Фељтон

ГОЛЕМА ЉУБОВ, ПОЧИТ И КОПНЕЖ ЗА РОДНАТА ЕЈГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (10)

1del1

1del1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Овој пат ќе поместиме интересни продолќенија

            39. “Глас на егејските Македонци” (1986-1987). Весникое се појави во мај 1986 година, на 4 страници на формат 29 х 42 см., како орган на Движењето за човечки и национални права за Македонците во Егејска Македонија.           

Во првата година се отпечатени три броја, а четвртиот број се појави во втората година во јануари 1987 година, на ист формат и со слична содржина. Бројот 5, пак, излење во август 1987 година, чие клише на главата е модофицирано.  Имено, најпрво името на весникот е дадено на англиски јазик, а потоа на македонски. Од лево е амблемот на ЦОК за МЧП, а од десно знаме од античко време со 16 краци. Весникот е печатен на 8 страници на формат 29 х 41 см.           

Бројот 6, пак, се чини е последен, е отпечатен  во декември 1987 година, на 8 страници и на ист формат како претходниот.

            40. “Наш свет” (1986-1987).  Гласилото “Наш свет” започна да се печати во септември 1986 година како орган на Македонската обединета општина на Западна Австралија (инкорпорација).  Првиот број од “Наш свет” содржи 28 страници на формат 19 х 29 см. Се печатеше на литературен македонски јазик со кирилица, а имаше текстови и на англиски јазик, како и материјали преземени од весници и списанија што се издаваа во Република Македонија, кои се однесуваат на историското и културното минато на македонскиот народ и Македонија.

Вториот број од “Наш свет” се појави во октомври 1986 година на ист формат, на 26 страници, со поиздржана содржина и е подобро технички уреден.  Бројот 4 на “Наш свет” е отпечатен во 1987 година, ;со нов формат 35 х 25 см. што се применуваше и кај идните броеви. Од четвртиот број квалитетот на публикацијата се подобри и по форма и по содржина.  Бројот 5 од 1987 година е посветен на 84-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, кој во својата рана младост го даде животот борејќи се за слободна Македонија, а бројот шест од 1987 година е на Илинден, најголемиот и најзначајниот светол ден на македонскиот народ.

Од бројот 7 од октомври 1987 година весникот “Наш свет” го смени името во “Македонска мисла”.

            41. “Македонска мисла” (1987 – 1989). Од бројот седум од 1987 година весникот “Наш свет” го мени името во “Македонска мисла”, но и понатаму остана орган на Македонската обединета општина. Тој е на ист формат како и претходните броеви на “Наш свет” (35 х 25 см.) но на 24 страници. Бројот седум на публикацијата, сега со ново име “Македонска мисла”, е посветен на 11 Октомври.  

Во 1988 година е отпечатен само еден број на “Македонска мисла” посветен на 85-годишнината од Илинденското востание и формирањето на Крушевската република, како и на 44-годишнината од создавањето на македонската држава.

Во 1989 година е отпечатен исто така само еден број со ист формат како и претходните броеви, на 28 страници. Овој број десетти по ред донесува материјали за изградбата на Центарот, за Македонската православна црква, за Гоце Делчев, односно за 76-годишнината од неговата смрт, како и за посетите на општината.  Од 1989 година не е отпечатен друг број, но се прават напори во обединетата општина ова значајно гласило повторно да излегува.

             42. “Стирлинг Македонија” (1987).  Ова издание е печатено од Фудбалскиот клуб Стирлинг-Македонија” од Западна Австралија. Публикацијата е издадена на англиски јазик, на 80 страници, на формат 22 х 27 см. Таа е отпечатена по повод 29-годишнината од постоењето на Фудбалскиот клиб “Стирлинг Македонија” (1958-1987).

             43. “Монографија” (1988).  Билтенот “Монографија” е орган на Македонската православна црква за Делајд и Јужна Австралија во чиј состав работи Македонската православна црква “Свети Наум Охридски”. Тој излезе на 29 мај 1988 година по повод свеченото отворање на Македонскиот културен центар во Аделајд. Во редакцискиот одбор на Билтенот се Јордан Тасев и Мајкл Радин, а го отпечати Тоде Велјановски, на 8 страници формат 21 х 29 см., на англиски и македонски јазик.

Во продолжение, на македонски јазик на две страници е поместен животопис за “Свети Кирил и Методиј” од нивното раѓање до смртта. Исто така, на македонски јазик е објавен текст посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Текстови се објавени по повод отворањето на Македонскиот културен центар на свечениот ден на светите браќа – просветителите Кирил и Методиј”.

          44. “Македонски патриотски билтен” (1989 – ).  Ова е прво информативно гласило од ваков вид што се печати во Австралија, а и воопшто меѓу иселеништвото во кое се презентирани голем број текстови што се однесуваат на човечките права на Македонците. Билтенот е орган на Организацијата за македонските човечки права во Западна Австралија. Печатен е во вид на списание на 24 страници на формат  21 х 29 см. на македонски и на англиски јазик, со кирилица и латиница. Билтенот се појави во јули 1989 година.

Во продолжение на првиот број од “Македонски патриотски билтен”, на англиски јазик е даден текст што се однесува на улогата на Комитетот за македонски човечки права од Перт, Западна Австралија, Извештајот на Делегацијата за човекови права на Македонците од Стразбур и Женева од 5 јуни 1989 година и од весникот “Австралиско-македонски неделник” е пренесен текстот под наслов “Македонците создаваат историја во Европа”, а кој се однесува за учеството на делегацијата на човечки права на Македонците од Солун.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top