоци денес во Турција има околу милион етнички Турци од Македонија и Македонци муслимани.

Верската активност што словенското население, а меѓу него и населението од Македонија се вршело во Цариград била пресудна за Македонците доселеници да го добијат атрибутот Бугари и до денес да го носат тоа име. Тоа било време кога словенското население, заради заедничките интереси за одвојување од Грчката православна црква и создавање самостојна словенска црква се зближило со надеж за успешно остварување на целта. Така, во Истанбул Македонците црквувале во Црквата “Св. Стефан”.

1.”Св. Стефан” во Истанбул 

Оваа е единствена православна црква во Европа позната како “Железна црква”, која е под јуриздикција под бугарската патријаршија. Таа е изградена повеќе со пари и донации на Македонци во Истанбул. Тие започнале да ја градат 1849 година. Првиот објект бил од дрва и бил опожарен неколку пати. Затоа, верниците, меѓу кои најбројни биле оние од егејскиот дел на Македонија, во 1891 година нарачале железна црква во Виена, која подоцна бродски била пренесена и монтирана на местото на старата црква.  Црквата била осветена во 1898 година од егзархиски владика и до денес во неа служат исклучиво свештени лица од Бугарската православна црква. Оваа значајна и живописна црква со бројни икони и орнаменти ја посетуваат околу 1.500 православни христијани, меѓу кои најбројни се Грците и Македонците.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top